Фан клуб - РК Металург

Секоја чест за играчите им одржаа час по ракомет на Русите.
Станич :cuc:
 
Секоја чест за победата на Металург, кој многу добро го претставува македонскиот клупски ракомет на меѓународна сцена..не е мала работа да се пласираш меѓу најдобрите 16 екипи во Европа...(y)
 
Се гледа јак буџет што носи. Одлични играчи, тренер, професионалност во преносите на натпреварите, професионална атмосфера во клубот, што ги мотивира играчите многу и секако со тоа нема бегање од успеси. Браво за Металург.
 
Луда атмосфера во сала, за Станич немам зборови човекот е ѕвер. Иако жар имаше само први 10 минути сепак одличен меч, Мојсо уште еднаш лидер, Маркович и Миркуловски во споредна улога.
 
Браво браво, одличен натпревар на Металург. Русиве беа изгубени, и како да немаа пикер, ниту некаква игра. Штета што изгубиле бодови од ваков тим на првиот меч.
 
Заслужено си се пласираа меѓу најдобрите 16. Станич- ѕвер!
Игорче како и секогаш глупости трескаше, врвот ми беше кога кажуваже дека тој/таа што ја направил салата воопшто не мислел/а за тоа како би се одвивале преносите во живо :pos:
 
Одлично склопен тим на чело со Лино Червар. Браво! (y) Овој успех на Металург е само потврда на тоа што се надевам дека ќе се случува во Србија. Чим на ваква атмосфера на еден клуб кој нема којзнае колку навивачи, противниците тотално се губеја и незнаеја кај тераат, тоа што ќе се случува во Србија би требало да е неописливо.(y)
Со која група Металург вкрстува во 1/8 финале? Или има ждрепка?
И уште нешто... ова свиреживе што се пуштаат од звучнициве при напад на противниците (тоа го имам приметено и на рк Вардар) е дозволено ?
 
Браво Металург,заслужено сте меѓу 16 најдобри во Европа...
 
Честитки и од мене !!!
Заслужено сте во 1/8 финале !!!
Со среќа во понатамошната рунда !!!(y)
 
Браво, Металург, го обедини Скопје и Македонија барем на 2 саата. Сепак веке кога се пласиравме во 16 најдобри во Европа сега потребно е барем 2 победи од последните 3 натпревари за да се биде втор во групата што ни носи полесен противник во 1/8 финале (третиот од другите групи) и поголеми шанси за влез мегу 8 најдобри. Значи нема славење и застанување, мора да се брка тоа второ место или најлош случај трето. Доколу си останеме четврти тогаш мислам дека нема што да бараме во 1/8 финалето.
 
Браво за Металург .. Честитки до сите навивачи ... Денес бев да ги гледам во Борис ... Навивам за нашите екипи (Металург и Вардар) едноставно немам фаворит и во дербито кога играа посакував нерешено да заврши (така и испадна) ... Но, сепак и малку критика ќе дадам.. МОРА Металург да победува и на гости во лига на шампиони.. Многу ја зафркнаа работата во Романија со Констанца, а богами и со овие Русиве можеа таму да победат имаа сигурно водство 3-4 гола па за на крајот да се вадиме со реми ... Верувам, значи верувам дека Металург може дома со нашава публика, со Станиќ да го победи и Хамбург ... Но, сега ни остануваат 2 во гости со Копер и Висла и очекувам барем 1 победа (со Копер најмногу посакувам) да донесеме од тие гостувања ... Прејјак е Металург на домашен терен со ватрена публика и атмосфера, но исто така мора да поработат на менталитетот, бидејќи секогаш добро играме прво полувреме второ се опуштаме (така беше со констанца нагости, дома Загреб) ...

И уште нешто ... Многу значи уште од сега ми е многу жал што Станиќ ќе си иде наредната сезона .. Дајте нешто да направиме со пароли да истакнуваме на утакмици да го убедуваме да не си отиде, т.е раководството на Металург да плати за раскин на договорот на Станиќ од наредна сезона со Гепингем ... Значи таков голман досега не сме имале .. Типацот минимум ЗНАЧИ МИНИМУМ има 15 одбрани на натпревар .... За него не се доволни пофални зборови и затоа само ќе кажам дека он е голман од СВЕТСКА КЛАСА ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom