На фејсбук 'војна од коментари', на едната ојава за Гарабаја (подржувачи и плукачи),а на другата објава за Шундо (подржувачи и помаку плукачи), плус по некој залутан коментар за некој трет тренер и по некоја теорија на заговор

. Уствари, дали ние сите можиме да размислиме што и како се случува?! Прво да поставам некои прашања до сите нас и подобрите познавачи на ситуацијата од овде од форумот, на релација
играчи-тренери-управа:
1. Дали на клубот му се допадна оставката на тренерот и како ќе ја процесираат истата, дали имаат аенда-план, визија за следните две битни утакмици?!
2. Гарабаја верувам е свесен за тоа како ракометот се доживува во Битола, па можи и од некој притисок си дава оставка во мнооогу незгоден момент - што еве мене не ми се допаѓа! Не би можел да осудам дали е во право или не, ама ако верувал да си остани за тренер, можеби ќе се надеваше на добар резултат со Вардар и смирување на тензијата.
3. Верувам дека тренерот го има главниот збор за играчите и нивниот настап, ама искрено, во публиката има огромни познавачи на ракометната игра, ние кои играчите ги гледаме само на натпревари,а тренерот е секој ден по 2 пати со нив и форсирање на поединци кои имаале слаб придонес на тој натпревар (конкретно претпоследниот пасивен напад на Фитиљ против Алкалоид, го тегнеа, го истрошија, го фаулираа за на крај едвај да скокни и со слаб удар долу да му ја одбрани Галевски...Зошто баш тој да шутира?! Па пола сала гледа не му оди на 3-4ца и овај пак со истите тие и тука мислам дека и помошникот требаше
да реаигра! Тој барем ја разбира публиката на македонски.
4. Во ред е управата да чита коментари, има добри познавачи кои сугерираат за доброто на клубот, ама има и со слабо IQ што урла со коментарите... Голема маса на луќе се, мора да се носат и со пофалбите/критиките, некогаш излегуваат од контрола и тие но, 'највисокиот орган' во клубот да реплицира на коментар на ФБ, мислам нема потреба (а притоа не е прв пат) и спрема тоа мислам дека управата и нема баш некое добро и позитивно мислење кон навивачите/публиката, некако се своеглави во некои погледи.
5.
Дали ќе продолжи платформата? Не знам за други, ама мене уште ме боли финалето со Скјерн и тие времиња тогаш, денес други времиња, инстант публика!... Кој треба да кажи или кој треба да знај?! Многу работи до нас послабо стигнуваат - освен овде на форумот ако прочитаме! Дали ќе има и поголема транспарентност?!
Не знам како ќе се консолидираме од сето ова и во кој правец ќе движиме. Пелистер е име наше!