Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Какво пукање што ви е на вас сега од навијачи не направивте терористи. А брат немој да вреѓаш дека сме биле сељаци зошто ние кога се тепаме не употребуваме нозеви, а најмалку пиштоли. А за подетални информации ќе ве информирам кога ќе се врати целата експедиција. За сега остануваат 6 луѓе во Данска по 7 до 10 дена затвор.

Нешто е труло во земјата Данска
 
А ова што е?

Тројца осудени по вчерашниот инцидент во Брондби
Тони Стојановски


15.05.2005
Данската полиција се обидела да ги раздели учесниците во тепачката, направила кордон и уапсила 6 лица


Физичката пресметка меѓу двете македонски навивачки групи започнала кон крајот на второто полувреме, како што дознаваме, поради ривалство и докажување кој е поголем патриот.

Во неа учествувале дел од скопската навивачка група и македонци што живеат во скандинавските земји кои во Виборг дошле за да го бодрат Кометал Ѓорче Петров на дуелот со Шлагелсе.

Данската полиција се обидела да ги раздели учесниците во тепачката, направила кордон и уапсила 6 лица. Наши извори потврдија дека меѓу приведените е и популарниот „Жути“.

Според нив, во негова одбрана застанале навивачи кои биле под дејство на алкохол и се пресметале со полицијата.

„Ние како клуб отсекогаш најостро сме ги осудувале сите инциденти па и со помали последици и помалку значајни од овој“, изјави Иван Бојков, претседател на Р.К. Кометал Ѓорче Петров.

„Како клуб отсекогаш не плашеле ваквите помали инциденти и од пошиорокото искуство што го имаме со инцидентите на ракометните терени во Македонија“, рече Бојков.

„Се оградуваме од сите таквите инциденти и во иднина навистина ќе правиме се да она што ќе патува со клубот на гостувањата навистина да биде сигурен патник од сите аспекти“, додаде Иван Бојков.

Со оглед на тежината на престапот, данските власти не им дозволиле на уапсените да се вратат со другиот дел од групата во Скопје и покрај ангажманот на нашата амбасада.

Тројца од нив веќе добиле судски пресуди и по неколку дена ќе бидат депортирани во Македонија. За другите тројца постапкте се уште не се завршени.


СРАМОТА!!!

Не значи дека ако некој е фрустриран заради ситуацијата во Македонија и дека не може да ги има истите “бенефиции“ како и иселениците во скандинавските земји дека е поголем или помал патриот од некого... ОК? И јас сум исселеник и знам дека животот на луѓето не зависи од контекстот во којшто се наоѓаат туку од нивниот сенс за работа... Ама нема да си дозволам да коментирам повеќе :wink:

Бај д веј - за да ти одговорам на твојот пост : мислиш ли дека со тепање (било тоа со голи раце, пушки, пиштоли или било што друго) ќе решиш било што во животот? Не е малце плитко размислувањето? :wink:

п.с. Размисли добро пред да ми одговориш ок?
 
Прво да објаснам каква била ситуацијата.
Значи трифун ги понел и чкембарите, па после утакмицата почнале да ги провоцираат нашите(комитите), па почнала тепачка, се вмешала полицијата и станало интересно. За целата работа крив е Трифун, зошто знае колку ние се мрзиме со чкембарите(нешто колку и со Албанците).

Е па брат неможеш да збориш за навивачкиот свет кога очигледно не го разбираш. Подобро е да престанеме со расправија зошто ќе трае бесконечно. :wink:
 
Заборавив да кажам тројца од уапсените се осудени на 12 дена затвор, а другите само на три дена.
 
Djiger напиша:
Прво да објаснам каква била ситуацијата.
Значи трифун ги понел и чкембарите, па после утакмицата почнале да ги провоцираат нашите(комитите), па почнала тепачка, се вмешала полицијата и станало интересно. За целата работа крив е Трифун, зошто знае колку ние се мрзиме со чкембарите(нешто колку и со Албанците).

Е па брат неможеш да збориш за навивачкиот свет кога очигледно не го разбираш. Подобро е да престанеме со расправија зошто ќе трае бесконечно. :wink:

Крив е само затоа што ве одвел на првенство и вие паметните ја дотеравте работата онака како што чесните навивачи никогаш нема да направат.
Само напред! Вадете си очите пред цела Европа!
 
Најлошо е што се избрукавме во Европа и покажавме колку сме СЕЉАЦИ!
 
Djiger напиша:
Прво да објаснам каква била ситуацијата.
Значи трифун ги понел и чкембарите, па после утакмицата почнале да ги провоцираат нашите(комитите), па почнала тепачка, се вмешала полицијата и станало интересно. За целата работа крив е Трифун, зошто знае колку ние се мрзиме со чкембарите(нешто колку и со Албанците).

Е па брат неможеш да збориш за навивачкиот свет кога очигледно не го разбираш. Подобро е да престанеме со расправија зошто ќе трае бесконечно. :wink:

Ne vi e nikoj kriv shto vie, Komitite, se mrazite so Chkembarite. Toa vazhi i za sprotivnata strana - nikoj ne im e kriv na ckembarite isto taka... Toa ne e ama bash nikakvo objasnuvanje. Nitu Trifun nitu Sveti Trifun. Kriv vi e razumot shto go nemate ok? I ne se obiduvaj da me ubedish vo sprotivnoto oti nema da uspeesh. I mene mi prechat nekoi raboti vo zhivotot ama znam i da zamizham i da popushtam i da se trgnam na strana. Arno ne bile vo avion - namerno kje go kutnele... :twisted: :twisted: :twisted:

Ajt sea
 
Djiger напиша:
Е па брат неможеш да збориш за навивачкиот свет кога очигледно не го разбираш.

Какви навивачи бре...тоа што го правите вие нема ни С од спорт и од спортиски дух.
 
Se vide deka nie, Makedoncite, ne mozeme da prifatime poraz! A prifakjaneto poraz e eden od glavnite delovi na uspesen sport. Ako ne mozeme da prifatime poraz, togas ne treba voopsto da se natprevaruvame.
 
Нели ви е јасно дека едина цел на таквите навивачи е да направат нереди и да се тепаат? Очекувате од такви луѓе да размислуваат разумно? - No Way
 
Ок. Нека имслужи на чест и нека размислуваат повеќе со горната а не со долната глава. Сељаци!!!

Еве една оптимистичка вест којашто ја прочитав денес во Дневник :

Инди речиси се онесвести од болки

Играњето на Индира Кастратовиќ на реваншот во Скопје е неизвесно, откако поради повреда на десното колено во 41 мин. на раце беше изнесена од теренот. Во моментите кога Бојана Поповиќ се обидуваше и најде како да ја избегне одбраната, врз ногата на Кастратовиќ падна Озел.

Џокерот на полуфиналниот дуел со Хипо, исто како и на неколку други натпревари сезонава, Кастратовиќ од преголемите болки се онесвеси на клупата. Со шлаканици мораа да ја освестуваат и до крајот на средбата со студени облоги Кастратовиќ го проследи мечот.

- Се надевам дека ќе бидам подготвена за реваншот. Сакам да играм - вели Кастратовиќ. - Оваа разлика можеби е и добра зошто нема да ни дозволи да се опуштиме. Можеме да одиграме добро во Скопје и да победиме со пет разлика.

Популарната "Ишка", поради повреда на предните вкрстени лигаменти, една сезона паузираше, но со силна волја и мотив се врати во тимот, одработувајќи го "петте минути" кога влегува во игра.
 
Зошто зборите глупости? Зошто прво не ги дознаете сите информации па да јадете Г***А. Мене пред 15 мин. ми кажаа тие што се вратија дека инцидентот го предизвикал еден Чкембар. Е па брате јас барем нешто правам, а не седам по цел ден дома. Тие ваши гледишта се многу прости, запознајте зошто и како се случуваат тие работи на утакмиците па подоцна може да се направи муабет. А па јас со вас сум нашол да се расправам, со луѓе што два пати биле на утакмица или ич не биле.

КОМИТИ - ЗАПАД
 
Djiger напиша:
Зошто зборите глупости? Зошто прво не ги дознаете сите информации па да јадете Г***А. Мене пред 15 мин. ми кажаа тие што се вратија дека инцидентот го предизвикал еден Чкембар. Е па брате јас барем нешто правам, а не седам по цел ден дома. Тие ваши гледишта се многу прости, запознајте зошто и како се случуваат тие работи на утакмиците па подоцна може да се направи муабет. А па јас со вас сум нашол да се расправам, со луѓе што два пати биле на утакмица или ич не биле.

КОМИТИ - ЗАПАД

Е па ајде оди на утакмица малце. Изгледа си покорисен за насилно дерење одошто за цивилизирано дискутирање. Баниран си до петок (до после финалето) заради ништо друго освен ова :

Зошто зборите глупости? Зошто прво не ги дознаете сите информации па да јадете Г***А.

А ние не јадеме ништо од тоа што ти нудиш а и не пасиме трева ок?
 
Djiger напиша:
Е па брате јас барем нешто правам, а не седам по цел ден дома. Тие ваши гледишта се многу прости

Ne znam cii gledista se PROSTI i koj ispagja PROST vo slucajov.

Sekoja cest Macedalien za banot :D
 
Prezemno od A1 Televizija

Наместо шампионски, славенички, промотивен за најдобрите скандалозен и срамен беше минатиот викенд за Македонскиот спорт.

Најмалку од спортски причини ако е тоа некаква утеха. Шестмина во апс во Данска, каде што меѓусебна тепачка на нашите навивачи го девалвираше пристојниот резултат на Кометал Ѓорче Петров во првиот финален натпревар со Шлагелсе од лигата на шампионките.

Тетово не е скандинавски град, па само во научнофантастичните филмови зад решетки би се нашол некој од насилните навивачи на Шкендија, што ги линчуваа фудбалерите на новиот шампион Работнички Кометал.

Покуса не остана ниту кошарката Фершпед Работнички и Вардар Осигурување развија нездраво ривалство базирано на лични антагонизми и насилни особини, наместо предизвикот да им биде чисто спортски борба за тронот. Зборува ли некој за резултатот на Кометал во саботниот натпревар со Шлагелсе.

Малкумина ги запаметија точните 23:27. Непријатниот, но поднослив резултат дава надеж за втора титула на реваншот в петок во Скопје. Но, се паметат ли маестралната игра на Озел или пак повредата на Кастратовиќ. Сето тоа падна во втор план, по немирите што ги предизвикаа Македонските навивачи по средбата.

Кој бил виновен допатуваните од Скопје или Битолските гастарбајтери, најмалку е битно. Со бедниот циркус во Данска ги засенија најважните ракометарките, но му зададоа тежок удар на нашиот спорт во меѓународни рамки, без разлика што настанот беше пред салата, а не на теренот во Брондби.

Официјално, клубот се оградува од инцидентот. Објективно одговорноста мора да ја прифати. Затоа што, како и сто пати досега, управата сама го полнеше авионот со пријатели на на клубот, а всушност проблематични гости и конфликтни навивачи.

На клуб од шампионски формат каков што е Кометал, фанови му се потребни, но искрени, кои ќе сами ќе платат влезница за да навиваат, а не оние на кои ќе им се плати, за на крајот да предизвикаат инцидент.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom