Фан клуб - РК Борец

  • Креатор на темата Креатор на темата wARMAN69
  • Време на започнување Време на започнување
Премиера со победа

Успешен старт во супер лигата за ракометарите на Борец. Во премиерниот натпревар на домашен терен во спортската сала Гемиџии ја совладаа екипата на Прилеп 2010 со 31:30.

Младите велешки ракоматери подобро го отворија дуелот и во првото полувреме постантно беа во предност која по 30 минути игра изнесуваше 15:10. Во вториот дел предноста се зголеми и до седум голови, но тогаш искуснот тим од Прилеп предводен од Макалоски, Лашковски, Бозаровски и Петковски кои дадоа по пет гола стигнаа за еден негатива. Сепак тоа не беше доволно и за да се дојде до победата и значајните бодовите.

Во редовите на Борец најзабележителен беше Илиев со осум постигнати гола, а Трчков и Стојановски дадоа по седум.

Играчите кои летово го засилија Борец имаа епизонни улоги. Тројцата зеадно дадоа пет гола, освен голманот Бетувски кој забележа 14 успешни одбрани.

Младите играчи на Борец и годинава ќе ја имаат помошта на нивниот тренар Тони Шопов, кој по потреба влегува во игра. На вчерашниот натпревар Шопов, даде три гола.

За одбележување е одличната посетеност. На натпреварот присувствуваа околу 2000 љубители на ракометот, како и навивачката група Гемиџии, кои секако имаат придонес во успешниот старт на Борец.
 
Табела по првото коло, му дишиме во врат на Металург :pos2:

1. РК Металург (1-0-0) 34:21 (3)
2. РК Борец (1-0-0) 31:30 (3)
3. РК Пелистер 08 (1-0-0) 25:24 (3)
4. РК ВВ Тиквеш 06 (0-0-0) 00:00 (0)
5. РК Вардар Про (0-0-0) 00:00 (0)
6. РК Прилеп 2010 (0-0-1) 30:31 (0)
7. РК Куманово (0-0-1) 24:25 (0)
8. РК Тинекс Пролет (0-0-1) 21:34 (0)

Следен натпревар РК Вардар ПРО - РК Борец 18.09.2010 18:30 ајде една победа во Скопје :vozbud:
 
Во вториот натпревар одигран во Скопје помеѓу РК Вардар ПРО и РК Борец,екипата од Велес го доживеа првиот пораз и тоа со убедливи 14 гола разлика односно 36-22.Следен натпревар е во Велес на ден 25.09.2010 против Тинекс Пролет
 
Пораз на екипата на Борец во 4 коло од екипата на Винарска Визба Тиквеш со резултат 33-22
 
Борец остана без спонзорот, бидејќи на минатиот натпревар во Кавадарци истиот бил нападнат од тројца членови на Гемиџии. Иднината на Борец е незивесна, а веќе следниот меч со Металург место дома, ќе го играат во Скопје поради немање на средства...
 
Борец остана без спонзорот, бидејќи на минатиот натпревар во Кавадарци истиот бил нападнат од тројца членови на Гемиџии. Иднината на Борец е незивесна, а веќе следниот меч со Металург место дома, ќе го играат во Скопје поради немање на средства...

Нешто поопширно за овој инцидент има ли некаде?
 
Незнам, само цитирав тоа што кажаа на Телма како информација...

веќе има состаноци со нови спонзори така да после натпреварот со Металург се игра со Пелистер дома до тогаш да се надеваме ќе се најде новиот спонзор
 
дајте предлог карта за утакмица 30-50 денари. не е голема пара, ама од 1500 посетители да се соберат по некој денар, и те како ќе му помогне на клубот!
 
Сите се сложуваме со тоа само проблем е шо ко ке видат сите карта 30-50 ден од 1500 посетители бројката ке дојде до 50 посетители,тие најверните.Велес е еврејски град...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom