Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Доколку си замине ѓуптинот Данило во првиот тим ќе биде промовиран Алваро Техеро, десно бекче а игра и лев подеднакво добро. Комбинација од Карва и Начо, набиен питбул![]()
Тројна земааДецата што ги води Гути земаа двојна титула во Шпанија. Штета за испаѓањето во 1/2 финалето од ЛШ, беа многу подобар противник од Бенфика.
Да, моја грешка, и карлинг куп земале.Тројна земаа![]()
Тео, Љоренте и Ваљехо во џеб, се работи на Себаљос, Мбапе(и Донарума???)
Каква работа врши управата.![]()
Не е лесно да ги купиш двајцата најдобри играчи во двата финансиски најмоќни клубови во Англија.. барем не во еден трансфер период.И 2-3 петкаши да најдат домашни да им пишуваат пошто овие мораат на тренинг.
Абе остај нека се докажат прво па тогаш купи ги за прв тим, макар и за поголема цена. Играчи со една сезона фудбал зад себе
Пример Гереиро, Азар и Де Геа подобро звучи. А ништо поскашо нема да не чини.
Кога овие ќе качат години, Мбапе, Донарума, Тео ќе созреат, па ќе ги купиш како зрели играчи.
Не е лесно да ги купиш двајцата најдобри играчи во двата финансиски најмоќни клубови во Англија.. барем не во еден трансфер период.
Не можеме.Во еден трансфер период ги имаме купено Роналдо и Кака.
Поентата ми беше дека со парите што ги бараат за Донарума и Мбапе можеме да купиме веќе докажани, класа играчи.
Или за помалку пари некои што би ја вршеле истата работа.
За после 5 години... ќе мислиме тогаш.
Големи пари се вртат, попаметно да гледаат од сезона за сезона, отколку за 4-5 сезони однапред.
Ќе дадат 100 милиони, ќе седат на клупа често, па напредокот не е загарантиран. Ќе го продадеме за пола цена.
Не можеме.
Роналдо и Кака тогаш ги купивме за вкупна сума од 140+ милиони, така нешто беше. Сега само Азар толку би не чинел. Пак ќе ти кажам тешко достапни играчи се овие, Азар е најдобар играч во тимот на Челзи исто и Де Геа во Јунајтед, можеби не е толку проблем цената колку што е достапноста на самите играчи.
Со Мбапе и Донарума е поинаква ситуацијата. Мбапе има сам изјавено дека сака да игра во Реал со неговиот идол Роналдо, ако малце се запне за него може Реал да го земе. Работата е колку Реал во моментов стварно сака да го купи Мбапе, мислам дека ќе гледа како ќе се одвива ситуацијата со другите играчи кои сакаат да заминат летово па тогаш ќе се одлучува дали треба или не треба да го купат. Донарума можеме да го земем за многу мала сума, многу помала од онаа на Де Геа која Јунајтед ја побараа а беше 80 милиони евра. Донарума не сакаше да го продолжи договорот со Милан, му истекува уште една година од истиот, башка Раиола му е менаџер, така да може многу полесно и поефтино да се купи од Де Геа.
Работата е што Мбапе и Донарума не се НЕДОКАЖАНИ играчи, туку се премногу млади. Двајцата имаа над 40 настапи минатата сезона, верувај докажани се доволно, а воедно се и двајцата најголеми таленти на нивна возраст.
Нема да го дадат за помалце, толку ќе изнесува трансферот околу 100 милиони. Кога би ме прашувале мене, би го земал Мбапе од пред овие тројца. Првиов нема шанси да си оди, вториов воопшто не ни треба, а и потпиша нов договор и исто така нема шанси да си оди, третиов е тоа што најмалце му треба на клубов. 29 годишен напаѓач, некој што повторно ќе му грее клупа на Бензема а ќе зима огромна плата, башка што и според мене е малце преценет.Дали мислиш дека Мбапе ќе го дадат за помалку од 100 милиони?
Дали мислиш дека Мбапе во наредниве 2-3 сезони ќе придонесе повеќе од Азар, Дибала па и Обамејанг да речеме?
Не само Реал, туку и другиве екипи... работава со младинциве им е демек се грижиме за иднината. А ако не покаже ништо спремни се уште следно лето да го продадат.
Пример да го земам Депај.
И 2-3 петкаши да најдат домашни да им пишуваат пошто овие мораат на тренинг.
Абе остај нека се докажат прво па тогаш купи ги за прв тим, макар и за поголема цена. Играчи со една сезона фудбал зад себе
Пример Гереиро, Азар и Де Геа подобро звучи. А ништо поскашо нема да не чини.
Кога овие ќе качат години, Мбапе, Донарума, Тео ќе созреат, па ќе ги купиш како зрели играчи.
Брат извини вака, ама трескаш зелени.
Гереиро
Де Геа за 75 милиони е глупост, како и 100М+ за 26-годишниот Азар кој ќе ги зема минутите на Иско и Асенсио.
Ниеден трансфер ми нема логика.
На крај Депај го спореди со Мбапе. Ок.
Донарума и Мбапе се најголеми таленти моментално. Нема екипа кој не би ги посакала. Додека Себаљос има откупна клаузула од само 15М, вреди да се проба со него. Имаше одлична сезона во Бетис, и да не се развие како што треба ќе можеме да го продадеме по истата или поголема цена.
Управата си работи перфектно, а резултатите се 3/4 ЛШ.
Има многу играчи, кои станаа носители на играта со оваа политика или добро се развиваа.
Од стартниот тим: Варан, Карвахал, Касемиро, Иско.
Од резервите: Асенсио, Мората, Ковачич, Начо, Лукас.
Меѓу овие 6 Донарума и Мбапе е многу веројатно дека ќе бидат екстра играчи, Ваљехо и Љоренте исто така многу ветуваат.
За Тео и Себаљос сум порезервиран, и двајцата имаат талент, ама уште се зелени во главата.