Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Ако ако, радуј се :):) И јас би се радуел. Само чекам победа и против подобриот клуб од Мадрид, е тогаш ќе ти честитам :)

Едвај го чекам ел класико.
Кога е?
Кај се игра?
 
Ако ако, радуј се :):) И јас би се радуел. Само чекам победа и против подобриот клуб од Мадрид, е тогаш ќе ти честитам :)

Хетафе?
И нив ќе ги победиме!:pipi:
 
Ја искрено ја имам на спортска 2 и одам да глеам и да навивам за Атлетико ...лифче ко на заебанција само таа со 5 коеф. и др некој со помал :)

Ајде ќе ја фатиш, не губи надеж :pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Хетафе ако е подобар од Атлетико...:)

Ќе ви наплатиме за комшиите, не се секирајте :)

Далеку е со нас, дури во декември. Туку мислете се што ќе правите против комшиите, следна ви е со нив. :)

Ајде ќе ја фатиш, не губи надеж :pos2::pos2::pos2::pos2:

Фудбалот се игра до последната минута. :vozbud:
 
Далеку е со нас, дури во декември. Туку мислете се што ќе правите против комшиите, следна ви е со нив. :)



Фудбалот се игра до последната минута. :vozbud:
Секоја година ги победуваме во гости, не е проблем и оваа
 
ШПАНСКИТЕ МЕДИУМИ ТВРДАТ
Шустер си заминува на крајот од сезоната
Бернд Шустер ќе си поднесе оставка од тренерската функција во Реал Мадрид на крајот од оваа сезона бидејќи не може повеќе да ја поднесе инфериорната позиција во однос на Рамон Калдерон и Предраг Мијатовиќ, соопштуваат шпанските медиуми. Германецот и минатата година се закануваше со отказ, но успеа да ја освои шампионската титула во Примера и со тоа ја спаси својата позиција. Неговиот договор е со важност од две години со можност за продолжување на уште една, меѓутоа ниту кај него ниту кај претседателот Калдерон нема расположение да се продолжи соработката.

Се шпекулира дека проблемите во Реал Мадрид меѓу Шустер и Калдерон настанале поради позицијата во тимот на Раул. Германскиот стручњак уште пред почетокот на сезоната побара засилување за нападот, но таа желба не му беше исполнета од раководството на клубот. Раул не настапи на мечот со Зенит во Лигата на шампионите иако Шустер претходно на прес-конференција рече дека ќе биде стартер, а неговата одлука да игра без ветеранот беше протолкувана како инает кон Калдерон.

Освен ова, тренерот на Реал не се согласува со политиката на претседателот и спортскиот директор кога станува збор за засилувањата бидејќи никогаш не е консултиран во врска со тоа кои фудбалери му се потребни. Тој наводно веќе одлучил да си замине од Сантијаго Бернабе без оглед на тоа како ќе заврши сезонава, а челниците во следниот период треба да побараат негова замена.
на страната на македонски спорт читав,јас мислам шустер нема да си отиде :toe:
 
Реал (М) е подготвен да плати 14 милиони фунти за напаѓачот на Интер, Марио Балотели, пренесуваат шпанските медиуми.18-годишниот фудбалер од минатата сезона направи чекор понапред и сега често е во стартната постава на Жозе Мурињо. Според информациите тренерот на Реал, Бернд Шустер е импресиониран од младиот фудбалер на Интер.Шпанскиот гигант е подготвен да плати околу 14 милиони фунти за Балотели, посебно по шпекулациите дека и Челзи е заинтересиран за овој фудбалер.
Младиот Балотели минатата сезона јавно се пожали на малата плата која ја добива, па дури и се закани со евентуално заминување.
 
Као прво, мислам дека е премнооогу да се дадат 14 мил. за 18 годишник кој ја игра својата втора професионална сезона, и тоа во Ита. каде се игра далеку поразличен фудбал отколку во Шпанија, така да дечкото ќе има проблеми со адаптацијата и тоа во секој поглед.

А као второ, тешко Интер да го пушти ...
 
ШПАНСКИТЕ МЕДИУМИ ТВРДАТ

спорт.ес :kafe:

Шустер си заминува на крајот од сезоната
Бернд Шустер ќе си поднесе оставка од тренерската функција во Реал Мадрид на крајот од оваа сезона бидејќи не може повеќе да ја поднесе инфериорната позиција во однос на Рамон Калдерон и Предраг Мијатовиќ, соопштуваат шпанските медиуми. Германецот и минатата година се закануваше со отказ, но успеа да ја освои шампионската титула во Примера и со тоа ја спаси својата позиција. Неговиот договор е со важност од две години со можност за продолжување на уште една, меѓутоа ниту кај него ниту кај претседателот Калдерон нема расположение да се продолжи соработката.

Глупости.
Цело време и Шустер и Пеџа велат дека имаат одличен однос, ама кој да ги слушне.

Се шпекулира дека проблемите во Реал Мадрид меѓу Шустер и Калдерон настанале поради позицијата во тимот на Раул. Германскиот стручњак уште пред почетокот на сезоната побара засилување за нападот, но таа желба не му беше исполнета од раководството на клубот. Раул не настапи на мечот со Зенит во Лигата на шампионите иако Шустер претходно на прес-конференција рече дека ќе биде стартер, а неговата одлука да игра без ветеранот беше протолкувана како инает кон Калдерон.

Не му била исполнета желбата??? :uvo:
3 официјални понуди за Давид Виља, сите одбиени од Валенсија, како само ја пронајдоа вината овде во Калдерон, бре бре напредни каталонски новинари :)
И каков инает какви глупости, слушнале ли за ротација овие шупаците, некои тренери ја практикуваат кога има по 2 натпревари секоја недела.

Освен ова, тренерот на Реал не се согласува со политиката на претседателот и спортскиот директор кога станува збор за засилувањата бидејќи никогаш не е консултиран во врска со тоа кои фудбалери му се потребни. Тој наводно веќе одлучил да си замине од Сантијаго Бернабе без оглед на тоа како ќе заврши сезонава, а челниците во следниот период треба да побараат негова замена.

Какво заминување бе, титула Супер куп, 2/2 победи во ЛШ, 1 пораз и 4 победи во Примера, плус и дете му се роди :pos:

Не се замарајте за вакви глупости, моментално ситуацијата во клубот е одлична, вакви срања очекувајте во текот не целата сезона.

Реал (М) е подготвен да плати 14 милиони фунти за напаѓачот на Интер, Марио Балотели, пренесуваат шпанските медиуми.18-годишниот фудбалер од минатата сезона направи чекор понапред и сега често е во стартната постава на Жозе Мурињо. Според информациите тренерот на Реал, Бернд Шустер е импресиониран од младиот фудбалер на Интер.Шпанскиот гигант е подготвен да плати околу 14 милиони фунти за Балотели, посебно по шпекулациите дека и Челзи е заинтересиран за овој фудбалер.
Младиот Балотели минатата сезона јавно се пожали на малата плата која ја добива, па дури и се закани со евентуално заминување.

Абе каков Балотели нека запнат за Бензема летото и нека го купат по секоја цена, не ни требаат вакви експерименти со Балотели.
 
Нема да имат пренос на Сител??Гледам некој концерт ке имало за Тоше и на Сител и на Сител3.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom