Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
И јас мислам да не се прај тензија на играчите бадијала, ако се професионалци, треба до крај да си ја завршат работата и да си го испочитуваат договорот, клубот кој му ги даде овие услови, респектот кон публиката и удобноста во градот каде повеќето од нив се осетија тука како дома.
Па после макар си заминале и цел тим....
Јасно е дека ќе имаме огромни промени за следната сезона, ама за овие играчи битно е сега само да ја донесат двојната титула во Битола и да останат легенди на многу лица....
На пред последната утакмица тука имаше огромна еуфорија, низ цел град, исто и кон играчите и тренерот, па одење на тренинг и навивање и во последните секунди, несреќно ни избега победата....
За утакмицата во Скопје имаше поголема еуфорија на навивачки план, очекувано големо гостување, најави, мобилизација низ град, но помал притисок кон играчите и дека без Периќ тогаш, на многу од нас му беше јасно дека ќе биди претешко таму и дека не чека пораз. Изгинаја машки сите и се вративме со победа !
Нивно е само, да си ја најават утакмицата на прес, да си излезат капитенот со тренерот, тогаш и тогаш играме, еве сега и фан зона ќе има кај офицерски од ручек време, можат и за то да кажат збор два и толку...
Другото останва на нас, не е наша работа да кажваме дека се без договори или дека од следната сезона скоро сите ќе играле во други екипи. Ок то е спортот, јасно е дека ќе има трансфери, промена на играчи, никој не останал верен на клубот до крај освен навивачите, пак ќе речам АКО СЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ треба машки да си ја завршат работата без разлика дали некој ќе одел во појак или послаб клуб следна сезона...
Се е во наши раце, имаме брејк топка, остана уште слаг на тортата на 1ви во недела ! Исто напоменав двојна титула оти и за купот на хартија имаме "домашен" терен во Кавадарци, ама тоа ќе го мислиме после 2 недели од оваа утакмица во Недела која е најклучна за нас во последната деценија !!!

п.с. Кај нас Табоада беше со ситна повреда и го пропушти последниот дуел со РК Бутел, би требало да е фит, треба да си кажат, кај нив со повреди се Дибиров и Гаџа и се со поголем хендикеп....
 
To so velis sega ako ne gi tepame i da se kreni parketot ne znam koga i dali pak ke imame vakva sansa kaj niv e diva liga povredi istroseni veterani osven sudiite i orkata tro nemaat nikakva prednost zreli se za poraz i da zemime titula no odbranata ke resi i golmanite se drugo e sporedno ako tepame Kizic na ramena ke go nosam niz korzo [emoji16]

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Денес имаме незгодно гостување во Кавадарци а богами и Вардар во Охрид.
Се надевам дека ќе го приведиме мечот до крај мирно и без никакви резултатски дупашлаци и без никакви повреди, пошо Андоновски сигурен сум дека ќе наметни груба игра во одбрана.
 
Добро луѓе има некој абер кога ќе излезат картите за Недела во продажба?
 
 
бледа игра во прво полувреме во Кавадарци, Тиквеш водеше со три разлика, на полувреме еден плус, 15:14.
 
Ја иступија скроз со картите... Тие шо сме на работа кксо ќе набавиме карти утре?
Зошто online продажбата ја тргнаја не ми е јасно али то е... Ќе гледаме пред офицерски.
 

Малце е чудно ова што нема на интернет, се враќаме назад во времето, ама па ако добро сфатив точно тоа го бараа навивачите, оти други им ги купуваа картите преку интернет додека тие сакаа лично.

Според мене, доволно е приоритетот за тие со сезонски билети, не мораше и да нема интернет купување, ама ок е и вака.

200 ден е ок сума. Мора клубот колку толку да заработува и од билети како секој нормален спортски колектив во Европа, не може само на спонзори и ваучери да се чека. ~10к евра приход од еден натпревар (сигурно ќе биде полна салата), не е којзнае што, но е чекор во правилна насока за што поголема самоодржливост и можност за постепено зголемување на буџетот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom