Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Баш сега читав интервју со Румениге кој е во бордот на Баерн и претседател на асоцијацијата на клубови во Европа и го прашуваат околу трансферот на Бејл...

Вика дека продажбите на Озил па и на Игуаин се нешто кое што Реал го направиле за да можат да го реализираат трансферот на Бејл сооглед на тоа дека во сила е финансискиот фер плеј и Реал морале да направат олеснување во однос на плати и трансфер суми за да после трансферот на Бејл дојдат во некој економски баланс....Со тие продажби трансферот на Бејл е и повеќе од компензиран.

И после Рејал бил богат тим.
пфф
:icon_lol:
 
Хаха абе Игуаин сам бараше трансфер уште пред една сезона, не можеше да трпи да го прават мајмун да седи на клупа додека игра телето пред него кој е труп од играч ама има среќа што беше играч кој го донесе лично Перез и затоа што Зидан сеуште има доверба во него.
 
Баш сега читав интервју со Румениге кој е во бордот на Баерн и претседател на асоцијацијата на клубови во Европа и го прашуваат околу трансферот на Бејл...

Вика дека продажбите на Озил па и на Игуаин се нешто кое што Реал го направиле за да можат да го реализираат трансферот на Бејл сооглед на тоа дека во сила е финансискиот фер плеј и Реал морале да направат олеснување во однос на плати и трансфер суми за да после трансферот на Бејл дојдат во некој економски баланс....Со тие продажби трансферот на Бејл е и повеќе од компензиран.

Епа види вака...

- Се олеснија од 10м пред оданочување од Кака.
- Игуаин сам си побара трансфер му се извади солидна сума
- Останатите играчи беа продадени за просечни суми
- Иско беше паник-бај да се собере талентиран шпанец пред Барса или некој друг клуб еве пример вас. Ќе се форсира да биде шпански репрезентативец
- Иљараменди исто така беше принудно купен за огромна сума поради повредата на Чаби и негово непродолжување на договорот

И чат пат нека беа изедначени трошоците и приходите ама се најавуваше Бејл и некој требаше да биде жртва. Јас мислев дека Коентрао и Ди Марија ќе добијат кик ама излезе Озил.
Уште на пријателските се виде дека Ди Марија ќе остане.... Карло го форсираше на средина на позиција која ја игра Озил. После излезе Ди марија дека Роналдо го замолил да остане. Плус Ди Марија зема помала плата и кошта помалку од Озил па најверојатно одлуката паднала на Озил. Што би се рекло колатерална штета од трансферот на Бејл. Според мене тоа ќе да е.
 
Фалкао или Кавани страшно ќе легнеа во тимов,Суарез не толку(според мене)

Се пишуваше дека од Монако го понудиле пред некоја недела на Реал,Фалкао ама ништо не испадна,може ќе почекаат до Зима или следното Лето па ќе си бега од таму. Реал би бил совршена дестинација.

П.С. Уште по Озил жалите ?
Со Бејл во тим нема ни да се осети неговото отсуство.
Башка 50 мил.....мора и малку пара да се направи.
 
Живот после Озил:

Твитерџијата​
Гејм оф троунс - на Зидан ѓуптинот - Сан Франциско - Дебелиот​
#Dependencia - Гета​
100м - појакиот од Озил - 96м​
Матермуебамтелевоофсајд​
 
Едноставно е, и едната и друата страна го сакале трансферов.

Не го правете Озил како Снајдер сега. Не е така набркан од клубот. Сакал да замине, си замина. Таков играч лејм е да се правда со тоа шо он се правдаше сеа. За Каљехон може да кажете дека сезонава го шитнаа заради тоа, немање место, Озил НЕ!

Од друга страна, кризата во Шпанија налага и да се продава. Реал сигурно ќе издржеше и со останување на Озил, но он ќе бараше поголема плата и ќе уценуваше со понудиве кои ги доби од Јунајтед и Арсенал (ако не уценувал и летово татко му).

