Победава беше повеќе од потребна!
Ај за да не избегаат Барса една работа, туку се надевам дека и психолошки ќе ги подигне самиот триумф.
За мене MOTM , Куртоа или Валверде!
Не дека го хејтам нешто Винисиус, напротив браво за храброста да влезе на ваков натпревар така машки, ама само тоа.
Мислам дека неговите квалитети се засноваат на "еден на еден" и пробивите. Реално, дечкото не успеа еднаш да го помине екстра тромиот Пике.
И не само него , не памтам да помине било кој на текмава. Да не беше господинот Крос со оној маестрален пас, да му створи отворен пат кон гол, а после
Пике да му помогне да даде гол, незнам дали толку фалење по Шпанскиве медиуми ќе имаше. А што знам, може при еден ваков беден Бензема и Бејл, детево во споредба со нив, стварно е и за фалење. Само се мислам дека може , и ќе биде подобар. Сепак , само 19 години има и психолошкиот притисок е огромен кога играш за Реал.
Куртоа да не ги одбранеше оние зицери на Артур, Меси па и минута пред голот на Винисиус, о она што беше, кој знае на кај ќе тргнеше натпреварот.
Од друга страна па оној Валверде незнам што човек ќе беше?! Машина!Десно крило, десен бек, централен ДМ, офанзивен везњак... кај го немаше ?!
Кое откровеније! Мислам дека со онаа негова игра и пожртвуваност им дава додатен стимул и на другите околу него. Браво!
Карвахал подобар отколку она криминалот против Сити што беше. Марсело, исто така. Мислам дека со него Зидан не изненади сите, Никој не очекуваше тој да почне. Како и да е , кога ќе размислиш, доста паметно. Офанзиниот допринос што го дава Марсело, Менди никогаш нема да може да го постигне. А од друга страна , дефанзивниот денеска не беше толку потребен, Барселона немаше опасен играч на таа страна , така да одличен потег на Зидан.
Рамос и Варан доста посигурни денес. Само не му треба бе она сељачкото на Рамос. 90та минута, слободњак ко печен за Тони Крос , дошол овој од поазди , трча он да шутира. Ало , ок е. Знам дека не е толку лош изведувач , ама она на Крос снајперот се остава бе. Туку тоа е , да им даде на Барса гол и да трча пола саат позади гол.
Касемиро! Е тоа е оној стариот! Не му даде на Меси да дише.
Крос , одличен за она што најдобро го прави. Да држи ритам и конци на игра. На врв на се и асистенцијата на Винисиус. Минута време со раце му објаснува да тргне во простор
Иско добар, штета она што не влезе. И оној Тер Штеген кое голманиште е ...ццц.
Бензема добар за се, осим за голови давање. Јас ваков шпиц незнам дали има. Сите ги разигрува и пробува да намести, а он гол да даде, никако.
Мораше подобро да изреагира на онаа длабинска топка од Карвахал мислам беше.
И ...Мариано. Кој талисман еј. Влегува и гол дава. Е ајде сега , чисто од принцип да видиме како ова ќе се одрази врз неговата минутажа, за цена на Јович. Бидејќи, Бензема е незаменлив.
Како и да е , многу битни 3 бода. Само има уште многу да се игра. Не дека треба со Атлетик и Сосиедат да се игра во гости само, туку дека тимот е во состојба и со Еибар дома нерешено да одигра.