Фан клуб - РК Металург

АПЕЛ ОД РФМ ВО ОДНОС НА НАСТАНАТАТА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО РК МЕТАЛУРГ
Ракометната федерација на Македонија е загрижена од збиднувањата во РК Металург кои имаат директно влијание и на македонскиот ракомет воопшто и се наоѓа повикана да даде свое укажување за настанатата кризна состојба.

Најнапред, би сакале да упатиме високи пофалби и благодарност за сè она што РК Металург го направи во изминативе години со цел подигање на нивото на квалитет на македонскиот ракомет и оспособување на квалитетни ракометари кои се база на нашите национални селекции.

Оградувајќи се од интерните релации и развојната стратегија на РК Металург, чувствуваме огромна загриженост за последиците кои ваквото неспортско однесување може да ги остави врз иднината на македонскиот ракометот.

Во списокот на ракометари на РК Металург кои се обратија до македонската (спортска) јавност се наоѓаат и 13 претставници на македонскиот национален тим. Освен што нивниот натамошен професионален ангажман е неизвесен, тие за неполни два месеци ја започнуваат можеби најтешката македонска ракометна експедиција до сега: настапот на СП 2015 во Катар каде што евентуалниот пласман меѓу првите седум тимови би значел квалификации за пласман на ЛОИ 2016 во Рио. Предизвик за кој на македонскиот ракомет му се потребни репрезентативци кои нема да бидат само здрави, физички и психички добро подготвени, туку ќе имаат и настапи во континуитет на сериозни натпреварувања.

Свесни сме дека клубовите се приватни ентитети, но за нас како Федерација, тие 13 играчи се професионалци кои во изминативе години наназад го давале својот максимум за достојно претставување на македонскиот национален ракометен дрес кој со огромна гордост и апсолутна одговорност го носеле во континуитет на големите континентални и светски шампионати и носеле многу радости на нацијата и би било огромна штета такви таленти во зенитот на нивните спортски кариери, соочени со огромниот предизвик популарно наречен борба за настап на „Олимпијада“ – да бидат оставени во неизвесност.

Љубезно апелираме до двете страни инволвирани во спорот: управата на клубот и играчите, да вложат максимални напори со цел да изнајдат заеднички јазик во разрешувањето на настанатата кризна состојба што е можно поскоро, на взаемно задоволство и во полза на македонскиот ракомет.

Би сакале да предупредиме дека во случај на најлошото можно сценарио, доколку РК Металург не ги одигра преостанатите натпревари во Лигата на шампионите, според правилникот на Европската ракометна федерација би следувале (издвојуваме само неколку санкции): парична казна во максимална висина до 500.000 евра, евентуална суспензија (забрана за настап) во Лигата на шампиони 2015/2016 на македонскиот ракометен шампион од сезоната 2014/2015 година, евентуална забрана за настап на сите македонски екипи во европските купови што би значело комплетна изолација на Македонија од Европската ракометната мапа.

Ако здрава куќа се гради на здрави темели, се надеваме дека како и до сега, РК Металург, како промотор на ракометот во државава и надвор од неа, ќе се заложи за добро состојбата и просперитетот на најтрофејниот македонски спорт.

Спортски поздрав,

Ракометна федерација на Македонија
http://macedoniahandball.com.mk/zdruzenija-ns_article-apel-do-rk-metalurg.nspx

Ајде сега ситете се пак. Реков јас дека радување на туѓа несреќа не е убаво.
 
Koциќ изјави дека со потписот застанал зад тимот, а не дека не го интересирало шо потпишува и дека побарал раскинување да договорот (кај може сам да си раскине договор) шо можда и нема да го добие.. од една страна вика дека нема добиено еден ебан денар од кога е дојден во Металург, а од друга страна вика парите сеа не се проблем хаосот настана кога се побунија Македонците... епа кажи бе пријателе зашо се побунија Македонците, ваљда за и ти, а и сите странци што сте да може да земете плата.. не дека го правдам Мојсо ама крај краева тој е капитен на екипата тој треба да побара решавање на проблемите дали се од финансиска гледна точка или од друга гледна точка... сеа друг проблем е шо управавата си води некои свои политики... крај краева кој знае шо е проблемот.. во писмото играчите викаат: "ние сме длабоко разочарани и огорчени од начинот на кој со нас се однесува раководството на клубот, заедно со тренерот Червар, и состојбата трае веќе еден период и која за нас претставува голем проблем, а нема никаква врска со финансиската состојба во која се наоѓа клубот"

Како што знам 3 месеци ако немаат земено плата играчите имаат право да го раскинат договорот..
Не сум 100% сигурен ама мислам така беше.
 
Како што знам 3 месеци ако немаат земено плата играчите имаат право да го раскинат договорот..
Не сум 100% сигурен ама мислам така беше.
Така е, али они не сакаат да го раскинат договорот туку сакаат да играат ракомет и да им се исплати тоа што им се должи. Многу е тешко кога некој ти сере над глава(Лино) а ти не си земал плата од мај месец.
 
Они сакаат да играат ракомет зошто во Металург имаат договори кои за тоа играње им носат многу над тоа што некој друг би им платил.Минчо сака договорите да бидат раскинати они нормално не сакаат и сега ќе има мерење муда.

Али проблемот е што Минчо вака така на играчите кои што сака да ги задржи ако треба ќе им пушти пари под маса за да играат а Наумче ќе може во најдобар случај да си седи по дома додека не му заврши договорот и тогаш да ги тужи за неисплатени плати.
 
Главниот проблем им е управата и Минчо не играчите, толку месеци плата немаат видено што ги следува според договор и што очекуваш да прават ?

Се случувало и во минатото неколку месеци да не добијат плата, па после наеднаш ги исплаќал Минчо. И сега им се дужи некоја сума на пари, но ќе ги покријат.
Не е проблемот платата. И самите ракометари не го посочија тоа како главен проблем. Она што не им се допаѓа е тоа дека "не им бил вреднуван трудот" доволно на Наумче и на Ванчо.
Нивниот труд е вреднуван пре пре пре премногу од Червар, а посебно од Минчо.
 
Не ми се допаѓа тренерот, зашто не игра брат ми :icon_mrgr: од 5.00 до 5.10 на видеово, јасно е како бел ден кој е главен организатор на пучот..
 
Се случувало и во минатото неколку месеци да не добијат плата, па после наеднаш ги исплаќал Минчо. И сега им се дужи некоја сума на пари, но ќе ги покријат.
Не е проблемот платата. И самите ракометари не го посочија тоа како главен проблем. Она што не им се допаѓа е тоа дека "не им бил вреднуван трудот" доволно.
Нивниот труд е вреднуван пре пре пре премногу од Червар, а посебно од Минчо.
Доста бе глупости не се будали за без пари да играат. Се тепа се крши онде и да не зема пари.
Спомнав јас изгледа само Чевларот зема плата и си го лади и има притисок некој од управата. Оние што вредеја што видоа дека не му се даваат пари, Атман и Станиќ заминаа.
 
Еве ти:

"Сакаме уште еднаш да кажеме дека последните изгубени натпревари немаат никаква врска со финансиската ситуација на клубот, бидејќи ние секогаш се бориме за победа, платени или неплатени, туку само со тенденциозно водење на кадарот со цел да се изгуби, со стратегија и план кои немаат никаков резон.

Што се однесува до спонзорот Јорданов, ние баравме директна средба со него мислејќи дека тоа и сме го заслужиле , бидејќи најчесно си ја извршувавме својата работа. Досега бевме толерантни во однос на финансиите и уште ќе бевме, но условите за работа со раководството и тренерот станаа невозможни за сите."

Нигде не ги посочуваат финансиите како главен проблем. Главен проблем се Наумче и Ванчо кој со себе ја влечат цела соблекувална и цимолат пред јавноста.
 
Голем дел од вас тука мислам дека воопшто не разбирате како функционираат договорите.Металург има потпишано договор со Станиќ и сите други,а Минчо е сопственик на Металург ако не им ги исплаќа платите треба само да седат до крајот на договорот и да му стегнат една тужба сакал неќел ќе плати до последен денар.

Вака ако си отидат автоматски им се раскинуваат договорите и не добиваат ништо што е и целта на Минчо.
 
Ама како може еден или двајца да ја носат цела соблекувална? Они не ги хранат другите. Кое е тоа влијание за да сите други ги подржат. Значи очигледно и другите не се задоволни од Лино штом се потпишале и недошле на тренинг.
Се гледаше од авион дека Лино прави некое нерезонски комбинации во играта, идеше со ѕид во глава на 6 натпревари по ред, убаво рекоа ракометарите дека со цела одговорност тврдат дека можеа повеќето од тие натпревари да ги добијат. Веројатно е правен психолошки и финансиски притисок од Лино и од Минчо за да сами си отидат и да ги раскинат договорите.
 
Во ред за целта на Минчо да си заминат играчите, јас велам дека поентата на играчите е дека играат за пари, сега не ги зема и ќе си бара ангажман за да од некаде зема, нели би била таква логиката?
 
Хаха,крајот на интервјуто е epic...:drk:
Стигнал во ТОП 5 на листата на Форбс,зошто работел како да има 35 години,и бил способен...:)
Седи бе таму,транзициски тајкун,ако не беше транзицијата ќе садеше компири во Штип....
И кога сме кај богатсвото,ете нека ги избрка тие шо прават штрајкови,зошто другите не се платени?
Не е можно сите да мрчат како Гробарот и дебелиот...:icon_mrgr:
 
Ова е катастрофа за нашата репрезентација :facepalm:
 
Хрватите на големо шпекулираат дека Циндриќ деновиве ќе го засили Загреб. Иако незнам кој ќе им е ќарот коа човекот и онака нема право да игра ЛШ. Марсениќ дал изјава дека е отворен кон понуди од други клубови.
 
Ама како може еден или двајца да ја носат цела соблекувална? Они не ги хранат другите. Кое е тоа влијание за да сите други ги подржат. Значи очигледно и другите не се задоволни од Лино штом се потпишале и недошле на тренинг.
Се гледаше од авион дека Лино прави некое нерезонски комбинации во играта, идеше со ѕид во глава на 6 натпревари по ред, убаво рекоа ракометарите дека со цела одговорност тврдат дека можеа повеќето од тие натпревари да ги добијат. Веројатно е правен психолошки и финансиски притисок од Лино и од Минчо за да сами си отидат и да ги раскинат договорите.

Тие двајца ги влечат затоа што они најмногу ги осеќаат промените. Дека сите се незадоволни тоа не е така, ти гарантирам. Потпишани се на тоа листот и странците од чиста колегијалност и од ништо друго.

Без разлика како играат и кои потези се влечат, за тоа одговара тренерот и тој ја сноси одговорноста. Играчите се донесени за да играат. И сеа Ванчо со мевот зел го учи Лино со 20 и кусур титули домашни првенства и пун курац медаљи со Хрватска како да ја водел екипата? Жифти мајка?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom