Касиљас не оди никаде Голманот на Реал Мадрид, Икер Касиљас, ги отфрли сите шпекулации дека е заинтересиран да се сели во Премиер Лигата
Касиљас ги негираше сите стории поврзани со негово заминување во некој од Англиските клубови, и изјави дека е посреќен од било кога што натапува за Кралскиот клуб. Шпанскиот, 26 годишен репрезентативен голман, кој е член на Реал цели 17 години, веќе извесно време е мета на шпекулации кои го поврзуваат со селење во Тотенхем.
Се шпекулира дека Хуанде Рамос, тренерот на Тотенхем, бил замолен да го продолжи развојот на младиот голман, но ваквите и слични шпекулации поминаа со остар демант од страна на голманот.
“Никој не ми кажал ништо во врска со некаква понуда од англиски клуб, но како и да е, јас сум јасен во она што го сакам – да останам во Реал Мадрид,”
“Сите пријатели ми се овде, фамилијата, која многу ми значи, и повеќе од се сум среќен што настапувам за клуб како Реал. Што повеќе може човек да бара, имам се што сакам.”
“Немам примено никаква понуда, од ниту еден тим, но сакам да им појаснам на сите дека ќе се придржувам до договорот со Реал,”- беше повеќе од јасен во своите изјави Икер Касиљас.
Договорот на Касиљас истекува во 2011 година. Сезонава тој му помогна на Бернд Шустер храбро да тргне во одбрана на титулата одржувајќи го првото место на табелата.