Три години, три полуфиналиња. Фантастичен успех со кој името Жозе ќе биде запишано со златни букви во историјата на Real Madrid Club de Futbol.
Шала на страна, никаде јас не го оспорувам остварувањето на Мурињо. Веднаш се забележа разлика во неговото работење и пристапот кон натпреварите во ЛШ. Ама правам паралела со она што Карло го направи за 1 година, и Жозе за три. Ги имаше сите услови да го подготви тимот да ја освои ЛШ. Протестирам затоа што претходно беше кажано дека за овие 5 години колку што е Перез претседател, освоени се само 5 титули и дека Перез се мешал во трансфер политиката што мора да се признае дека во времето на Мурињо не беше точно. Значи не ми кажувајте зошто Мурињо не освоил ЛШ (не е тоа тема на муабет), туку како е Перез крив за тоа, кога му ги исполнил сите барања на тренерот и му оставил 3 години.