Фан клуб - РК Металург

За изјавата на Станиќ до Мично во превод значи:
-Давај поќе пари или ги палам патиките :D :pos:

Добар ракомет, отворен со многу голови..
Ме изненадија Динамо, не очекував дека толку ќе се отворат, брзи контри, зато на крај постигнаја 29 гола..
На почетокот израмнето се до средината на првото полувреме, па Металург се одлепи 2-3 гола, Динамо стигна и на крај на полувремето повторно Металург имаше +2
Второто продолжија со исто темпо, ме изненади Ојлевски (y)
Атман и Наумче распукаја ! Кај Динамо се знаеше дека најголемата опасност доаѓа од Рутенка, исто и Нинчевиќ добар, голманите во двете екипи слабо, среќа за Металург шо не се разбрани Пејановиќ иначе црно му се пишеше..

Со овие резултати до сега и со распоредот до крај шо го има Металург, мислам дека имаат реални шанси за 2 место (y)
 
Денес од РК Вардар стигна информација дека биле контактирани РК Металург со цел за резервација за карти за навивачите на Вардар за натпреварот кога играме како гости против Металург. Оттаму стигнало повратен одговор дека на нивниот домашен натпревар со Вардар ќе немало карти во продажба а ниту резервирани за нас, најверојатно се ќе поделат по пријатели и фирми на Минчо. Ние им рековме и нагласивме дека 10% од капацитетот мора да биде резервиран за гостински навивачи, и кон тоа да се држат доколку Металург остане на својот став, и ќе мора да се почитуваат правилата и прописите на ЕХФ и да добиеме околу 700 карти (да си ги купиме).
Зарем ? Некое инфо имате вие или слабо ?
 
А Никола Марковски и Ојлески потпишале за Металург уште пред последните два најбитни натпревари... Исто и Додер... Греота Лино :(

Станиќ очигледно има проблем и со одредена личност од клубот, али ако му се исплатат платите ќе нема гајле, професионалец си е Даре.
Tocno,ama....Lino ne e Vujo....Vujo e spremen na se,bukvalno da se samo za da pobedi a i toa mnogu pati go ima dokazano...
 
Станиќ си сака трансфер, тоа им е јасно на сите. Е сеа проблем е што единствена сериозна понуда е од Вардар при што и овој сака да дојде. Во тој случај на сите им е јасно дека со трансферот на Станиќ во Вардар ќе се решат дилемите за тоа кој ќе биде шампион оваа година.

До кога ќе му ги трпат циркузиве ќе видиме. Карање со цела клупа, одбивање да влезе во игра, неприсуствување на тајмаут, серење по медиуми...

По мене ќе се бара пристојна понуда од странство по секоја цена да не иде во Вардар.
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 01:06 ---
Зарем ? Некое инфо имате вие или слабо ?

Каде е објавено ова?
 
Не треси глупости:
Станиќ одлично си ја врши работата. Ова му е прв слаб натпревар оваа сезона.
Никогаш не одел на тајмаут. Нема ни потреба да оди затоа што е голман.
Не одбил да влезе во игра!
Кажа дека останува во Металург оваа сезона и тоа нема да се смени.
Со среќа нека ви е со голманите што си ги имате во Сава ;)
 
Неко је мало нервозан...:D

Интересно збориш баш како официјален став на Металург, хмм :rolleyes:
Сите видовме што се случи денес и јасно е дека сака да си оди уште од летото. Незнам дали ја прочита неговата изјава после натпреварот :) Исто така Лино на пресот изјави дека Станиќ си има некои проблеми и не тренирал со тимот последниве 7 дена. Фино и со изјави му се умилкуваше на Вардар кога излегоа гласните за негов трансфер. Ако се најде купец за него во европа арно, ако не, ќе треба да си го трпите или да го дадете во Вардар. :)

Ако не го продаваат спремајте се за повеќе циркузи низ сезонава.

П.С.
нели ако сме Сава, Станиќ е србин така да логично дека одговара да дојде во нашиот тим а? :ROFLMAO:
 
Мене како што ми изгледа, ако не ги средат проблемите во меѓувреме, со Станиќ на голот, Металург ќе губи од Вардар....
 
Има уште 3 недели до следниот натпревар во ЛШ. Многу работи ќе се средат до тогаш. На екипата и треба Станиќ, ама исто така и треба единство и мир. Ако не може двете заедно тогаш Станиќ ќе биде на трибина на следните два дуели. Во јавноста излегува секој 10ти збор па затоа не може да знаеме што точно се случува. Како и да е овие работи не се прават на сред сезона, особено не на самиот меч со директен конкурент и пред два меча со друг директен конкурент.

Можеби Станиќ сега ја користи приликата да уценува и да му врати на клубот што не го пушти да си оди, а можеби е мета на нечесни игри пред дербито? Газда на кладилница сигурно има голема екипа за секакви работи. Мислам дека Дарко е под голем притисок и ме радува тоа што човекот никогаш не би им наштетил на соиграчите. Ако некој „му ги врзе“ рацете пред натпревар, попрво не би бранел отколку само да стои на гол.
Една работа да ја знаат душманите. Станиќ е балканец. Најдобро функционира кога ќе проработи инает. Се надевам тоа ќе го осетат противниците на Металург.

Следните два меча Металург - Вардар ќе бидат нешто ново до сега. Ќе ги нема Начевски, РФМ и оној мајмунот што тепа судии и прави прекини.
 
Uste koga ne go pustija letovo( citaj barale 800 000 evra) se znaese deka ke pravi vakvi stvari. Nezadovolen igrac e najloso na sil da go cuvas u tim.
 
Негов избор е што ќе прави, ама треба да си мисли малку и на реномето. Вчера кога се расправаше на клупа со Петревски и со човек од управата на Металург, Станиќ личеше на некое аматерче што бил на работа до 5, па одма после дошол да поигра ракомет. Прво цела сала му го скандираше името, ама кога одеа накај соблекувална на полувреме повеќе од пола сала му свиреше. Само малата група Пирати го скандираа.
Ако Станиќ и незадоволен во Металург, прашањето ми е дали и на првите натпревари во ЛШ ( и баражот со Ѓер) беше незадоволен? Зошто го одбра овој момент за да изрази незадоволство?
Вчера прв пат Металург победи со напад. Без голмани и без познатата одбрана. Според мене тоа е изненадување на колото. А циркузот на Станиќ за среќа немаше ефект. Ако некој го нарачал тој циркуз, нека му ги вратат парите.

За 3 месеци ќе има ЕП, а Станиќ ќе биде најголемиот губитник ако се реши во овој момент да си игра играчки со формата.
 
Е сеа глеам сакаш да префрлиш вината демек он под притисок е ова да го прави од „тој со кладилницата“. :)
Си сакаше да си оди он уште од летото и тоа е тоа, молеше и плачеше само да си оди. Ова по мене е негов валкан смислен потег. Ако имал проблеми можел на друго место да ги решава, али он се реши да направи невиден циркуз од тимот, тренерот и играчите и да си го забрза процесот за трансфер. Ете од неговата изјава може да се извлече дека наводно си има проблем со некој од управата и пази... он играч сам бара смена на управа или не гледа иднина во клубот:icon_lol:

Чиста среќа што дуелот со Вардар не е одма сеа во сабота туку после еден месец:)
Зашто сака уште од летото да си оди (а потпиша нов договор) тоа незнам. Дали внатрешни проблеми, дали пари му требаат (ова поверојатно) ќе видиме, можно е веќе да си е капарисан за Вардар па сеа да намали обесштетување. Како и да е после циркузов мора да направат нешто, зашто и он кажа дека нејќе да брани ако нема промени.
 
Ако клубот му должи пари на Станиќ, тогаш има право да си ги бара. Иако ваков циркуз и правење будала од себе не е начинот, сепак може да се најде некое оправдување.
Ама ако Металург го испочитувал договорот со Станиќ, тогаш нема тој што да бара повеќе. Не е тој 10 годишно дете па да не сфаќа што значи потпишување договор. Тоа што Металург не го пуштил си е политика на клубот.

Интересот за Станиќ на РК Вардар Про или на било кој друг клуб не е ништо чудно ниту нелегално. Особено што тој интерес беше на крајот на минатата сезона, во преоден рок.

Јас се прашувам зошто баш сега мораше ова да се случи?
Ако Станиќ ги знаел наводните проблеми што се ставале под тепих и тоа година ипол наназад, зошто воопшто ја почна сезоната? Зошто не им кажал на сите (почнувајќи од соиграчите кои според изјавата му се на прво место и многу ги цени) дека ќе го доработи договорот ама нема да брани? Зошто пред дуелот со Ѓер не го правеше ова?

Мое мислење е дека позади целава ситуација има некој од страна што држи купче со пари и мафта накај Станиќ. Целта не е Станиќ да брани, а да попушта тоа би било премногу очигледно па дури и криминално. Целта спорд мене е Станиќ да го нема на гол, а причината да е некое си внатрешно лошо функционирање на клубот. Ама во клубот има и други докажани ракометари не е само Станиќ.

Единствено нешто што ќе ме разубеди во моето мислење е враќање на Станиќ меѓу стативите кај што му е местото. Секој друг исход уште повеќе ќе ме натера да мислам дека сум во право.
 
Горе доле се слагаме дека има многу непознати елементи во ова случување.

Туку ја ти болдирав дел од твоето мислење и сакав да те прашам во врска со тоа... Дали после ова што го направи Станиќ заслужува да застане меѓу стативите? Дали би било фер кон Лино и играчите после овој циркуз што им го направи? :) може и тоа му била целта да ги стави пред свршен чин за да мораат да го продадат.
 
Според ова што го видовме вчера, јас не би го ставил да брани. Вчера Металург беше оставен на цедило со еден голман на терен и тоа можеше скапо да го плати. Среќа не испадна така.

Ама ќе почекаме да видиме Металург што има да каже. Има приказната и друга страна. Да ја слушнеме.

Ако памтиш летото, сите web странички пишуваа за тоа како Металург ги брка ракометарите, па дури и дека Червар ќе си одел. Од Металург немаше никаква изјава. И после неколку дена, бум. Се сликаа на прес со Атман. После неколку месеци, втори во група во најјаката група во ЛШ.
Управата на Металург не е од вчера. Да почекаме да видиме што ќе направат.
 
значи работава иди дека како и во фудбалот се прават притисоци и нечесни игри од страна на вардар т.е тимот на власта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom