Фан клуб - РК Металург

PewDiePie

Секоја чест што стигна Металург до 1/4 финале, дај боже до година и 1/2 финале да стигни, немам ништо против Металург, баш како македонски претставник во Европа ми е мило што има добри резултати...
Ама да го споредуваш со Пелистер, мало морген, па ајде и со Вардар да речиме, овие 2 клупа се чекор пред Металург ако збораме за историја ! За моментално да, Пелистер е :гомце: а Вардар ова година заслужено ви скина титула ! Па од другата година мислам дека Вардар ќе биди уште посилен, така да борбата ќе ви биди со нив и наредните години, се разбира доколку се свести некој кај нас што беше Пелистер во минатото па да го врати таму кај што припаѓа, а до тогаш ќе бидиме далеку зад вас Металург/Вардар па сега и Куманово, Тинекс, Зомимак се појаки од нас, едино рамо до рамо сме со Преспа за жал :(
 
Па Металург е тим кој е формиран таму некаде далечната 1971 година не е екипа собрана од вчера туку колку да сте пишеле глупости.... И најуспешен тим што ја преставувал Македонија во Европа... Тие две титули разлика во Македонско првенство само повеќе ќе го направат ракометот поинтересен за гледање бидејќи сите три тима се со богато реноме...
Дај боже Пелистер еден ден да биде на старите патеки меѓутоа да се мери со овој успех во модерно време со Металург тоа нема никакви шанси тие ехф купови... Ниту Вардар се што има освоено надвор од Европа а најголем успех е полуфиналето исто во ехф куп што е огромна неспоредлива разлика... Ама тоа од друга страна не може да ги намали успесите на Вардар во Македонија тим со највеќе титули на сите фронтови. Меѓутоа со овие најави за спонзор можеби еден ден ќе го надминат и овој успех.
 
Се мислам дали да те цитирам во темата "Пост на кој сте се изнасмеале" Металург го споредуваш со Вардар и со Пелистер кој уште 10 години не дај боже да биде на ова ниво, пак нема да можете да бидете ни 1% од она што е Пелистер во ракометот за вас. Разберете дека вие никогаш нема да го доживеете она што го имаат доживеано фановите на Вардар и Пелистер и во добро и во зло. Терајте си ваш филм, нема да ви го кршам, радувајте се уште некоја година, ништо чудно за некоја година да биде и R.I.P. Металург, и онака само еден човек би го водел ова маалско клубче. ;)
 
Уште да знаевте кој се играше за тие екипи со кои играше Пелистер на времето ќе го сменевте мислењето за тој НАЈГОЛЕМ УСПЕХ ВО ИСТОРИЈАТА на тој ваш Металург(ака фенси Бекстејџ шмеќерски клуб со 30 навивачи на купче(екс Огномак М):pos:
Пелистер ко играше со Искра Киелце(денешен Киелце),во 96та со Вента и пола полска репрезентација во нивните редови и кога ги прегази со цели 10 разлика во Битола то не беше било каков резултат...
За екипата на Лемго да не прајме муабет,со Зербе,Даниел Штефан,Марк Баумгарднер,Бездничек и компанија, во своите редови,со Лајош Мочај како тренер....против ваква екипа Пелистер беше на пичкино влакно до финале,во сите елементи го надигра Лемго во двомечот,ете немаа среќа........
После во финале Лемго лесно ја помина Тека Сантандер на Талант Душебеав,уште еден доказ колку беше јак овај куп во то време...
Во Челинџ,елиминирани беа екипи како Псж,со Никола Воиновиќ,со Оливер Жиро,Зунига....екипи како Фредериксберг со Бо Спелеберг во тимот,еден Скјерн беше прегазен на првиот меч во Битола,со 7 тогашни репрезентативци на Данска,Данска која по кусо време стана европски првак,со Егерт од Фленсбург во тимот....со Јеспер Јенсен....ова беа утакмици...
Вардар ко играше полуфинале на КПК 98 то беше се само не наивен куп....а богами и Вардар со Игро Котевски,со Каланадзе,Маљцев,Брестовац не беше боранија....
Ама џабе,вие грото шо мрчите за Металург овде појма немавте од ракомет тоа време,мислите дека ракомет почна да се игра со победите на Металург во убедливо најслабите две групи во ЛШ изминатите две сезони,против екипи како Копер,Шамбери,Ст Петерсбург,Силкеборг,Констанца.....
Никој не го негира пласманот на Металург во 1/4,ама дека до него стигнаа победувајќи некои врвни екипи нема шанси....
Точно е дека тој ракомет на времето и овај денес не се исто,ама да се девалвира успехот на Пелистер и Вардар на времето за сметка на ова 1/4 финале на Металург во една ваква конкуренција е помалку смешно.....и детски....
Кога ќе почнат да победуваат екипи кои вредат,реално досега Металург нема победа на домашен терен над некој гигант од Германија,ете и од Полска,кога ќе има тогаш ќе прајме муабет....
Џабе успехот во ЛШ кога ја посраа главната работа,и не го продолжија континуитетот....
 
Дај не го дрвите многу, факт е дека Металург го постави најголемиот успех во нашиот машки екипен ракомет... ЛШ не смее и не може да се споредува со послаби купови, без разлика на кои екипи налетал Металург во ЛШ, а на кои тимови налетале Вардар и Пелистер (без разлика во кој куп). Успехот е уште поголем со оглед на тоа што имаше континуитет во ЛШ, претходната година 1/8 финале, оваа 1/4 финале. И која историја ја имаат Вардар и Пелистер? Историја која почнува '92 со наша лига... оти гледам двете екипи заедно во поранешна Југославија имале вкупно 0 титули.
 
хахахаха луд си ти. Пелистер ако нема историја пред 92 незнам кој има..
 
Може да зборите што сакате али останува фактот дека Металург играше 1/4 финале лига на шампиони што е најголем успех на македонски машки ракометен клуб.
 
хахахаха луд си ти. Пелистер ако нема историја пред 92 незнам кој има..

Не негирам дека сум луд... ама па и не гледам дека освоиле титула.
http://rss.org.rs/files/Drzavni_prvaci.pdf
Иако за поздравување е тоа што два пати биле втори, малце пред распадот на Југославија.
 
Леле спрема какви математики го величите малиот Металург, тоа ти е исто како да дојде некој Арап сега и да вложи во РК Преспа и да стигне до Ф4 и спрема вашите логики Преспа е поголем бренд и клуб и симбол за државата од Вардар и Пелистер :facepalm: Стигнале до 1/4 финале и го надминале Пелистер :X3: :LOL: :гик: Цареви сте сите тука еј жими се :pos:
 
Мешате успех со име, бренд, традиција...

За 30 години од Кометал ќе остане само успехот, за жал, не сакам да се случи такво нешто со било кој друг, па ниту со Металург(само да ја сменат управата и селските манири).
 
Мешате успех со име, бренд, традиција...

За 30 години од Кометал ќе остане само успехот, за жал, не сакам да се случи такво нешто со било кој друг, па ниту со Металург(само да ја сменат управата и селските манири).
Што е останато моментално од Пелистер? Само успесите од 90-тите, ни традиција, ни име, ни бренд… Управата дури нема намера клубот понатака да се натпреварува.
 
Не негирам дека сум луд... ама па и не гледам дека освоиле титула.
http://rss.org.rs/files/Drzavni_prvaci.pdf
Иако за поздравување е тоа што два пати биле втори, малце пред распадот на Југославија.

Друже они биле втрори во најсилната лига во европа. Нормално дека не можеле да освојат при таква силна Металопластика. Тоа што бил Вардар во фудбалот бил и Пелистер во ракометот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom