Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Еден шо го пратам пред малку пиша:
I think the biggest decision for Mou before the game vs Man United is at the back. Picking 2 between Varane, Pepe & Ramos is a tough one.
и баш тоа ми беше на памет после денешнава утакмица...
После којзнае колку време сме на двоумење кој да игра позади, но позитивно гледано. Слатки маки шо би рекле, ма да тоа е пресилно ипак за одбрана која се покажала добро само на неколку натпревари како нашава.
Али, Варан мислам дека е дефинитивно сигурен избор. Дечкото си царува, и тоа е тоа.
Е сеа, негов партнер. „Капитенов“ или Пепе. Реално Рамос ги изигра двата меча со Барса на врвно ниво, онака како што треба да игра. Се надевам дека конечно и нему му дојде паметот (како и на останатите кои добија воспитни), но сепак за него сум најголем песимист, и баш од Рамос ми е најмногу страв.
Рака на срце, немаше лош натпревар ни против Јунајтед, но нема да му го простам тоа што факинг (не му го спомињам името) го натскока, а денеска истиот Рамос, го прелета еден Пике!
Пепе денеска беше феноменален и дефинитивно клучниот играч. Тој беше изненадувањето (не верувам ниту некој од нас да очекуваше Пепе да игра ДМФ а Есиен бек), и задачата ја исполни максимално.
Но проблемот е што по повредата не изиграл цела партија како стопер, иако пак ќе речам, повредата не му влијаеше на формата.
Варијанта е секако и Рамос бек, а овие двајца стопери, но мислам дека Арбелоа и Коентаро со игриве во минатиов период заслужија да бидат стартери и на клучниот натпревар. Така да, ним не би ги чепкал.
Па така, останува да се избере меѓу овие тројца. Дали да се одржи партнерството Варан-Рамос, или да се иде со Пепе... Со оглед на тоа што петорката напред е позната и не би требало да има некои промени, ова, изборот на одбраната ќе биде најголемата дилема на Мурињо.
И изборот, ко што реков, нема да биде ни малку лесен.![]()
АхамНема никого да одмара, ќе видите. Ако нешто го боли Моу, тоа е сигурно пораз од Барса. Единствено може да го одмори Кедира, а на негово место да игра Пепе.
Ја прогнозирам вака:
- Лопез -- Арбелоа - Варан - Рамос - Коентрао -- Чаби - Кедира/Пепе -- Каљехон - Кака/Озил - Роналдо -- Бензема -
Ахам![]()
Мората.Што мислите Бензема или Игуаин за со Јунајтед?
Формата му е во огромен пад.Што е работата со Марсело, гледам во сите состави го предлагате Куентрао пред Марсело, уште не е 100% фит?