Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Ај, ако ги тепаме имаш од мене частење у даунаанер кај Лу онолку пијачки колку што ќе биде разликата, кога ќе дојдам крај на април. Бива.
Оти, мораат да се освестат конечно и да започнат да играат похрабро, поарно, постамено и да чекорат напред. Имаме една извонредна екипа, редно е повторно да се донесе радост во Македонија, бафрем преку спортот, преку женскиот ракомет, да се огреат срцата и озарат лицата, барем еден ден, една ноќ, на македонците, во ова секојдневно тмурило и сивило.
 
kje tepame we...mora da tepame i toa so 2razlika...ne za drugo pojse pijacki ne mi trebaat :)
baska na kale,navivaci ima filing...kje tepame aj optimista sum :)
 
Garfield напиша:
Ааааа, маматаааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа!!!!!!!!

Е, на 30 секунди пред крај ли се промашуе бе на еде разлика??????

Вошлиииииииииииииииии!!!!!!!!!!

Туку, ај, да не јадеме лања, кога е реваншот????

Има шанси дома, со два минус да се избориме за четвртфинале, ама вака, како што читам наоколу, а и колку што забележав од вас овие три ипол минути, тешко, а??
Мора да се свестат.

revansot e vo sabota vo 17.30 vo kale.

minus dva ne se nisto za vo kale i mislam deka sigurno odime ponatamu.
vo globala denes odigravme solidno, so isklucok na eden period od 7-8 minuti vo vtoroto poluvreme koga ne postignavme nitu eden gol a primivme 4 ili 5 ne se sekavam tocno i togas ni napravija razlika.
 
Ем де, шо е битно викми ја Бибе, некој друг, ако се 4 гола, по две на двете, ако се девет/десет разлика, викај појќе, плаќам. Него, ионака нема да частам сега, во сабота, на реваншот. Кога ќе дојдам на одмор, па, размислуј дотогаш ако се појќе дали сама, дали со некој ќе ги пијаш.
 
Garfield напиша:
Ем де, кој **** винми ја Бибе, ако се 4 гола, по две на двете, ако се девет/десет разлика, викај појќе, плаќам. Него, ионака нема да частам сега, во сабота, на реваншот. Кога ќе дојдам на одмор, па, размислуј дотогаш ако се појќе дали сама, дали со некој ќе ги пијаш.


aaaah go najde coekot...nit ja ja vikam,nit ona kje dojde :)
nego oni neka pobedat i neka idat dalje pa se drugo kje bide suuuuupeeeer:je: :je:
 
Ем, некој друг, ам, најважно е да се победи и да се отиде понатаму, да се освои се, прваци да станат.
 
da daaaa KOMETAL SHAMPIONEEEEEE :)
 
Оваа година нема ниту малце да биде лесно. Кометал нема доволно јака клупа за да направи било што и ако се има предвид фактот дека Алборг беше поразен од Хипо на домашен терен како и Виборг од Слагелсе, сфаќаме веднаш кои се фаворитите за трофејот во ЛШ. БТВ Крим беше смачкан од Лада а Кометал изгуби од противник којшто има подобар учинок на гостински него на домашен терен. Како и да е - пласман во четвртфинале е веќе успех а догодина треба да се создава доволно силен тим за да се освои трофејот неколку пати по ред.
 
В САБОТА КОМЕТАЛ Ѓ. П. ЌЕ ГО ОДИГРА РЕВАНШОТ ОД СЕДМОТО ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВО ЛШ ДОСЕГА

EFA87C4333240B4CB615FFF6CC52FE0A.jpg
Двата гола негатива од првиот дуел со А. Сагунто (24:26), навестуваат дека и годинава, вторпат по ред, ракометарките на Кометал Ѓ. Петров ќе успеат да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Успеат ли да се најдат меѓу четирите најдобри тимови во Лигата на шампионите, тогаш на "кометалки" им се насмевнува ново финале во најсилниот европски куп. Бројките од минатото говорат дека доколку нашиот шампион успее да ги мине четвртфиналните средби, тогаш успева и да го совлада ривалот од полуфиналето, па да се бори за титулата.

Досега, Кометал Ѓ. Петров има играно во шест четвртфиналиња од Лигата на шампионите. На три од нив излегувал како победник, а истата сезона играл и во финалето. На другите три, меѓу кои и она против Валенсија (сега А. Сагунто) во сезоната 1996/97 немаше таква среќа, па ги завршуваше натпреварите.

Инаку, во своето прво четвртфинале против Валенсија, нашиот првак играше на првата средба како домаќин, па потоа гостуваше во Шпанија. Тогаш на реваншот замина со три гола предност, но остана фактот дека на теренот на противникот судењето беше премногу лошо. Сепак, од она што се виде минатата сабота, можеше да се заклучи дека и работите кај "кометалки" многу се изменети.

Ова е вторпат ѓорчепетровки да се наоѓаат во ситуација во четвртфиналето да надоместуваат негатива (Во сезоната 97/98 против Хипо во СРЦ "Кале" мечот почна со негатива од 14 гола). На сите други средби имаа позитива и мораа да ја чуваат без разлика на кој терен се играше. Сега е можноста да се види дали овој состав на "кометалки" може да направи нов чекор и да покаже нов квалитет во кој ќе ги надомести овие два гола негатива и ќе ги израдува своите фанови со уште едно полуфинале.
 
Влезниците од четврток

Заинтересираните љубители на ракометот за мечот меѓу Кометал Ѓ. Петров и А. Сагунто кој ќе се одигра во сабота во 18 часот, до влезници ќе можат да дојдат од четврток. Тогаш ќе бидат пуштени во продажба билетите коишто ќе чинат по 300 денари, а како што е вообичано ќе се продаваат на плоштадот пред "Дал Мет Фу".
 
КОМЕТАЛ Ѓ. ПЕТРОВ ОДРЖА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕД РЕВАНШ ДУЕЛОТ СО А. САГУНТО

Амбициите на Кометал Ѓ. Петров и натаму остануваат за највисок дострел, а сите верувања се дека утре ќе се забележи победа од барем три гола разлика со која ќе се обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на шампионите. На вчерашниот прес во присуство на пет члена од тимот беа соопштени импресиите од првиот меч со А. Сагунто, но и очекувањата од реваншот.

"Ова не е екипа која не можеме да ја победиме. Нашите шанси да бидеме севкупни победници во овој двобој и натаму се големи, па јас веќе ја гледам нашата екипа во следниот круг од натпреварите во Лигата на шампионите", рече на пресот капитенот на екипата на Кометал Ѓ. Петров, Наталија Тодоровска.

64B618FFC3BF094FADF0F3D68DC0FCD8.jpg
Двата гола негатива нудат активен резултат за реваншот. Сепак, ова е резултат кој не дозволува воопшто опуштање. Доколку се случи и најмала несериозност може скапо да го чини и едниот и другиот состав. Тоа што ова е веќе седмо четвртфинале за "кометалки" во овој куп само покажува дека веќе се има и потребното искуство, така што утре сигурно ќе се има контрола на играта.

"Ние бевме самокритични уште по завршувањето на првиот меч. Уште пред одигрувањето на натпреварот во Шпанија реков дека Сагунто со квалитетот не е на нивото на најсилните европски тимови. Меѓутоа, тоа е тим кој негува специфичен стил на ракомет, а доколку противникот им влезе во шема тогаш нема шанси да ги победи. Неколку екипи се 'лизнаа' на овој начин, а тоа на своја кожа сезонава го почувствува и составот на Будуќност пред публиката во Подгорица", коментираше претседателот на тимот, Иван Бојков.

Инаку, Астрок Сагунто има многу брза игра. Тоа се виде најдобро на првиот дуел, кога противникот по речиси секоја грешка на "кометалки" набрзина ја пренесуваше топката на спротивната страна и преку контранапади го загрозуваше голот на Луковиќ и Колесник.

"Очекувам на реваншот да одиграме многу подобро и да стигнеме до победа од барем три гола разлика. Направивме с$ што е во наша можност во текот на оваа недела. Главно нам ни е потребна многу поголема дисциплина во играта. Сагунто во одбраната игра активно постојано, а игра 5-1 или 3-3, со многу прекини и прекршоци", откри дел од тактиката на противникот, тренерот Портној.

0ADDF4C50CEBC347A7B76587FD96A2BE.jpg
До одигрувањето на мечот којшто ќе одлучи дали Кометал Ѓ. Петров ќе се пласира во полуфиналето, останува само уште еден тренинг којшто вечерва ќе се одржи во СРЦ "Кале". Тоа е можност за Портној да ги повтори уште еднаш акциите и тактичките замисли за утрешниот меч чиј старт е предвиден за 18 часот.
 
ТРИФУН КОСТОВСКИ

Подобри сме во овој дуел

Спонзорот на тимот на Кометал Ѓ. Петров, Трифун Костовски, имаше свое видување за овој двомеч, па тој на пресот даде коментар.

"Судејќи според квалитетот на Кометал Ѓ. Петров во споредба со оној на А. Сагунто убеден сум дека сме подобри. Поразот во Валенсија е поради лоша игра на ракометарките, но тоа не значи дека сакам да ги заштитам членовите на стручниот штаб. Кога се на теренот сите се заедно како тим, па сите имаат своја одговорност. Сепак, тоа е зад нас, а јас не се сомневам дека ние ќе успееме да се пласираме во следната фаза од натпреварите во Лигата на шампионите. Нема место за опуштање бидејќи за противник имаме сериозна екипа, која што сигурно ќе сака и во СРЦ "Кале" да ги потврди своите квалитети. Меѓутоа, ние сме оптимисти и чекаме позитивен резултат", рече Костовски.

Едуарда Аморим засега со одбранбени задачи

Помладата Бразилка, Едуарда Идалина Аморим, која дебитираше на минатиот меч против А. Сагунто во Лигата на шампионите, очекува втор настап во најсилниот европски куп. Таа сигурно ќе настапи на утрешниот меч, а тренерот Портној ја планира за дефанзивни задачи.

"Засега таа е една од солуциите за местото во одбраната. Задоволен сум од тоа што го работи и на тренинг и игра доста активно. Што се однесува до нападот, ќе мора уште доста да работи и да се воигрува со другите, па да може да сметаме на неа и за играта во нападот", рече Портној.

Ништо ново од Сагунто

Брзата игра која ја негува составот на А. Сагунто и беше дел од текот на целата сезона во ЛШ, противникот ја демонстрираше и на првиот дуел во Шпанија. На прашањето дали имаше и некакво изненадување и нешто што не се очекуваше одговори претседателот Бојков.

"Не. С$ беше исто како и на претходните натпревари, така што очекуваме ова да се повтори и на следниот меч. Нема никакво изненадување од Сагунто", рече Бојков.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom