Фан клуб - РК Металург

Посмешен е делот „Атман е веќе небитен“, а Атман беше најдобриот поединец и еден од тие што највеќе се залагаа против Загреб. :)
 
Посмешен е делот „Атман е веќе небитен“, а Атман беше најдобриот поединец и еден од тие што највеќе се залагаа против Загреб. :)
А најсмешно е што на Атман во овие две сезони после натпреварот со Колдинг на гости ова против Загреб му е втор натревар што го изиграл надпросечно. Али кој колку прати, тоа е. :)
Придонесот на Атман во последнава сезона(неговите силни шутеви во статива) споредено со придонесот на Ренато(во ЛШ), Жути(во мечевите за шампионска титула) и Циндриќ е нула. Да не зборам за Станиќ и неговата важност.
Атман пак ќе кажам освен на гости против Колдинг никогаш нема решено натпревар, ниту во Металург ниту во Руската репрезентација. Не е играч од класата на Станиќ и Ренато кои сами можат да уништат противнички тим.
Стариот Металург во напад зависеше од Мојсо и Ренато никогаш од Атман. Одбраната зависеше од Станиќ не од Јоноски и Маркоски. Тоа е тоа. Сега дојдоа други времиња.
 
Последно уредено:

А кој рече дека Атман е редовен game changer? Ако си го очекувал тоа од Атман, не знам тоа не беше ни во Динамо дури. Во поразот од Вардар (не дека тој договорен меч беше мерило) он беше најдобар, сам го спомена и Колдинг. Немаше потреба да биде лидер на другите затоа што Ренато беше тоа и со право нему му беше оставено да биде затоа што играше во ненормална форма.

Атман е најпрво среден бек. Лино има фетиш дури и кога не е под принуда средните да ги става лево. Како за среден бек 50 гола во една сезона не се малку. Имаше добра соработка со Вугринец, со пикер, она што е битно за среден.

Стариот Металург зависеше од Мојсо, да. Ама Мојсо е тука долги сезони. Атман е само една, плус Атман откако дојде, за оваа една сезона има милион пати поголем импакт од Мојсо во таа една сезона, знаеме најмногу заради повредата.

Тоа де, дојдоа други времиња. Дојдоа времиња во кои Мојсо нема шанси да си ја поврати формата, во кои Вугринец е на излезна врата и во кои Атман заедно со Циндриќ е најдобриот поединец. Далеку е од незаменлив играч од типот на Станиќ ама глупо е да пишеш дека е непотребен, кога глеаш дека беше најдобар поединец во овие други времиња.

А ако мислиш дека одбраната немаше улога во одбраните на Станиќ и дека ист би бил ефектот без Ацо и Велко во формата која играа минативе 2-3 сезони, многу се лажеш.
 
Не е глупо да кажам дека е непотребен затоа што е баш непотребен. Која улога ја има сега Атман во тимот на Металург? Станиќ го нема, Ренато го нема, Мојсо е у лоша форма, Циндриќ игра подобро од Атман во моментов и е каде каде покорисен, плус изведува пенали. И сам кажа дека Атман не е game changer така да ајде кажи ми зашто би го плаќале Атман цела сезона? Подобро е да си оди и он во комплет со Станиќ и Ренато. На негово место нека игра Борозан и готово. После триве порази и се што се дешаваше изминативе месеци стварно не ја гледам потребата да се плаќа Атман цела сезона? Што ќе направи Атман во оваа ситуација ајде кажи ми? Што фајде од него? Ќе го однесе Металург во следната фаза на ЛШ? Ќе го однесе до шампионската титула во македонското првенство? Не е Game changer! Разбирам во ситуација да немаше потпишано договор со Веспрем да остане, тогаш да, нека го чуваат, али вака нема никаква потреба да го плаќаат толку многу пари цела сезона, единствена смисла има ако се договориле со него за многу помала плата да седи и да игра, затоа што неможе сега да настапува за друг клуб кога веќе има настап за Металург во ЛШ.
 
Се имале добри партии Аце и Велко, против Колдинг играа беспрекорно во одбраната но џабе е кога немаме голман од светски калибар, Митревски не е лош али е далеку од нивото на Станиќ, а овој Коциќ ми стои промашена инвестиција, добар е само против екипи од рангот на Војводина, неговиот бивш клуб.
Инаку тоа за Атман дека е непотребен потполно не се согласувам, одма се виде неговата класа кога влезе против Загреб и превзема се во свои раце, очајно ни е потребен Атман во тимот оваа сезона.
Мојсо е јасно дека нема шанси да ја врати формата од своите најдобри денови, годините си го праваат своето и после толку отсуство..
Вугринец го очекува иста судбина како на Станиќ, многу ќе ми биде криво доколку овој играч не ја заврши кариерата во Металург, сакам да го видам против Кил, не е тоа тоа кога го гледам Металург без него, најави дека оваа му е последна сезона, па нека му ги исплатат платите и нека распали кај нас, човекот заслужува да му издигнат споменик за се што направи за клубот изминативе две сезони.
Имаме добри деца во младите категории, баш читав дека сме ги победиле на Вардар младинците, некој Димитровски од нашата школа постигнал 9 гола, повеќе информации за него?
 
