Фан клуб - РК Металург

Честитки! Едноставно ги прегазивте, разликата е во класи... Реално Металург е втор по квалитет во групава, останува тоа да го докаже против Плок и Копер на гости.
 
нека кажи некој како се вркстува после? или има ждрепка... ако вкрстуваме со Д група или со АДемар или со кил
 
нека кажи некој како се вркстува после? или има ждрепка... ако вкрстуваме со Д група или со АДемар или со кил
Со Д група се вкрстува ми се чини, една од Копенхаген, Кил, Адемар Леон, Монпеље .. тешки противници.
 
Нема втора фаза со групи веќе???Зошто јас мислев така ќе биде, вака со елиминации од 1/8 финале , наебавме, мораше барем 2-ри да бидеме.
 
па втори сме моментално
Дај Боже да останиме ама имаме страшни гостувања... кога овие лесниве не го добивме нив тешко за очеквуање, ама ништо не е изгубено... сега приоритет прво е ЕП.
 
Што ви е бе,едно гостување сигурно победуваме итоа со 1-2 разлика во наш стил во последна минута,а на другото барем нерешено да извадиме и ете 2-ро место.

Хамбург дома пред полн Борис Трајковски може да биде непријатно изненаден.
:D

Имаат кадар дечкиве да победат секого,башка за во `1/8 Лино ќе ги стегне,знае тој како треба.
 
Абе се убаво и не сомневам дека нема да идат понатаму и да прикажат уште подобри резултати, ама мора многу почесто да менува Червар за да клучните играчи му бидат свежи и второ полувреме зашто на секоја утакмица баш во второ паѓаат.
Посебно се гледа кај Мојсо зашто он во Металург е што и Карабатиќ за Монпеље, Балиќ за Загреб.
 
Да ти е мерак ракомет да гледаш, толку доминантна македонска екипа во Европа немало од Кометал:))Него друго ме интересира, има некој подетална информација за Станич-Гепинген?Кажал на Бекстејџ, а и на германскана најпозната страна пишува..Ваљда ќе се потрудат да го откупат, таман го засакавме, хиена(y)
 
Јас како што знам во Металург е само сезонава значи до крај на Мај и си заминува во Гепингем... Пари... Инаку Металург утре најверојатно не игра со Босна на гости ради тоа што домаќините сакале да судат нивни домашни судии ради финанскиски потешкотии па се преговарало двете да се играат во Скопје на 18ти и 20ти.
 
Па и јас така знам, ама наводно многу му се свиѓало се што се дешава во Скопје и Металург, а и не зема малку пари..Ќе видиме:icon_lol:Сепак во секој случај, за наредна фаза може да се направи барем една измена, добар бек да се донесе..ама ДОБАР, да не го чекаме Кире до идна година:)
 
Некој праша за вкрстувањата понатаму. Од оваа сезона нов систем има. Првите од сите групи вкрстуваат со четвртите, а вторите идат на третите. Сето тоа на ждрепка и неможе да се паднат тимови што играле во иста група. Ваљда објаснив добро:)

За второ место доволна ни е само една победа ама мора да биде против Копер на гости. Е тука е проблемот зошто на гости сите знаеме како играме ама ај сеа може без притисок за влез во втора фаза ќе успееме да победиме.

За Станиќ:cuc: колку што знам имал преддоговор со Гепинген за наредна сезона. Е сеа немора да значи дека ќе си замине. Доколку му понудат појак договор не би ме чудело да остане. Па човекот е ко бог овде.По крајот на утакмицата ги собра сите играчи и почна да навива со нас.:vozbud:
 
Значи ни треба само 1 единствена победа од овие 3 преостанати натпревари за да останеме втори во групата... Се прашувате КАКО ? Па едноставно, имаме исто бодови со Копер, и ние и Копер играме против Хамбург до крајот уште еднаш и нормално е за очекување дека ќе изгубиме и ние и Копер од Хамбург и ни преостануваат 2 натпревари, а и двете екипи остануваат со по 9 бода ... После тоа, ние гостуваме во Плок против Висла и го губиме тој натпревар, додека Копер дома игра против Петерзбург и го добива тој натпревар (што е реално) и ние имаме 9 бода а Копер 11 и останува уште 1 коло до крајот... Во ова коло ние вкрстуваме со Копер и потребно е само против нив да победиме (автоматски они имаат пораз) и ние и Копер имаме по 11 бодови и се е јасно понатаму кој иде како второ пласиран ( ако имаат 2 екипи исто бодови, се гледаат меѓусебни дуели а ние против Копер би имале 2 победи)... END OF STORY !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom