Д
Дуле Пацов
Гостин
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B46D39D406C83044AB94CEB1AC896DEA
Пелистер и Тинекс Пролет меѓу себе решаваат за Челинџ-купот

Ракометарите на Пелистер имаат шанса да го фатат последниот воз и да обезбедат место во европските купови бидејќи победија на гостувањето кај Kуманово (32-23) во претпоследното коло од плејофот.
Гостите што во текот на целиот натпревар имаа контрола врз играта и врз резултатот и беа во постојано водство, кое на моменти изнесуваше и 10 гола разлика (46 мин. 15-25), на крајот извојуваа сосема заслужена победа. Најефикасни кај домашните беа Блажевски со 9 и Kузмановски со 4 гола, а кај гостите Ангеловски со 10 и Митевски со 5 постигнати гола.
Последното коло викендов ќе решава за местото што води во европските купови. Во директен дуел Пелистер и Тинекс ќе се пресметаат во оваа битка. За битолчани не само што ќе биде важна победата туку ќе бркаат и негатива од пет гола (загубија 22-27 на мечот во Скопје).