Абе фактички , Роналдо за што дојде - заврши работа! Не само La Decima , туку уште две екстра се освоија.
За тоа благодарност, иако во секоја од овие освоениве не учествуваше со иста застапеност и помош.
Е сега, овој негов плачипичлук, може да е и од Господ пратен за Реал и неговите навивачи. Зошто?
Дечкото завлегува во доба каде што се помлаце и помалце , неговиот атлетицизам ќе може да дојде до израз.
А секако неговиот стил на игра се базира грото, врз тој негов атлетицизам. Значи, не викам дека ќе е 100%
непотребен, за наредната или по наредната сезона, туку дека се повеќе ќе гледаме , спомнување од топка и неможност
да се помине "еден на еден" со просек дефанзивци.
При моменталните услови , ќе беше доста грубо и нефер , самиот Реал да притисне на трансфер од неколку причини.
Ама кога веќе самиот играч си бара? Бујрум!
Време е Реал да се преструктуира , и да се почне со изградба на "Пост-Роналдо Ера" тим.
Една работа што можат да му извадат блиску до $200M од трансфер моментално (плус уште $200М на плата од него ќе заштедат), што дел можат одма за МБапе да се дадат и некој асален шпиц. Нели без Роналдо , немаме потреба ни од Бензема?
Едини проблем што гледам е, неговиот сеуште вреден маркетиншки потенцијал. Не за мене , или за вас , другите навивачи на Реал , туку пред се за Перез и бордот , што секоја акција или потег го гледаат преку добиени/изгубени милиони евра.
Како и да е, како што иде времево се некако ми се чини дека за некоја недела ќе испадне она "шалили смо се" и ќе остане.
Цело ова негово потпалување оган и сега ќутење, му даваат потполна слобода да го направи тоа.