Шо мислите, Перез, значи повторувам ФЛОРЕНТИНО ПЕРЕЗ не би сакал уште една ѕвезда во тимот? Абе ае... тој сите би ги задржал, ко што го задржуваше Кака. А Озил по „ѕвездашки критериуми“ е на нивото на Кака. Арно ама финансиите го притискаат. Се опичи за Бејл, му се направи меракот после 4 години да купи таков играч, но го стисна тоа малку.

Попрво Модриќ ќе го продадеше него Озил, и за Лука имаше понуди, но нешто пукнало меѓу Озил и Анчелоти и клубот очигледно. И така, на крај, двете страни среќни. Нема добар/лош во ситуацијава.
 
Само ние навивачите го попивме да неможеме да спиеме и да решиме едно прашање на испит :icon_lol:
 
Заклучив дека: Фанови на Ман.Јунајтед, Арсенал, Баерн, Челзи, Милан, знаат за Реал колку што и јас ( фан на реал ) знам, од управа па се надолу до играчи, шпекулации, кој-како-каде-што... А јас за нив само му ги знам звездите во тимот и чат-пат можи на ливче петок, сабота да ги врзам со Реал. Е... Тоа е Реал Мадрид.
 
Само ние навивачите го попивме да неможеме да спиеме и да решиме едно прашање на испит :icon_lol:

Треба да сте имуни на вакви потези, ајде млади сте ќе се научите.
И на мене ми беше мака неможев да спијам кога го дадоа Раул. :свиркам:
 
шо да освои со тотенхем, оти роналдо не освои со спортинг ништо ? и има играч на премиер лигата, тоа ти е многу престижна награда... не ја даваат англичаните на секого
да не се лажеме, за таа награда секогаш се преферираат островски фудбалери, го знаете критериумот :)
 
Која бе конкуренција жити се? Иско? Иско 60 утакмици во годината, ќе му го зима местото?

Нема врска што Арсенал го зема Озил, ама според мене одалеку се гледа дека ова е масло на Перез и никој друг. Единствен тренер кој правеше што сака (колку-толку) беше Мурињо.. а, како што гледам, така и ќе си остане. Не ме сфаќајте погрешно, ама за некој како Озил ми е преглупо, причина да биде, те формата, те дали ќе играм за Германија, те незнам што. Јасна е работата, а тоа кога тогаш, ќе излезе на виделина.

peace out.

Еј па чекај, Иско е сега за сега играч и пол,така да не го потценувај него.Ако се разигра нормално дека ќе си игра константно,што аир ќе видиш од ротација доколку играчот е во топ форма ?
За сега е во форма,па Озил немаше да заигра додека не зар`ѓаше Иско.

Можеби е масло на Перез,ипак дедото е комерцијалист.:ROFLMAO:

А и за Германија на неговата позиција Гетце му конкурира,па види сега дали не е важно дал ќе игра или не.

Ќе го размрда Арсенал тоа е сигурно,ама јас верувам дека ќе беше потребен и во Реал,направија очигледна грешка.

Ајде поздрав.:)

*Инаку и Раул го шутнаа,па што остана за Озил.Можно е и тоа.*;)
 
Малце е контрадикторно. Сите се слагаат дека би било тапа Озил да дреме на клупа така да ова излегува ко вин - вин и за двете страни.
 
Малце е контрадикторно. Сите се слагаат дека би било тапа Озил да дреме на клупа така да ова излегува ко вин - вин и за двете страни.

Па затоа викам дека ќе беше потребен во Реал,случајно ако зарѓа Иско.Ако зарѓа потоа некакви рокади може да има кои нема да се исплатат(играње на различни позиции итн).
(Верувам дека Иско не е поквалитетен од Озил,но сите ја гледаат сегашноста што може да понуди,не гледаат подалеку.Овој случај е истиот со Манџукиќ-Гомез.Истиот.):(

Мислам дека подобар плејмејкер од Озил во моментов нема.Тој е класичен плејмејкер.Играчи како Меси,Роналдо,Рибери и остали не ги сметам за класични плејови(иако се добри разигрувачи),туку се прилагодуваат кога треба.:)

Ги/Ве сфаќав кога се нервираа/кога се нервиравте за Озил,флегма играч е ама интелегентен беше у пм,во фудбалска смисла.:icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom