Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе, на последните 10 утакмици, Гетафе има собрано 23 бода и има примено само 5 гола :eek::eek::eek:

Да додадеме тука дека играат и Лига Европа и ги поминаа групите.
 
Иначе, на последните 10 утакмици, Гетафе има собрано 23 бода и има примено само 5 гола :eek::eek::eek:

Да додадеме тука дека играат и Лига Европа и ги поминаа групите.

Си го погрешил фан клубот, оди на темата за Гетафе што е , таа специјалната
 
Ел Класико, 0 постови во темава :(

Мада ни голови, ни црвени картони. Што ќе се дискутира?

Накратко, одбраната одлична. Не оставија многу простор да се игра во наш 16ник.
Модриќ требаше да игра од почеток. Доста добри топки проследуваше напред за кратко време.
 
Па, без Азар и оштетени за пенал, со дупло повеќе шутеви, не е воопшто лошо. Кога ќе ми текне дека во Август сериозно мислев дека максимумот ни е 3-4то место и дека Зидан нема да ја дочека нова година :tapp:

Како и да е, одбраната сезонава (од ПСЖ навака) можеби на највисоко ниво во последните години, Куртоа во сериозна конкуренција за Замора трофејот, средниот ред одличен, фали уште еден елитен играч во нападот покрај Азар и Бенз
 
Во големите утакмици едноставно нема кој да даде гол, и покрај тоа што креираат шанси...Бале ја имаше најубавата шанса, цел гол промаши. Доколку играше Модрич прва, Валверде немаше да игра, а со Касемиро ја контролираа средината.
Иско изигра солидна утакмица, имаше доста успешни пробиви.
Се на се, тапа утакмица.
 
и Касемиро и Касемиро..ама Валверде човече...уште сега откритие на сезоната без двоумење би го ставил.
Дечкото Р А С Т У Р А- буквално..
Има сЕ што треба да прерасне во клучен играч на следните успеси на Реал, а пред се има ЉУБОВ кон клубот во кој што игра..се гледа од видеото погоре..таа емоција не се купува ни со пари нит вештачи се прави...е таквите играат и гинат за дресот што го носат.

Што и да се случи со Зизу, овој потег му е ВРВ.
Остави анонимец, го продаде Љоренте што рака на срце до тогаш имаше некоја солидна партија...Ама не го гледам конкурент ниту на исто рамниште со Феде, нит сега, нит во иднина.
 
Изгази Касемиро на Класикото, MOTM го одбраа. Многу битен играч ни е сезонава.

 
Кога ќе размислам не ми текнува на сезона кај што сме ги сврзале Севиља, Валенсија, Атлетико и Барса у гости без пораз... и тоа со еден примен гол севкупно.
Глупи кикса имавме само со Бетис и Ваљадолид дома, у втора полусезона такви ствари мора да се елеминираат зашто тие бодови титула може да коштаат.
Иначе на прав пат сме :ROFLMAO:
 
Пак нема кој гол да даде...нека ае зимаат Де Брујн, Мане и Мбапе оти не бива вака..:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom