Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
а кога почнува првентството или почнато е веќе?!?!ништо ни се знај ни ништо
 
Ти бе дечко се читаш шо пишиш?????
Васко цел живот игра Пелистер а не Свети Николе или Тиквеш или друг клуб
РК Пелистер во новата сезона ќе влези со уште едно засилување. Тоа е повратникот во дресот на РК Пелистер – десното крило Васил Митевски кој по 6 месеци се враќа повторно во Битола. Ова е трето враќање на Митевски во Пелистер кој во јануари поради безпарицата во клубот се реши да игра во Овче Поле од Свети Николе каде изигра една полусезона, за да се врати повторно во својот матичен клуб кој со неговото доаѓање уште повеќе ја зацврстува екипата за новата сезона. Роден е на 22.06.1983 година, висок е 190 сантиметри, а тежок 83 килограми.Има настапувано уште за екипите на: Винарска Визба Тиквеш и Барања (Црна Гора), Потекнува од ракометната школа на Овче Поле, а секако како најголем успех му е 4 место со македонската јуниорска селекција во 2002 на ЕП во Гданск (Полска). Со екипата тренира и пикерот-Љупчо Игнов кој што пристигнува од Minaur Baia Mare
 
Види вака друже...

Васко беше потенцијал некој пред едно 10 години... Дечкото беше висок, ама слаб... снага 0, и многу набрзо почна да стагнира... и затоа се шуткаше низ Тиквеш, кај нас (затоа што немаше ебан денар во клубот)... Значи поентата ми е, ако беше Василе играчиште ќе беше сега на запад негде, ама не е и затоа кај нас.
То дека потекнува од ракометната школа на овче поле... :vozbud: ова го потенцирале како демек сме донесле играч во то време од ракометна школа на Кил :icon_lol:
Треба да напишат негде и дека во Битола прв пат (не само Василе... него и другите) облекле патики за ракомет, играле со топка за ракомет а не со камења...
Колку сакаш негодувај и не признавај... РК Пелистер ги афирмира и ги создаде речиси сите врвни играчи, почнувајќи од Пепи, Кире, Мојсо, Диви...и цел оној контингент од битолски ракометари кои биле душата на репрезентацијата овие 20 години...

Јасно ми е дека сега сте возбудени и среќни дека овче поле, зомимак еве исто така креваат гла и прават екипи за респект.
Факт е дека пак си останувате аматерски клуб во однос на РК Пелистер макар тој и се растурил утре-задутре... Затоа за вас е неверојатен успех што сте не победиле претходната сезона, а тоа што ние клубови како вашиот 20 години со втор тим ги праевме салата не претставуваше никаква посебна сатисфакција ;)

Немој да ми реплицираш, немам намера да се расправам со тебе за тоа кој е кој... Прати си го твојот клуб, јас ќе си го пратам мојот и се океј :)
 
Шо бидна со играчите?
Знај некој за сигурно?
П.С.
Ќе одат изгледа Грција да изиграт некоја пријателска утакмица...кој рече дека нема пари:pos:
 
И на овие лошо му се пиши .
Пепи Манасков повеќе не е тренер на Куманово
28CE8C43FAAE7940BDB8ED58C27ECF61.jpg

Амбициозниот ракометен проект во Куманово почна да се распаѓа, а првата коцка што испаѓа од мозаикот на машката екипа е заминувањето на тренерот Пепи Манасков. По шест месеци минати во клубот што го внесе во европските купови, а потоа успеа да „наговори“ и неколкумина искусни ракометари да дојдат во екипата, сега играчот на векот во Македонија ќе бара нов предизвик.

Привремен наследник на Манасков ќе биде Горан Милановски, кој досега беше помошник тренер, а управата ќе бара решение на тренерското место.
- Жалам за изминатите шест месеци кога со клубот направив одличен резултат. Донесовме и засилувања, но управата не исполни многу барања што ги имавме. На контролните мечеви екипата играше со различни маички и дресови, што сепак е недозволиво за сериозен тим. Подготовките ги почнавме а ветувањата си останаа - вели Манасков.
 
типична работа за македонски клуб...тешко нешто на арно да излези
 
море шо прајте муабет, лани на Злате екипата Струмица ја тепа, шо зборате, Овче Поле изгуби од Битола пред две години тука, нема споредба ракомето шо го играт тие и ракомето шо се учи овде во Битола, џабепрајме муабет !!!
 
мислам дека последните две години тотално се изгуби шмекот за ракомет во Битола
 
Не бе во Вардар е Папата не ви го враќаме туку така :icon_mrgr:
Колку барате оштета?:)
Иначе,преѓе ги видов нашите шетаа со Папата па и јас си реков да не напрај камбек зверов...:X3::D
 
Папата 100% во Пелистер !!! Игнов не задоволил па го вратија, а пак Папата не задоволил најверојатно во Вардар и си дојде дома !!!
 
Кај можи Папата без Пелистер...:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom