- Член од
- 14 април 2010
- Мислења
- 4.706
- Поени од реакции
- 6.117
Ќе дојдеме и во Автокоманда в отоа шталичето, само ако се толку мажи нека пуштат исто карти колку они што доиваат за кај нас, и нека пуштат во слободна продажба карти, а не да ставаат цена по 500 денари и да ги продаваат во канцелариите и да не продаваат на сите, туку ги проверуваат дали се навивачи на Металург.За тој ВАШ клуб во македонија си има тема.
Ова е тема за ШАМПИОНОТ на Македонија,и ај те молам напушти ја.
„Комитите“ се вратија во „Кале“. За жал, со нив се вратија и сцените што одамна сме ги заборавиле. Натпреварот во кој сите имавме желба за победа, натпреварот што се смета за најголемо балканско дерби се претвори во бојно поле каде што видовме сѐ - но ништо спортско.
Можеби Металург се одвикна од таквите сцени, играме во лига каде што за една фрлена лента се плаќа казна од 500 евра, па сепак се надевавме дека авторитетот на лигата под името СЕХА е доволно голем за да нѐ заштити од тоа што нѐ снајде. Сметавме дека лигата што до скоро ни бараше подлога „герфлор“ и ЛЦД-реклами има доволно механизми за во корен да ги пресече хулиганските испади и насилното однесување.
Вчерашниот натпревар не смееше да има крај, а службените лица на СЕХА-лигата (судии и делегат) имаа десетици причини да ја прекинат средбата или да ги испразнат трибините. Неверојатно е натпреварувањето, во кое утре сакаме да ги поканиме Словенците и Унгарците, да дозволи сцени со какви што изобилуваше вчерашната средба и тоа така да заврши.
Стотици метри фрлени ленти, стотици фрлени запалки и монети, физички пресметки и полициски интервенции, плач на деца најдени среде насилство - и сето тоа мазно помина.
Плукани, навредувани, гаѓани со разни предмети во текот на сите 60 минути (инаку натпреварот траеше рекордни два часа, а само првото полувреме - 62 минути) беа ракометари што претставуваат јадро на македонската репрезентација. Плукани, навредувани и гаѓани од луѓе што до вчера ги величаа нивните имиња гордо носејќи македонски знамиња. Плукани, навредувани и гаѓани во име на љубовта спрема нивниот клуб, иако чудна е таа љубов што се мери со бројот на точните погодоци со тврди предмети. Нашите ракометари вчера не добија никаква заштита. Ниту од редарите, ниту од полицијата, ниту од службените лица. Многу поважно беше средбата да заврши како така и да нема барем човечки жртви.
Затоа Металург не ја „есапи“ СЕХА-лигата и затоа ѝ посветува онолку внимание колку што смета дека е потребно. Затоа што под „шминката“ што сака да ни ја продаде, СЕХА-лигата не е никакво сериозно натпреварување, туку само надеж на вљубениците во ракометот дека можеби нешто ќе се смени, ќе тргне. И таа надеж и нѐ држи сѐ уште во ова натпреварување.
Да беше вчерашниот натпревар во организација на ЕХФ, домаќинот ќе мораше да ја продаде салата за да ги плати казните. Но и тој ја знае вредноста на СЕХА-лигата, па можеше да си дозволи таква доза насилство.
Вчерашниот натпревар создаде и нов преседан. Отсега секој, буквално секој, ќе може да го стори истото, со истата доза насилство и со право да очекува дека тоа ќе помине. Не смее веќе да има два аршина, па ако Металург смета дека во „Автокоманда“ треба да погоди некого со запалка - тоа мора да му се дозволи. Најмалку ќе има право да се жали токму Вардар. Ако некому ова му изгледа несериозно и заканувачки - не е, само ја отсликува реалноста со која ние се соочивме вчера.
Ние ги сфаќаме фрустрацијата и желбата на Вардар. Не е лесно да гледаш како конкурентот ти игра „во господска лига“ и секоја година ја освојува титулата. Ама некоја мерка и некоја граница мора да има. Вчера не ние туку Вардар е понижен што мораше да употреби толку драстични методи за да дојде до победата.
Ако зборуваме за ракомет, вчера го немаше, барем не од наша страна. Металург не е подготвен да влезе во војна за да победи во натпревар од СЕХА-лига. Вардар ја посакуваше победата и ја доби. Ние не се лутиме и му честитаме. Да се работеше за ЛШ или за домашното првенство - војна ќе имаше, и Вардар добро го знае тоа.
И покрај сѐ досега кажано, Вардар победи со лото-шут по истекот на времето. Тоа ги доведе неговите ракометари во состојба на егзалтација, а неупатените веројатно помислиле дека се работи за финале во ЛШ.
Толкав труд речиси за ништо.
Секој има можност за реванш, а ние ќе ја имаме во „Автокоманда“.
И колку подценувачки само е соопштениево кон Вардар и омаловажувачки ама џабе им е не играле смао они ЛШ и Вардар има играно и Пелистер и они победувале, плус Вардар има три полуфиналиња во европските купови.
Ме мрзи да пишувам а и ќе треба три страни постот да биде за како е во Автокоманда, ама ете најтазе беше лани во првеснтвото кога влегоа и во Автокоманда на терен навивачите, кога во шанса да дае гол Собол беше мавнат со шише вода и никој ништо не направи ниту од Вардар плачеа како овие пичкиве.