Фан клуб - РК Борец

  • Креатор на темата Креатор на темата wARMAN69
  • Време на започнување Време на започнување
Со голема доза на радост ви соопштувам дека Виктор Гигов го стави потписот на договорот со РК Борец за сума од 25 000 денари :) овоа е тоа шо го чекав долго...
 
Како што знаеме по смена на старото раководство на Борец се тргна во добра насока едноставно речено на прав пат се наоѓа нашата љубов Борец.Пред почетокот на полусезоната направени се 4 трансвери Јовчевски,Клинчаров,Андовски и нашето позитивно изненадување голманот Виктор Гигов кој се врати од Кореа само за да игра за Борец и да ги брани боите и честа на својот град тој е во одлечна форма и веќе тренира и се надеваме дека ќе ги задоволи нашите очекувања.Првиот натпревар ќе се одигра на 26/27.02.2011 каде нашиот Борец гостува кај скопски Вардар за подетални информации ќе бидете благовремено известени дали е можно гостување поздрав ГЕМИЏИИ се најдобро
ВЕЛЕС ГО САКА БОРЕЦ
 
Дојди моментот кога треба да докажеме дека и кога спиеме мислиме на Борец утре во 20:00ч собир во младински парк (шпанија) ќе одиме на тренинг кај нашите ракометари да им дадеме максимална подршка а на 4те засилувања да им посакаме добредојде ПРИСУСТВО ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Гемиџии Велес
 
Одработен тренинг
Вчерашниот тренинг на нашиот шампион Борец беше закитен и со присуство на нас Гемиџиите со бројка од околу 30-40 каде што беа промовирани 2 нови песни запалена пиротехника и непрекинато навивање од наша страна се до завршувањето на тренингот.Прв пат пред дел од велешката публика имавме можност да ги видиме 4те засилувања кои се во одлична форма тренираат напорно и активно.Денес ќе имаат можност нашите ракометари да ни докажат во Битола дека важат за тврд противник и дека со срце ќе играат до крај за ЦРВЕНО-БЕЛИОТ дрес момци среќно иако пријателска очекуваме победа во Битола

Гемиџии Велес
 
Зошто дојдено е до недоразбирање,младинците отишле да играат со младинците на Пелистер а не првата екипа
 
ВО 20:00ч ВТОРНИК СИТЕ ГЕМИЏИИ И ВЕЛЕШАНИ ДА ДОЈДАТ ВО СПОРТСКАТА САЛА ’’ГЕМИЏИИ’’ ЌЕ ИМА СОСТАНОК ДА СЕ ДОГОВОРИМЕ ОКОЛУ НЕКОИ РАБОТИ А ВОЕДНО И ДА ГО ПРОСЛЕДИМЕ НАТПРЕВАРОТ БОРЕЦ - Драчево
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИСУСТВО
ГЕМИЏИИ ВЕЛЕС
 
Одложен е пријателскиот натпревар со Рк Драчево
 
Велес на нозе !!
Во Среда на 02.03 во 19:00ч почнува натпреварот со Тинекс Пролет локација сала Гемиџии, а собир на Гемиџиите од 18:00ч во младиснки парк (шпанија)
 
РК Борец со пораз ја започна втората полусезона,пораз од РК Тинекс Пролет со резултат 22-26,додека НГ ГЕМИЏИИ доживеа невиден срам,дојде до меѓусебна тепачка по што групата се растури!!СРАМОТА!!!
 
Дојде до меѓусебна тепачка но групата не е растурена,значи по ова ќе дојде до одредени промени во раководните структури и група ќе продолжи со многу подобро функционирање,за кое ќе се уверите во наредните постови за натпреварите на Рк Борец
 
погрешно се разбравме...групата се растури низ салата...а не целосно да се растури...НЕМА СИЛА ШО ЌЕ НЕ СПРЕЧИ ДА ГО САКАМЕ И БОДРИМЕ БОРЕЦ!!ПРВ ИЛИ ПОСЛЕДЕН ВО СРЦЕВО БРОЈ ЕДЕН!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom