Прво, не верувам дека ке се врати Макелеле (дај боже да се врати!) зошто му беше многу горчливо идење од Мадрид, го продадоа на Челзи ко вреќа компир (да не кажам дека фактички беше избркан!).
Сеуште е феноменален играч, и на неговата позиција (заден везен) не гледам ниту еден подобар играч во овој момент!
Друго, ова со Капело е навистина циркус! И сеа кај ке има мотивација новиов тренер кога управата му врачи отказ на претходникот кој на двапати освојуваше титула со Реал, еднаш дури освои и Лига на Шампиони! Не викам дека бев воодушевен од начинот на кој ни го водеше тимот Капело, но мислам дека оваа одлука ке биде со далекусежни последици!
Но сепак последниот збор ке го имаат играчите на теренот!