Нека ни е честито првото место за почеток, еден добар старт на подготовките пак ќе спомнам ова се утакмици што служат за воигрување на екипите па така не треба да си го земиме здраво за готово овај трофеј. Сезоната е долга покриени сме добро на сите позиции, играчите се многу поспремни физички од минатата сезона, Ројевич мислам дека добро ќе ја поткова екипата тактички за првенствоти, но пред се не треба да се лета во облаци Пелистер вчера играше без 4 ца првотимци (Кузманоски, Митрески, Цветан, новиот голман, итн.). Околу Пелистер ептен е добро покриен на сите позиции и има многу подобра екипа од лани играат добра одбрана и тешко ќе биде да се победат во лига друг е пристапот таму, а и не требад да заборавиме дека лани Кузманоски сам не победи на двете утакмици во плеј-оф. Вардар немав можност да го гледам иако учествуваше на турниров, Алкалоид гледам изработиле добри припреми во Словенија осволе и тие некој турнир. Па се на се мислам дека не очекува највозбудливо првенство до сега и све е можно околу титула, па зошто да немаме и ние барем надеж и желба за титула барем на почеток на сезона.
Спортски поздрав до сите ракометни фанатици.