Никола, никој не рече дека Дренте не е добар. Добар е човекот ама со Робињо нема шанси. Убаво кажа Диме, уште на почеток се знаеше дека нема да има место за сите...а верувам дека и самиот Дренте, па затоа нема право на жалби поради овие одлуки. Ај кажи ми дали барем еднаш, Шустер две утакмици по ред играл со ист тим? НЕ! Нонстоп прави ротации, и тоа доаѓа до израз. Дренте неколку пати годинава доби шанса, ама не покажа нешто посебно. Можеби да му дава повеќе шанса ќе игра поубаво...ама нема место за сите во првиот тим, фудбалот се игра 11 vs 11, не 25 vs 25...колку што има Реал играчи. Некој мора да седи на клупа, па ќе дојде редот и на Дренте, долга е сезоната...се случуваат непланирани повреди, замор и др. Така да стрпи се ќе има и тој шанса да покаже што знае.