Немој да мислиш дека се ситам со тоа што Пелистер "наводно" нема пари, барем јас така разбрав, да не бидам сфатен погрешно... Мене ми пренесоа дека Пелистер го снашло скоро слична судбина како Борец и дека ќе продолжи со младинците, поради недостаток на финансии... Гледам го пуштија Васе кај нас, Мите гледам си отишол во Струмица...
Да ти појаснам малку,гледам не си упатен...
Значи,Пелистер не загуби многу со заминувањето на сите тие играчи(освен можеби со Мисовски).....
Се друго беше под очекувањата,и ни од далеку не ги задоволи барањата,а и уште помалку ги оправдаа парите шо ги бараа и ги добија.......
Мите посебно,бараше 1500 евра месечно,а излезе најголемо дрво....

Подобри играчи од него имаме во втората екипа....
А и другите странци не беа то шо требаше да бидат....значи Пелистер не изгуби ептен многу иако заминаа еден куп играчи...
Реков заминувањето на Мисовски,а посебно на десниот бек Петровски можи да се смета за голем хендикеп,другите позиции горе долу се тука некаде како и есента...
Не е толку до парите ко шо викаш ти,Пелистер пак горе долу се издржува без проблеми,помагаат ЕЛЕМ,Силјан Мицевски....има некој просечен буџет,нема да има проблеми да се заврши без проблем годината.....
Околу играчите,нема да бидат само младинци,не се тие и класични младинци,младинците си се посебна екипа,овие се најдобрите играчи од вториот тим на Пелистер......
На нив ќе се надодат старите искусни волци како Николовски,Тосковски,Јанкуловски,Чантурија,Иван Марковски,и нешто помладите Везенковски,Недановски,Васко Димитровски и вториот голман Менде Божиновски тимот не е таков каков шо го замислуваш ти....

Како и да е,и со овај играчки кадар Пелистер останува прв фаворит за третото место,иако сега реално е дека ќе биди доста ранлив,посебно на гостувањата,шо не беше случај во есента..