Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Цццц отиде и Ван Нистелрој. Значи како ни тргна сезонава свака част. Губиме, испаѓаме и уше и тренер да мениме...премногу е...Сега до зима ке играме со Игуаин-Раул. Савиола не е за 1 состав а друг напаѓач немаме. Незнам шо ке се прави!!!:toe:
 
Ако не тепа Реал со Ваљадољид ке му дадат клоца на Шустер :tapp:
 
Епа богами, ако не ги тепаат и Ваљадолид...што е многу многу е. Игра никаква, испаѓаме од третолигаши...што уште. Капак на се и повредиве. За Адриано не ми е голема желба, ама Балотели би дошол добро. Иако мислам дека нема да има купување на играч во Јануари, ќе се оди на опција да се позајми некој квалитетен напаѓач кој нема настапувано годинава во ЛШ или куп на УЕФА, зошто ќе ни биде и тоа како потребен за ЛШ нов напаѓач.
 
а бе земете ги сите тројца, Креспо ,Адријано и Балотели нека останат Интер без напаѓачи:)
 
а роналдо да го вратите
 
Креспо е правиот човек за во оваа ситуација,мислам дека човекот ако дојде ке се истури од голови давања.Од секогаш бил врвен играч и сеуште е,али секогаш го рангирале како втора класа напаѓач а човекот е страешен.
 
Свртат многу имиња, ама што ќе излезе од сето тоа ќе видиме. Мислам дека Шустер не треба да си оди, не е секогаш до тренерот, тој е сам, а на теренот
се единаесет играчи кои исто се луѓе и грешат. Со смена на тренерот мислам дека ќе се случи она што порано се случуваше порано, дестибилизација на тимот на подолг период. Од фудбалерите кои се вртат сакам да дојде Карлос Тевез, а по можност и уште еден напаѓач.
 
многу имиња се вртат ама не се знае кој да дојде креспо добар фудбалер е би завршил работа
Ван Нистелрој: Операцијата ми ја продолжи кариерата
32 годишниот Холанѓанец имаше операција на десното колено во САД, и вели дека морал да замине под нож бидејќи во спротивно кариерата му била доведена под знак прашалник. “Вистина е дека сега имам 32 години, но и пред осум години имав слична ситуација па ќе знам како да се справам.” – рече Ван Нистелрој за Marca.
“Опоравувањето ќе биде тешко но јас ќе успеам. Сеуште треба да постигнувам многу погодоци во дресот на Реал Мадрди и имам многу цели за остварување.”
“Ова е еден од најтешките моменти во мојата кариера, тоа е јасно.”
“Но јас имав две опции, да се откажам или да се борам. Јас одбрав да се борам.”
Касиљас: Сите сме зад Шустер
"Ние сме со Шустер уште од почетокот и без сомневање ќе продолжиме да го поддржуваме. Тој донесе промена на атмосферата тука и сите, од играчите до клупскиот персонал, ќе бидат со него до крај"- кажа шампионот од Евро 2008. По срамното отпаѓање од третолигашот Реал Унион за Кралскиот куп, во клубот имаше средби помеѓу Шустер и играчите, како и со претседателот Рамон Калдерон и спортскиот директор Предраг Мијатовиќ.
"Средбата како целина не беше напната. Тоа беше како и секоја средба меѓу тренерот и играчите"- кажа уште Касиљас.
"Од раководството се решени да ја поправат сегашната ситуација и помагаат во обединувањето на тимот"- заврши тој за случките во клубот.
Презиоси: Милито да замине во Реал? Ни за 40 милиони
Медиумите од Шпанија вчера објавија дека Диего Милито е дел од желбите на Кралскиот Клуб, по повредата на Ван Нистелрој. Претседателот на Џенова вели дека тие не размислуваат за продажба на Аргентинецот и го советува Реал да побара напаѓач на друго место.
“Никако не размислуваме за идеата во јануари Диего Милито да замине од клубот.” – рече Презиоси.
“До сега направиве добар тим со напорна работа, и не планираме лесно да се откажеме од него.”
“Реал можат да бараат напаѓач на друго место.”
“На шала кажав дека цената на Диего е 40-50 милиони но нема да го продадеме ни за толку.”
“Нема цена за напаѓачот.”
 
Ако не ги тепама Ваљадолид, готово више не коментирам тука, и нема да ги гледам додека не почне другата половина од сезоната, поточно крајот на јануари/почетокот на фебруари, или кога и да почнуват...
 
Ако не ги тепама Ваљадолид, готово више не коментирам тука, и нема да ги гледам додека не почне другата половина од сезоната, поточно крајот на јануари/почетокот на фебруари, или кога и да почнуват...
Богами, ако не ти тепате Ваљадолид, и Шустер не ќе ги гледа повеќе, пошто ептен му гори под нозете.
 
Ако не ги тепаме ваљадодид значи................и да не примиме гол барем една утакмица.
 
Шансите да не примиме гол следнава утакмица се многу мали, така да, ќе има многу голови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom