Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Место да се фалиш можеше да пишиш еден мал извештај,пред се ѓупчето не интересира како избрани :D

Ќе пишев ама не ги знам играчите. Оставав да пиши некој шо ги знај за да не напрајме некоја збунка.
Какво ѓупче бе, цел ѓуптин е онај :D . Бранеше цело второ полувреме, имаше негде 6-7 одбрани од кои еден пенал. Некако слабо ги движи нозете, а убо се поставува. Имаше една интересна ситуација, топката застана на горната шипка од голот шо ја држи мрежата и овај почна да ја бара во голот, зад гол, над гол, никако да ја види кај е застаната. Му викаја сите, ама јбг не разбира македонски :icon_mrgr:
Тој со косите и 15ката( :LOL: )ги решија. Топ во раката 15ката. Дрогишки добар, Чурлевски малку играше, крилата си ги искористија шансите и мислам дека само 2-3 промашвања имаше од крило. Папата најдобар е ко ќе е најмалку користен, како денес :). Тој 3ката (мислам Игнов беше) едвај се движеше :confused:. Дали има некоја повреда или таков е незнам.
Штета шо на вакви утакмици не му дават шанса на резервите (децата од Пелистер). Сега ако не ги пикнат и не ги напрат играчи, незнам кога.

То е то, остана уште еднаш да се пофалам дека бев на утакмица :P
 
Ако ги видевте клипчињата за црнчето пред повеќе години ќе забележите дека и сепак не е лош голман туку и напротив, експерт за бранење контри. Изгледа не играл бааги време или бил повреден или работел на плантажа:pos: како и да е сега е бааги буцко али се гледа дека има потенцијал. Ако се поработи на него и ќе го биди нешто. Зато НЕ НИ ТРЕБА ГОЛМАН ЗАСЕГА!!
И јас ја гледав утакмицата. Ок, Охрид не е некое мерило за квалитет. Имаја гостински навивачи 50 тина со песни и иконографија Copy Paste Чкембари, добро е кога некој учи и од нас:vozbud: а не само гробари да се следат:eek:
Ме бендиса шо има бааги млади деца во тимот, наши не странци, и ако се поработи со добар тренер, како Маковеј на времето, но се разбира Кире да биди помошник оти ги познава појкето, ме бендиса чоеко на секоја нивна грешка му кажваше како да ја попрат а не да седи и да вика само.....
Да се поработи на физичка кондиција, теретани и техничко - тактички варијанти мислам можи од екипава да биди нешто.
Утре и да се земи цела легија на странци ова ке биди состав на кој секогаш можиш да се потприш, а за две три сезонинекој од децата ако правилно се насочат ке прат парче - Дрогата, Оса. Штета шо ни замина Ангелески во Струмица.

Има уште време. Само да се средиме па белким ке тргни.
 
Мора ПОД ИТНО да се земи десен бек!
Немаме левак во екипата бе :eek: Нема кој да игра десен бек...
Сосила на десен бек го форсира Дрогата :facepalm: Сега детето си играше цело време лев бек, ајде сега донесоја неколку играчи и оди ти десно :tapp: тотално изгубен е на та позиција Дрогата, не ни шутираше од таму 5 удари дали имаше цел меч..
Цело време се играше на Славиша и Оса, Оса е ТОП ги отепа 8 гола сигурно даде, овај Славиша играч со мозок многу добри додавања во право време, поќе за асистенци го бива иако и тој даде 4-5 гола, онај Печеновски (Печенковски) како и да е :D и тој исто изигра солидно, не е нешто нај нај, ама моментално кога во лигата ги нема Вардар и Металург за со овие боси екипи е арен, Чурлето треба поќе минутажа да добива многу на клупа го чува Поповски, сепак таков играч со голем потенцијал треба поќе да биди на паркет. Двата голмани солидни ни беа првото бранеше Менде, а второто Нкангуа...
Онај Игнов незнам шо се мачи ракомет да игра, оди барај си друга професија кога гледаш не те бива за то, незнам зошто го зедовме ние па Папата за него е Агинагалде :D
Ми го кажваја дека играл добра одбрана, го пратев муви лапа незнај кај тера :)
 
РК Пелистер 08

2 hours ago near Bitol

Текстилец 22 - 26 Пелистер



--- надополнето: 29 септември 2013 во 19:16 ---
Добро бе до кога ќе ве чекаме да излезите на пресконференција , да кажите шо план имате со клубот ?
3 кола поминаја и нема ни абер ни ништо...:confused:
Од рекла-казала се мачиме да дознајме дали ќе се земи играч , колкав буџет ќе има клубот итн...
Крајно несериозно !!
Барем една веб страна нека се напрај официјална на клубот , то не е скапо во денешно време.
Тотално несериозно од новата управа (која патем и незнајме точно кој ја сочинува ).(n)
Со ваков пристап кон клубот и кој јавноста , тешко дека ќе ја вратите публиката в сала повторно .
Знам дека читат сите овде и новинари и ''стручните'' лица на клубот па зато и овде пишам , знам дека ќе стигни пораката до тој шо треба да ја прочита.


Честито нека му е победата ама вака , со вакво работење не оди на арно работата.
 
Заслужена победа на битолчани!

tekstilec.jpg

Супер лига на Македонија во ракомет- мажи
Текстилец- Пелистер 22-27 (10-12)
Сала ОУ „Тошо Арсов"
Гледачи -500
Судии –Ѓ.Начевски и Славе Николов- Скопје
Текстилец- Атанасов, Петров 1, Мицев 4, Наков 1, Поповски, Савев 5, Пешевски 4, Д.Јовановски 1, Ангелов3, Попов 1, Сарашов 2, И.Јовановски, Кипријановски, Арсов, Горгиев
Пелистер- Нкунигва, Талевски, Дроградски 5, Рајатовски, Блазевски4, Чуролиновски, Димовски5, Босеовски6, Георгиевски3, Најдовски, В.Димитриевски4, Мечков, Ивановски, Божиновски, Печејковски, Игнов.
Ракометарите на Пелистер, беа подобри во сите 60 мин, иако штипјани се до 50 мин беа рамноправни противници на битолчани. Фо финишот од средбата Пелистер се одлепи и на крајот извојува заслужена победа со 5 гола разлика. Играта беше на високо квалитетно ниво, а и судењето-одлично.
ИРЕНА МАНЕВА

:pos::pos::pos:
 
Дроградски, БлаЗевски, Чуролиновски, Димовски :eek: (неки нови клинац? ) Мечков, Печејковски....

Браво Ирена - Одличен (3)
Од 9 играчи шо ги имаме во екипата 7 ги згреши, еее новинарчиња, новинарчиња...
 
Дроградски :pos::ROFLMAO::pos:
Битно Ирена извештај напрај за утакмицата . :)
Кој играше за РК Пелистер господ знај...:вонзем:
 
Абе Иренче,оди срце гледај си шминките таму...:pipi:
Чуролиновски....:LOL:
Овај Димовски шо го напиша Иренчето е сигурно Славиша(Димитријевски слушна Иренче?):)..
П.С.
Туку ме чуди на Петко син му да дај 6 голаo_Oнемој да ме јебеш...
Сигурно Иренчето има љуфнато нешто....:pos:
 
547315_479941378779566_45089967_n.jpg

Го знај некој овај со кошулата?Тој е шо требаше претседател да биди.Сашо Павловски(така некако мислам се викаше)?или друг е?
П.С.
Филип Кузмановски потпиша договор,иначе се работи за доста високо дете,речиси 2 емтра,само имаше малер летово(ја скрши раката)па испушти многу...
Ако можи нешто да бидни од детево нема да биди лошо,ако не за напад,барем за одбрана нека го спремат...фалат високи играчи во одбрана...
П.П.С.
На сликата е Сашо Павловски,новиот претседател на клубот...
 
На сликата е Сашко Павловски .
Има некоја раководна функција во Телеком и многу близок пријател на Циле.
Официјално е новиот претседател на РК Пелистер.
 
Овие мајтап ни прат или што е работата? Филип Кузмановски потпишал договор па слики на ФБ објавуваат, па Филип е од младинската школа на РК Пелистер, и не знам што е тоа толку бомбастично па на ФБ да објавуваат слики од библиотекатрот и Филип и со дресот на Пелистер, па и овај другиот Сашо никој не кажа официјално што е како само сите си нагодуваме, близок пријател на Циле, претседател дрдука аматеризам дотука бидва. Јас не знам што толку е заташкана работата, абе излези на еден прес и јасно и гласно кажи, го зеде клубот Циле не го зеде, ке има нова управа ке нема, ке се донесат квалитетни играчи или ке потпишуваме договори со младинци па ке чекаме да се иделкаат. Ова ептен не логично ми е од една страна земаат младинци, од друга страна го зедоа онај на свежио братму, од трета страна ке донесоа играчи кој немаше каде да одат па ајде ке игараат во Битола. Јас не знам без концепција само да се терало без да се направи едно согледување и да се дефинираат целите и начинот како ке се постигнат, дали со младинци и квалитетен тренер па ќе чекаме да се издела екипа или ке носиме црнчуги и ке тапкаме вместо или пак ке собираме губрето од македонија кои не успеале во другите екипи и ке се надеваме (лажисе куре на пијана жена) да живни некој од играчите и да изненади. Стварно повеќе не можам да сватам што е рабоата и зошто не се ажи начисто кој се, до каде се и што да очекуваме.
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 00:15 ---
П.С
Да не излези утре библиотекарот со демант, реков ама не мислев дека потпиша уствари ни стоиме на тоа да потпише ама не беше тој него братму беше, ама со градоначалникот стоиме да потпише и секако ке најде сили да потпише братму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom