Не можи ти во 21 век да немаш на веб страната основни параметри.
Да пристапи било кој на интернет и да сака да разбери нешто за клубот.
Влегва на страната на клубот и шо ќе види?
Прво немаш информација за ИГРАЧИТЕ, ТРЕНЕРИТЕ,
Основна содржина на секоја страна на еден нормален клуб е на официјалната страна да видиш кои играчи се во актуелниот ростер.
Значи играчи, со слики, генералии, ( висина, тежина, позиција на која играат, години).
Ништо нема на страната. буквално, истите текстој препишани од ГОЛ.МК.
Да сака некој да го пребара и да се информира за актуелниот ростер ќе треба на оди на ЕХФ страна, таму да бара.
Не ми е јасно како ја пропуштат ова работа од клубот, можи изгледа ситна,ама во очите на другите ова се важни работи.
А ги гледам нон стоп на интернет се активни, на социјалните мрежи.
Второ, не ми е јасно со фан шопот шо се случва? Срамота е ова шо се прај.
Таман почнаја лани да функционират, да продават дресој, тренерки и останати реквизити, ова година тотален мрак.
Дресој нема за лек, ништо нема, еден чакмак нема во продажба од клубот.....
Сакаш пари да му дајш, не ти дават.
Не ми е јасно.

Ај лани се вадеа со УНИТ, непозната марка, нема многу дресој, па треба да се чека.
Ама сеа кој е изговорот?
ЈОМА не е шогоде фирма па да нема дресој и останата опрема.
Земи порачај цел контингент, рефреширај ја фан продавницата и шиткај, прај пари.
На тацна имат можност да прат маркетинг, да вадат пари од екстра приходи, ама не знат да го искористат.
И после публиката ваква, таква.
Околу картите, не е според мене до цената проблемот.
Ко имат пари за кафе од 150 денари, има пари и за сезонска, има пари и за карта.
Ти иди лидерот во Бундеслига, не иди РК Фаворит Машини за перење, па картата да е 50 денари.
Сменет е менталитетот на луѓето, на времето ( до 2005 ), немаше ни социјални мрежи, ништо, па 1 сат пред утакмица беше полна салата.
Сеа треба да ги молиш сосила да дојдат.
Ама не е само то проблемот, и условите се за нигде.
Не можи ти во 21 век да немаш греење,
Секој сака да дојди ко нормален чоек во зимски услови да гледа ракомет, не да иди со монтката и да се треси.
Излегва надвор го кини промаја, испотен утоп. настинка дирек.

Нека напрат сала нормална, па подруго ќе гледат луѓето пред да се решат дали ќе дојдат на ракомет во зимски услови.
Значи, нова сала, нема друго чаре, ова сала само за тренинг, се друго е мачкање очи.