еве проштално писмо од ДиМарија на МАРКА.... пошто ова на реалмадрид.ком нема да го има никојпат





"Никогаш не беше моја желбата да заминам !!"
Анхел Ди Мариа сакаше да се опрости од мадридистите после 4 сезони поминати во клубот, откако направи рекорден трансфер во Јунајтед. Па токму затоа тој напиша писмо во кое ги објаснува причините за своето заминување како и се заблагодарува до сите фанови на Реал Мадрид за безрезервната подршка. МАРКА го објавува ексклузивно писмото на Ди Мариа. Во продолжение следат неговите зборови:
Отворено писмо од Анхел Ди Мариа
"Почитувани мадридисти
Мојот циклус во Реал Мадрид дојде до својот крај. Невозможно е да се испише се што преживеав во Мадрид во неколку линии, но ова писмо вреди за да објаснам што чувствувам во моментот на заминување. Во овие четири години во кои ја имав честа да го бранам овој свет дрес се чувствувам повеќе од почестен за се што помина и што остваривме со моите соиграчи.
На жалост, денес дојде времето да заминам, но морам да кажам дека тоа не беше моја желба. Како и секоја личност која работи, секогаш сакав да прогресирам. Откако ја освоивме Decima заминав на подготовки за Мундијалот со надеж дека ќе добијам гест од Директивата, нешто што никогаш не дојде. Се зборуваа многу работи и многу лаги. Секогаш сакаа да ми ја препуштат иницијативата за излез од клубот, но не беше така. На жалост, не сум по фудбалскиот вкус на некоја личност од внатре. Она што го побарав јас беше само она што беше чесно. Има многу работи кои јас ги вреднувам и многу од нив немаат врска со мојата плата. Се надевам дека ќе ги најдам истите во Манчестер Јунајтед, еден од најголемите клубови во историјата со кој дај Боже да направиме историја.
Ја имав таа среќа да ја делам соблекувалната со фантастични играчи, кои покрај тоа беа и најдобрите можни соиграчи. Мислам дека тоа беше клучно да ја освоиме Decima. Сакам да побарам прошка за моментите во кои грешев, внатре или надвор од теренот. Никогаш не беше моја интенција да оштетам некого. Го потев овој дрес на секој натпревар како да беше последен. Имаше случаи во кои работите ми одеа од рака и други кога не, но можам само да ве осигурам дека секогаш давав се од себе за овој дрес.
Сакам да и се заблагодарам на Шпанија за се што ми даде и посебно за раѓањето на мојата ќерка на таа земја. И специјална благодарност до луѓето во болницата Монтепринципе, која секогаш ќе ја носам во моето срце. Мојата сопруга, мојата ќерка и јас сме ви бескрајно благодарни за се што сторивте за нас. Исто така голема благодарност до моите соиграчи, кои ме подржуваа секогаш, во добрите и лошите моменти, до различните стручни штабови со кои работев во кариерата во Мадрид и до сите личности кои работеа во моето време во клубот, со кои имам одлична релација.
Посакувам од се срце Реал Мадрид да има голема сезона и да ги достигне целите кои секогаш ги бара. Секогаш во моето сеќавање ќе го носам тој момент кога излегов на теренот на Бернабеу во Суперкупот и кога ја почувствував бескрајната подршка на нјадобрата публика на светот. Бескрајна благодарност до сите мадридисти !! Сеуште ми е наежена кожата. Не го имав најдоброто простување во она што за жал беше последниот натпревар за мене.
HALA MADRID. Засекогаш !!
Анхел Ди Мариа "