Каква комедија човече


Цела екипа се бунтува против тренерот.
Тренерот го цитира Черчил и дава изјави дека година и пол не зел плата.
Газдата го поддржува тренерот и обвинува на пуч.
Претседателот излегува на слика и го потпишува Петар Мисовски

Управата по брза пошта им праќа суспензија на Кеј
Овде има материјал не за филм, за цела серија комедија
Ситуацијата според мене е очигледна. Управата на чело со Минчо не сака да фрла еден куп пари на играчи кои со оглед на ситуацијата во која е екипата не им се воопшто потребни: Мојсовски, Димовски, Вугринец, В.Марковски, Јоновски, Атман, а претходно и Станиќ и Коциќ. И сака да ги натера сами да си побараат раскин без да мора да ги плаќа како секој нормален и професионален клуб. Играчите не сакаат ни за жива глава да се откажат од тие пари бидејќи нормално никој нема да им ги понуди, особено не сега сред сезона. Од трета страна тука се јавува РФМ на која нормално не и одговара што играчите кои треба да го понесат товарот на првенстовото за кое се направија толку жртви практично се во аут и нема да играат воопшто.
Како да правиш некој ќе го крка, а и несомнено се прави многу лош преседан со неисплаќањето на играчите. Потпишаните договори мора да се испочитуваат. Требало многу порано да мисли управата на тоа а не сега да вели пу пу не важи. Од тие причини на некој начин главен виновник е самата управа (Минчо, Левче, Лино - сите). Од друга страа, бунт против тренерот никако не смее да се дозволи бидејќи може да создаде огромни проблеми во дисциплината во иднина, ако играчите мислат дека се поголеми од тренерот следи катастрофа - знаеме и самите што се случува во репрезентацијата.
Миркуловски и Георгиевски, можеби и Манасков мислам дека се настрана од оваа ситуација. Тие се деца на Металург, имаат сеуште што да му пружат на клубот во иднина, а и самата управа мислам дека нема никаква намера да се откаже од нив.
Мистеријата е што ќе се случи со Марсениќ, Борозан, Циндриќ, Липовина и Џукиќ. Тие се wild card во целата ситуација. Штета би било туку така да се загубат вакви таленти, без разлика што не се македонци.
Најсмешното е што долгорочно ова може да испадне и многу добро за репрезентацијата. Се некако води кон тоа дека пола Јуниор ќе игра во ЛШ

. А подобро од тоа со оглед на се што се счучува не може да има.
П.С. За едно нешто донекаде можам да се сложам со играчите - Червар имаше еден куп потези сезонава како да сака да губи намерно тимот. Ама не толку неповикањето на некои играчи туку во самата стратегија на натпреварите. Дали човекот тотално се изгуби или е друго во прашање е дискутабилно...