Напаѓачката бековска линија на Металург за идната сезона: Борозан, Циндриќ, Атман, Н.Мојсоски, Миркуловски, Вугринец. Кој од кој покласа играчи.
Во одбраната стандардно со Јоновски, В.Маркоски, плус со Кеџо и од време на време и Вугринец - сите високи и корпулентни.
Единствен „класичен“ лев бек-шутер е Борозан, но тој во даден момент може да биде заменет со Н.Мојсоски и Атман, додека Миркуловски и Циндриќ се типични средни бекови коишто одат на влезови (иако Миркуловски знаел да погоди и од 9 метри, но тоа не му е примарниот начин на игра). Затоа, не знам дали овде има потреба да се интервенира; во даден момент, може да се земат и Талески и особено Нелоски од младиот тим, за да покријат на лев бек (вториот се надевам дека ќе се врати целосно од повредата, и физички и психички, бидејќи велат дека е огромен талент).
Можеби треба да се размислува за нов квалитетен десен бек во нападот. Идната сезона ќе му биде последна на Вугринец (така тој најави - дека ќе игра до 40 години и тогаш ќе се пензионира, а догодина ќе ги наполни), а Кеџо не се покажа премногу добро во нападот, иако врши работа во одбраната. Земен е и Мартин Велковски од младиот тим, но веројатно нему ќе му треба време да се привикне; не знам дали една сезона е доволно време - веројатно Червар и соработниците знаат.
Лево крило е одлично покриено со Манасков и Ојлески, коишто се горе-долу со изедначен квалитет, а и Палевски е земен како резерва од младиот тим.
На десно крило е Георгиевски и З.Мојсоски, плус и младиот што до земаа од Србија (не ми текнува како се викаше); малку е „понерамноправна“ распределбата бидејќи Георгиевски е прилично подобар од З.Мојсоски. За младиот србин не знам ништо.
Пикер - најслабата точка, бидејќи Димовски ќе се пензионира после натпреварите против Грција, а Н.Маркоски и особено Пешевски не се на тоа ниво. Веројатно тука ќе треба да се вложи некоја пара повеќе за да се доведе квалитетен пикер. Криво ми е што Топиќ не успеа да се наметне.
Голманите се извонредни, особено Станиќ, стандардно (се надевам дека нема да има испади какви што имаше сезонава). И Мијатовиќ и Митревски можат да блеснат во даден момент и тоа е многу важно, за да не паѓа сè на Станиќ, а и да му биде јасно дека не е целосно незаменлив, т.е. да мора се бори постојано за својата позиција. Заради патриотски причини би сакал Митревски повеќе да брани, но тоа е тоа - Червар одлучува.