Браво за Металург .. Честитки до сите навивачи ... Денес бев да ги гледам во Борис ... Навивам за нашите екипи (Металург и Вардар) едноставно немам фаворит и во дербито кога играа посакував нерешено да заврши (така и испадна) ... Но, сепак и малку критика ќе дадам.. МОРА Металург да победува и на гости во лига на шампиони.. Многу ја зафркнаа работата во Романија со Констанца, а богами и со овие Русиве можеа таму да победат имаа сигурно водство 3-4 гола па за на крајот да се вадиме со реми ... Верувам, значи верувам дека Металург може дома со нашава публика, со Станиќ да го победи и Хамбург ... Но, сега ни остануваат 2 во гости со Копер и Висла и очекувам барем 1 победа (со Копер најмногу посакувам) да донесеме од тие гостувања ... Прејјак е Металург на домашен терен со ватрена публика и атмосфера, но исто така мора да поработат на менталитетот, бидејќи секогаш добро играме прво полувреме второ се опуштаме (така беше со констанца нагости, дома Загреб) ...
И уште нешто ... Многу значи уште од сега ми е многу жал што Станиќ ќе си иде наредната сезона .. Дајте нешто да направиме со пароли да истакнуваме на утакмици да го убедуваме да не си отиде, т.е раководството на Металург да плати за раскин на договорот на Станиќ од наредна сезона со Гепингем ... Значи таков голман досега не сме имале .. Типацот минимум ЗНАЧИ МИНИМУМ има 15 одбрани на натпревар .... За него не се доволни пофални зборови и затоа само ќе кажам дека он е голман од СВЕТСКА КЛАСА ...