Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Може не сме играле пошто сме немале играчи за тоа, Лас не беше добар за таква формација, исто како да не играше, а за да играме така мораше Пепе да биде жртва. Меѓутоа, сега го имаме Есиен кој е створен за таа поставеност, нема да ме чуди ако играме 4-3-3 утре, иако јас не сакам да играме така.

НЕМА ШАНСИ да излезе со тројца деструктивци! :)

Ќе игра еден од Керида/Есиен плус Модриќ најверојатно. Да беше Озил во нормална форма, сигурно е дека ќе излезеше со стандардната постава, вака типувам на Лука. Повеќе проблем е одбраната, ја би сакал Рамос да игра десно, Пепе-Варан у средина.

Нема шо да се брани на утакмицава, одбраната и нив им е попара мора да се удри со пресинг од почеток. Ја убеден сум дека нема да почне со тројца дефанзивно ориентирани.
 
Кој ви бизнис Варан на ваква утакмица. Арбелоа е измислен за вакви дерби утакмици. Можеби не е world class десен бек ...ама или игра просечно или игра одлично. Нема слаба партија кај него плус во дефанзива ми е најсигурен од сите дефанзивци.
 
^
Точно. Арбелоа ретко кога потфрлил на ваков натпревар. Сите знаеме дека е ограничен, но она што знае да го прави, го прави одлично.
 
Битно КАКА прва ќе игра за другите к*р ме боли :D
Многу тешко да стартува... остај што паѓаат тука муабети. Не ми се верува такво нешто да направи Мур.
 
Дојде денот "Д" a?
Не ме плаши Барса колку што се плашам од самите себе. Мора да излеземе максимално концентрирани и да одиграме добар натпревар ако сакаме нешто од Ла Лига оваа година.
 
Нема ништо договорено за некаде со Мадридисти да се гледа а ?
 
Дај кога веќе нема организација, некој од Скопје нека ми каже у кој кафич или кладилница (у Аеродром по можност) има сателитска за да одам да гледам вечер? Компјутерот е тиња така да ќе нема фајде од линкови. Фала однапред.
 
Дај кога веќе нема организација, некој од Скопје нека ми каже у кој кафич или кладилница (у Аеродром по можност) има сателитска за да одам да гледам вечер? Компјутерот е тиња така да ќе нема фајде од линкови. Фала однапред.
Jaс сум Аеродромсместен,и со другаров ќе ојме во Златна копачка,пред Мкдоналдс шо е,кај зеленоно игралиште.Така да,ти препорачвам таму :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom