Поставата Борозан - Циндриќ - Липовина не ја пушти да игра у ниту еден момент од наптреварот, у ниту еден момент, ниту еднаш! Постава која газеше у секој натпревар кој го изигра. Наместо нив упорно игра со ниска постава која три натпревари по ред ги губи. Колку треба да бидеш глуп да правиш такво нешто? Глуп ли си, слеп ли си, стар ли си, инат ли си, уште у глава ли ти се врти Ивано Балиќ па мислиш дека ниски брзи ракометари можат секој натпревар да го решат. Па и Балич секогаш го сопираа Французите и нивната 6-0 одбрана. Како може толку искусен тренер да прави така упорни и глупи грешки?
Циндриќ со неговите движења секој напад градеше позиција за играч шутер, секој напад, само нема кој да шутира. Па колку и да не го бива играчот шутер од чиста позиција која Циндриќ му ја создава неможе да промаши а Борозан е разбивач, колку и да не го бива, а баш напротив го бива, неможеше да изигра полошо од Атман. Зашто не го пушти на 5 минути барем? Од тие чисти позиции кои Циндриќ ги правеше, на таа одбрана на ПСЖ , имаше да ги уништи со неговите шутеви од 9-10 метри. Многу лоша тактика, многу лоша. Да не зборам за чистите контри кои може ги имаше 10, и ниту една не беше искористена. Ова е натпревар изгубен само поради инатот и глупата тактика на Лино Червар, само поради него и никој друг!