Мојсо е далеку од стар, не го отпишувајте, се гледа дека сериозно работи и е мотивиран како сега првпат да почнал да игра, има голема желба да биде тоа што беше. Мојсо ќе се врати, прашање е на време. Многу ќе ни биде потребен на светското.
 
da ama ACL e zaebana povreda, vlijae mnogu na podviznosta :)
 
Никад не бил мојсо подвижен-брз, неговата уметност секогаш била контакт-дуел игра и давање голови под фаул, значи он нема да ти избега како тоа што Циндриќ го прави туку ќе ти дозволи да се закачиш за него и ќе те влече додека не го види голот а кога он ќе го види голот тогаш е или гол или фаул за 7 или 9 метри. Има многу добро изработен шут. Мислам дека не се работи само за неговата форма во моментов туку и некој проблем со Лино.
 
Металург изгуби пола тим со заминувањето на Станиќ! Атман е веќе небитен. Сега слободно може да им дадат исписница на сите поскапи играчи. Џабе ќе ги чуваат и плаќаат, нема поента. Вчера можеше да се види важноста на светска класа голман, што само Штербик и направи на Ловен, шутираа од чисти позиции, одбраната им беше пропусна ко швајцарско сирење али џабе кога имаш голман од тој калибар кој има свој ден. Без таков голман нема врвни резултати.

Одбраната на Вардар со Рајн Некар била порозна ко швајцарско сирење? Друже ти изгледа си гледал некоја друга утакмица.
 
Никад не бил мојсо подвижен-брз, неговата уметност секогаш била контакт-дуел игра и давање голови под фаул, значи он нема да ти избега како тоа што Циндриќ го прави туку ќе ти дозволи да се закачиш за него и ќе те влече додека не го види голот а кога он ќе го види голот тогаш е или гол или фаул за 7 или 9 метри. Има многу добро изработен шут. Мислам дека не се работи само за неговата форма во моментов туку и некој проблем со Лино.
Друже,во голема заблуда си,шо би рекле ние правниците суштествена...;)
Не знам од кога го пратиш Мојсо,ама ако го следиш од времето кога дојде во Пелистер кога Пелистер стигна до Финале на Челинџ 2002 година, не би тврдел дека никад не бил подвижен...
Баш напротив,брзина,скок,дуел игра шо ја спомна,ама не дуел игра да се лепи до противник со бавни движења и да бара позиција за шут,туку дуел игра во полн трк,влегува залетан во зона,на него излегува играч,Мојсо прави движење со тело и вади шут во пад,нешто слично како Атман шо има некој потез..
Е такви беа потезите на Мојсо кога беше помлад,кога играше во Пелистер,пред тоа и во Струга која на времето 2000 некаде беше екипа која знаеше да изненади многу фаворити како Вардар и Пелистер.
Арно ама кога беше во зенитот на својата форма во 2003 ја скрши ногата на меч со Пик Сегед во Битола..
Тогаш Пелистер играше во регионална лига,претходник на СЕХА лигата..
Па паузираше долго време...
Оттогаш кариеата некако му стагнира,зголеми килажа шо значително му ги намали движењата во напад..(не е мала работа на 187 см висина да имаш околу 100 кила,тоа е огромен товар за колената,затоа не ме чудат повредите)....
Иако даде еден куп добри партии,сепак повредите си го зедоа данокот..
Две тешки операции зад него не е мала работа....
Да имаше среќа да го одминат посериозните повреди ќе направеше голема кариера надвор....
Ама не е тип како Лазаров,повеќе го влечи Македонија и затоа остана овде....
Далеку од тоа дека го кажал последниот збор,ама позицијата која му ја дава Лино е тотален баук за него....
Максимум дава на лев или среден бек,на десен бек е нешто помалку од бескорисен....
Ама Лино си знае зошто упорно си форсира тактика која му носи еден куп порази...
Да не кука после по судиите....или дека Вардар имал пари тој немал...
Му ги донесоа сите играчи шо ги сакаше,а тој упорно со главата во ѕид,игра со бекови под 190 см,сите десничари,и сака да пробие одбрани..
Е па изборнику,не играш со Борац Бања Лука,играш ЛШ...;)
 
Ауу требало Металург во криза да дојде за да се разработи темава :)

Еве и од мене краток коментар за случувањата.

1. Се надевам дека финансиски ќе се среди клубот, силен Металург е важен за македонскиот ракомет како целина. Не е толку страшно дали ќе си заминат главните ѕвезди побитно е да се има стабилна состојба после тоа.

2. Шансите не Металург и пред почетокот на сезоната беа, осминафинале во ЛШ, евентуално четвртфинале ако им се поклопат коцките. Единственото што се менува без Станиќ и евентуално без Вугринец и Атман е дека немаат никакви шанси сега за четвртфинале. Осминафиналето е сеуште можно, иако ќе биде многу тешко заради исклучително лошиот распоред во однос на состојбата во екипата. Распоредот е таков што во првите 5 натпревари се пречекуваат 2та фаворити (ПСЖ и Кил), а се гостува кај сите други 3 екипи. Ако беше Металург во целосен состав и без проблеми ова можеше да биде и добро бидејќи имаше шанси за 5-0 старт што ќе беше фантазија. Вака е катастрофа, бидејќи големи се шансите да почнат 0-5. Со 3 победи дома има шанси да се пласираат ама ќе биде доста тешко. Ќе игра улога и гол разлика и сл. Гостувањето кај Натурхаус ЛА Риоха ќе биде клучно, иако тешко тие мислам дека се појаки и од Загреб и од Мешков.

3. Станиќ е огромна загуба за екипата која многу тешко ќе ја надоместат. Вугринец исто ќе биде (кај да е очекувам и тој официјално да замине). Тоа е неоспорен факт. Но долгорочно за екипата, ако финансиски се среди, може да биде и позитивно. Некако сите забораваат дека и Вугринец и Станиќ се на залезот на кариерата (плус Станиќ е и доста проблематичен тип). Металург треба да биде јак и после нив, па ова е огромна шанса да добијат искуство помладите. Атман не е толку стар, но тој мислам дека секако ќе си заминеше идната сезона, а и искрено не е до толку потребен на екипата (не дека не е класа играч, ама на лев и среден има еден куп кадарни играчи и таленти во Металург на десен бек голман се тенки).

4. Искрено, лесно може се ова и добро за клубот да заврши. Ама за таа цел мора под итно Червар да сфати дека треба да се работи за долгорочното добро за клубот. И не мора да ја минат групата, ама мора да се обрни внимание и да им се даде реална шанса на младите. Талески, Нелоски, Пешевски, па дури и странците, Борозан, Липовина, Џукиќ и Марсениќ, МОРА ДА ИГРААТ ВО ЛШ!!! Нема место за изговори тука. Како неутрален гледач на ракометот, јас дури и позадоволен би бил со тимот ако ги играат младите оваа сезона отколку да се форсираат играчи кои не се иднината на екипата.

5. И Червар а и Наумче треба да сфатат дека од таа повреда формата се враќа постепено. Форисрање на минути нема да помогне. Премногу е форсиран Наумче моментално и веројатно е главниот виновник за поразот во Загреб. Мораше да им даде по 10-15 минути шанса во напад Червар на Борозан и Неловски којга веќе му се во составот место Наумче да игра огромен дел од натпреварот. Исто и не можам да сфатам како не разбира колку му пречи во организацијата на играта играњето на деснорак играч на десен бек. Од време на време за промена е ок, ама Липовина можел или неможел мора оваа сезона да биде фрлен во огнот. Поарно нека земат некој од Јуниор (Велковски или Давитковски) за замена без разлика што се неспремни и премлади за ЛШ. Скоро цел натпревар со деснорак играч да играш на таа позиција против екипи од ранг на ЛШ е невозможно. А да не зборувам што Наумче н десен бек не само што е катастрофална идеја туку и само ќе му го отежни враќањето на формата. Реално Червар е главен виновник за поразот во Загреб.

6. Не прочитав досега оние што имаат сезонски купено од Металург да се пожалат ама и тоа како имаат право. Недозволиво е веднаш откако се продадоа картите ваков хаос да се случи. Тие луѓе купувале карти и за да ги видат Станиќ и Вугринец и сл. Ич не е битно какви биле како фанови битно е дека дале пари за таа цел. Професионален клуб не смее да си дозволи вакво скандалозно однесување во тој аспект. А и медиумите никаде ги нема. За ваква ситуација на запад медиумите бунт ќе кренат, затоа што ситуацијата е еден вид на шлаканица за оние кои плаќаат за нив, оние заради кои и постои клубот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom