Арсенал и Тотенхем во битка за Робињо Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за Асот на Реал
Двата Лондонски тима имаат подготвено понуди за јануарскиот преоден рок кои ќе му бидат доставени на Реал. Спортскиот директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатович, е нестрплив да се ослободи од Робињо, кој на неколку наврати покажал недисциплина и контраверзно однесување надвор од фудбалските терени.
Како и да е, формата во која игра Бразилецот, се очекува да ги разубеди челниците на Реал, и да ги оневозможи Спарси и Топџиите да дојдат до него.
samo ako go prodadat ke im e.... krvta
Кварезма сака во Реал, а не Атлетико Мадрид И покрај сите напори, битна е неговата желба
Само неколку часа по објавувањето на веста за повторниот интерес на Атлетико за Португалецот, весникот
Marca објави дека желбата на Кварезма не е Атлетико, туку градскиот ривал Реал. И покрај јавно изразената желба на Атлетико дека се повторно заинтересирани за Португалецот, по се изгледа дека неговите стремежи се насочени кон само еден клуб, Реал.
“Сакам да играм за Реал Мадрид,”- е изјавата на Кварезма која кажува се.
Се чини дека по оваа изјава на Португалецот се рушат сите надежи на претседателот на Атлетико, Енрике Керезо, да го доведе во својот клуб.
Една друга теорија вели дека од Атлетико веќе знаеле за желбата на Кварезма, но се надеваат да ја добијат војната нудејќи поголема сума, бидејќи Реал нема којзнае колкава потреба од играч на таа позиција, за разлика од нив.
Останува да се види дали Кварезма по секоја цена ќе потпише да игра на Бернабеу, или сепак сумата понудена од градскиот ривал ќе го натера да си го смени мислењето.
Поранешниот играч на Барселона, веќе му вреди цело богатство на Порто каде моментално настапува, но допрва треба да видиме колкави ќе бидат новите суми понудени за него.
