Ова е од 2022 година:
Прегледај го приврзокот 460109
Денес, во просториите на Офицерскиот дом во Битола беше избрано најдоброто идејно решение за долго очекуваниот спортски комплекс, кој е еден од приоритетните проекти на новата локална власт.
Најавите од градските власти добиваат целосна потврда. Општина Битола сериозно го надградува планот за изградба на спортскиот комплекс, во кој главна улога ќе има модерна спортска сала.
Така, на денешната изложба беа откриени сите пет идејни решенија, од кои беше избрано едно и истото е претставено пред домашната јавност. Општина Битола ги откупи сите пет идејни решенија, а архитетките и архитектонските студии добија соодветни награди. За прво место 200.000 денари, за второ 100.000 и за трето 50.000 денари.
Спортскиот центар ќе биде во согласност со сите параметри зададени во Деталниот Урбанистички план (ДУП) за АРМ, Четврт 2, ќе има капацитет од најмалку 5.000 седишта и ќе ги исполнува сите услови за одигрување на меѓународни натпревари.
Изложбата на сите пет идејни решенија во Офицерскиот дом во Битола ќе биде отворена секој ден до 31 декември.
Линк