- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Не ми се верува дека ќе стигнат подалеку од осмина-финале. Едноставно немаат капацитет...
ПОСЛЕДНИ ТЕСТОВИ НА РАКОМЕТАРКИТЕ НА КОМЕТАЛ Ѓ.П. ПРЕД НАСТАПОТ ВО ЛШ
Мајстории на Озел
ВО ПРВИОТ ОД ДВЕТЕ СРЕДБИ СО СРПСКО-ЦРНОГОРСКИОТ ПРВОЛИГАШ КЊАЗ МИЛОШ, ЃОРЧЕПЕТРОВКИ ПОБЕДИЈА СО 31:23 (15:13), А ВО НАШИТЕ РЕДОВИ УБАВИ МОМЕНТИ ИМАШЕ ТУРЧИНКАТА ЈЕЛИЗ ОЗЕЛ, КОЈА ПОСТИГНА ЕФЕКТНИ ГОЛОВИ
Нашиот најелитен женски ракометен клуб Кометал Ѓ.Петров со контролни средби ги одработува завршните подготовки, пред настапот во Лигата на европските шампиони, во јануари, против унгарскиот Ѓер, данскиот Алборг и рускиот Динамо Аква. Гостин на Кометал Ѓ.П. е српско-црногорскиот прволигаш Књаз Милош, кој е последен тест пред првиот дуел во ЛШ на 7 јануари во "Кале" со унгарскиот Ѓер. Во првата од двете средби со Књаз Милош, ѓорчепетровки извојуваа убедлива победа од 31:23 (15:13).
Тренерот Андреј Портној ги посакуваше за спаринг гостите од СЦГ, бидејќи играат офанзивно и агресивно, како во одбраната, така и во нападот, и требаше да го "глуми" унгарскиот тим. Воедно, тој, сакаше да испроба повеќе варијатни со ракометарките од кои не бил задоволен на минатонеделниот турнирот во Подгорица и веројатно успеа во тоа. Ова пред се се однесува на триото Платон - Аморим - Охоланга, како и на соработката меѓу Рајхел, која по долгата рехабилитација од операцијата повторно е во строј, со Јелиз Озел и Охоланга. Поголема минутажа имаше и новопечената ѓорчепетровка, Турчинката Гонџа Нахчиванли, која игра пикер. Од сите, најмногу прикажа Јелиз Озел, која за своите луцидни потези и голови што одеа и до перфекција доби заслужени аплаузи.
Самиот натпревар мина во доминација на Кометал Ѓ.П., иако гостинките од СЦГ во првите десетина минути имаа иницијатива и водство, но, потоа откако во игра беше најдобрата постава на Портној, се си дојде на свое место. Средбата со Књаз Милош од управата на Кометал Ѓ.Петров се искористи за контакти и евентуален премин на Романката Валентина Ардеан. Таа на СП во Русија беше прогласена за најдобро десно крило, а и во "Кале" се покажа во блескаво издание. Не само што постигна 6 голови, туку покажа дека може подеднакво добро да игра на повеќе места во тимот. Според претседателот на клубов, Иван Бојков, засега преговорите течат во поволна насока, а дали трансферот ќе се реализира, можеби ќе се знае уште вечерва, по возвратниот натпревар Кометал Ѓ.Петров - Књаз Милош (17.30).