Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Хелоу на сите хехе, изивинете шо пишам покасно, ама не бев присутен во државата и затоа.
Ова што се случува во Реал не мириса на убаво, пораз од некој анонимци, Реал унион, кикс со Алмерија, дебакл со Јувентус, повреди, расправии. Зарем не мириса на почеток на кризи или веќе во навлезена криза. Дај Боже да грешам и се да биде заборавено по 2-3 добри партии, како само еден лош сон.
Многу ме изнервира играта против Јуве, изигравме послабо отколку во Торино, а сега и Ван Нистелрој е сериозно повреден и во нападот кој, мене ли ќе ме викнаат да играм :pos2:. Добро е барем од една страна ова ќе им удри во глава на управата и ќе им текне дека повеќе од потребно беше ангажман на квалитетен напаѓач во летниот период, а не се фатија за Роналдо како слеп за стап, но се плашам да не биде касно, дали со ваков напад минусиран со би рекол моментално најквалитетниот на таа позиција во Реал, ќе успееме барем да бидеме на првите две места до крајот на полусезоната?

Играта со Јуве посебно нема да ја коментирам, јасно е дека Гути треба да седи повеќе на клупата.
Очекувам победа против Малага. :smir:
 
Многу слабо оваа година!:tapp:
Уште не сме до полусезона, а вие уште сега се откажувате од титулата, јасно ми е и мене дека во клубот ја нема таа хармонија која постоеше до скоро време, разберете и нашиот тим е составен од живи луѓе, а луето грешат, не се семоќни.
Во клубот имаме многу повредени играчи, имаме дефицит на напаѓачи, фудбалерите не се во посакуваната форма. Разберете овој период ќе помине и повторно ќе се радуваме на освоените титули. Шустер е серизон и човек со цврст карактер, уште по поразот од Јуве се свика кризен состанок, да се објасни кој е Реал Мадрид и какво е значењето да се биде негов играч. Моралот ќе се врати со победа уште во наредното коло со Малага.
 
За утре е повикан и Буено па се надевам ќе покаже и тој нешто.
 
Касиљас; Рамос, Канаваро, Хајнце, Марсело; Гути, Гаго, ВДВ, Снајдер, Игуаин и Раул. (според АС)

Ххххх, според АС нема ни Дренте да игра. Не ми се верува ова, да играме по страните со играчи кои не се крила, ВДВ и Снајдер...премногу ќе биде. Мислам дека место Гути ВДВ ќе игра во средина, а лево ќе биде Дренте, зошто средниов ред со ваква формација нема логика. + и Метцелдер би сакал повеќе да игра од Хајнце...
 
Леееј Гути пак ке игра и Раул не ми се верува :zid:

Марсело на гоал пишува дека ке игра лево крило. Разара.
И Апел до одбраната ако читаат: Аман клин шит извадете веќе еднаш

Guti will be one of the notable absences on the eleventh day to present Real Madrid tonight. Schuster will leave the midfielder on the bench.

ЈЕЕЕЕЕ Брао Шустер, остај го нека скапе на клупа.
МАРКА
 
Реков јас не ми се верува и Гути да игра. Едноставно на средина да играме со 4 играчи кои играат околу центарот на теренот, ќе се гушат само и нема никаков резултат да донесе. Не ми се верува Марсело да игра лево крило, ВДВ иде во средина а Дренте иде лево, Марсело ќе си остане лев бек. Само кој ќе го трпи пак Хајнце незнам...
 
Некни сонував Барселона - Реал завшило 4-5 за Реал!? и тоа се сеќавам и раул даде гол :salut:
 
Некни сонував Барселона - Реал завшило 4-5 за Реал!? и тоа се сеќавам и раул даде гол :salut:

:pos2::vozbud: Камо така да излезе, как шо си сонувал ти :)

Вечер мора да ги згазиме на Малага, редно е више да ни тргне и мислам дека ќе пукне ПЕТАРДА вечер...
 
вечер шо ке ја згазиме малага ке ја згазиме .. мора вечерва да ни тргне..без Нистелрој тешко ке иде...ама мора да се тепа..:) ФОРЦА РЕАЛ
 
вечер шо ке ја згазиме малага ке ја згазиме .. мора вечерва да ни тргне..без Нистелрој тешко ке иде...ама мора да се тепа..:) ФОРЦА РЕАЛ

Добредојде :helou:

Ај бе за Малага ли ќе се жалиме на повредени играчи, нив ако не ги тепаме за кај сме :)
 
не ги потценувајте екипите...:smir: а инако нормално дека ке тепаме :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom