Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам колку е точно од 6 класика на кампот Мур ниеднаш не излегол со тројца копачи на средината. Неверувам и сега дека ќе биде така...ке игра еден од тројцата Кака Модриќ и Езел.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Може не сме играле пошто сме немале играчи за тоа, Лас не беше добар за таква формација, исто како да не играше, а за да играме така мораше Пепе да биде жртва. Меѓутоа, сега го имаме Есиен кој е створен за таа поставеност, нема да ме чуди ако играме 4-3-3 утре, иако јас не сакам да играме така.
 

Најдобрата партија на Кака во Реал, жално е што не победивме тогаш, а имавме шанси. Oд тогаш па наваму никогаш не добил вистинска шанса во Ел Класико, или бил повреден, или влевал во 80та минута кога се било решено. Време е за нова ваква партија на Кака.

2:33 Алвес на почетокот на својата актерска кариера.:pos:
Очаен глумец беше тогаш :D
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 15:41 ---
Иначе за формацијата мислам дека ќе биде стандардната, со Озил, Кедира и Чаби. Единствена дилема ми е дали ќе игра Игуаин или Бензема. Мада со оглед на тоа што Бензема изигра 90 со Ајакс, мислам дека ќе игра Игуаин
 
Го знае Мурињо лекот за играта на Барса, и мислим дека 100% ќе почне со тројца на средина, т.е Кедира-Чаби-Есиен.
Прво и основно е да не им дозволиш на Барса на средина да си ја играат нивната игра, а тоа многу лесно може да се оствари со овие тројца на средина. Кедира и Есиен разбивачи, Чаби креатор на игра. Кедира е во одлична форма, Есиен ме изненади искрено, мислев дека ќе биде чист промашај неговиот трансфер ама добро игра.
Ако успее Мурињо да им ја руши средината, све остануе на нападот. Се надевам дека нема да пропуштаме чисти шанси како во Супер Купот, зошто овој пат може многу да не чини тоа.

И второ, мора да игра висок пресинг уште од старт. Видовме дека таква игра е можеби и најголемиот против-отров за играта на Барса (и за Баерн лани во првите 20 мин.).
 
и можност е само ДиМариа да биде сменет на старот со Озил,ама како што знаеме колку голем тркач е ДиМариа -ќе игра тој..
И не одете на тоа дека Моу ќе излезе со ептен офанзивна тактика..Тактиката ќе биде како со Сити,со 3ца деструктивци на игра на средината од теренот,а ако на Барса им ја одзедеш средината-ги победуваш...исто како последниот натпревар во купот,кога 45 мин не знаеја на која страна треба да нападат џуџињата... :D

Ајакс - Реал
Нели влезе ДиМа второ полувреме, али некако ми изгледаше не во ред чоеко(Ја немаше брзината кога се врајчаше назад да стопира контри од Ајакс и да му помогни на Арбелоа).
Можи не беше доволно фит после ударот шо го доби vs Депортиво, да се надеваме дека сеа ќе биде доволно спремен.
Иначе:

--------------------Икер------------
Арбелоа---Пепе---Рамос---Марсело-
----------Кедира---------Чаби---------
-------------------Кака----------------
Ди Мариа-----------------Роналдо-
-----------------Бензема-------------

Туку, оти малце не гледате од друга страна.
Барселона нема доволно јака одбрана, недоволно фит Пиче и изгубениот Маскерано(или Сонг кој сакаш). Јас мислам дека нема толку многу да напајџа Барса, јесте да че си играат со топката држ недај и че чека многу добар кикс од страна на нашиве. И незнам оти али мислам дека Мурињо че тргни напајџачки, можеби за да ги понижи со голема победа над нашиот ривал. Шо до негде е лошо ако тргниш напајџачки али за купот 2рата утакмица Моу направи малце поофанзивна тактика (Ди Мариа Озил Кики Игуаин) и му успеа планот.
 
Го гледа некој Гранеро ?
Асистенција + гол, најдобар денес во редовите на КПР.
Се надевам дека ќе изборат опстанок поради Гранеро бидејќи со играта што ја тераат не им бега местото кое води во Чемпионшип.
 
(Прес – 06.10.2012)

Прашање: Ќе играат заедно Benzema и Higuain?
Jose Mourinho: Заедно не. Која ќе биде екипата? Веќе игравме толку многу пати со Barcelona во последно време така да не ми се чини тешко да се знае екипата која ќе излезе утре.

П: На што се должи смената на рутината( ќе патуваат за Barcelona во истиот ден на натпреварот)?
JM: Последните три или четири пати во кои патувавме во истиот ден на натпреварот, на екипата тоа и се допаѓаше, и мене исто ми се допаѓа да бидам во Madrid еден ден повеќе. Иако натпреварот не е доцна, имаме доволно време. Ова се многу лесни натпревари за да се биде психолошки подготвен, не ти се потребни долги тактички разговори. Во вакви натпревари доволно е да се стаса на време за да се игра натпреварот. Фудбалерите ќе дојдат многу мотивирани. И судиите исто така треба да бидат мотивирани за овој натпревар.

П: Дали ќе игра Coentrao?
JM: Јас нема да ти ја кажам екипата која ќе игра утре. Се решив за Marcelo против Ajax и тоа беше добра одлука. Секој натпревар е различен и утре ќе видиш кој ќе игра.

П: Што натпревар очекувате на Camp Nou?
JM: Не постои некое правило. Никогаш нема да знаеш што ќе се случи. И двете екипи се добри. И двете екипи сакаме да победиме но не знаеш ништо. Во нормални услови тоа се избалансирани натпревари, иако некој пат беа дисбалансирани. Наша грижа е да играме добро. Се подобруваме се повеќе и повеќе ако ги споредиме натпреварите. Сакаме да дојдеме до нивото на игра кое не направи шампиони минатата сезона и да играме што повеќе време на тоа ниво.

П: Ќе излезете со Modric или Ozil?
ЈМ: Не можам да ви кажам кој ќе игра. Веќе ви кажав дека нема да играат заедно Karim и Gonzalo. Веќе игравме многу натпревари што и самиот можеш да ја составиш екипата.

П: Верувате дека сепак ќе игра Pique?
ЈМ: Минатата сезона, во натпреварот од La Liga во Barcelona, Pique беше добро но беше на клупата. Јас не можам да мислам со главата на другите тренери. Ќе ја знам нивната прва постава еден саат пред почетокот на натпреварот, а јас морам да ја дадам мојата прва постава пред да ја дознаам нивната. Имаме наши идеи. Нашата екипа ќе биде подготвена за да игра. Barcelona има екипа со многу квалитет, повеќе од доволна за да ги корегира овие проблеми. Ова се натпревари кои го запираат светот, па за тоа нека играат сите они играчи кои се добро. Во случајот со Puyol, се радувам што неговата повреда не е толку голема како што се чинеше. Во случајот со Pique, ако има сомневање, тогаш тоа е мала работа. Подготвени сме во секој случај.

П: Како ќе се одвива La Liga ако изгубите на Camp Nou?
JM: Почекај да го изиграм прво натпреварот. Немој да бидеш толку многу песимист.

П: Кое е нивото во екипата во моментов?
JМ: Сакаме континуитет. Зборувам за организација, за добри индивидуални однесувања...Сега сме на почетокот на сезоната, недостигаат многу месеци за натпреварување. Наш интерес е да дојдеме до нивото од минатата сезона. Знаевме дека ќе биде тешко да го одржиме. Наш интерес е да го вратиме чекор по чекор и овој натпревар ќе биде важен во оваа смисла.

П: Како може да влијае утре притисокот и амбиентот врз судијата?
JM: Веќе се случија неколку работи од почетокот на сезоната, но во Real Madrid никој не кажа ништо, никој не ја отвори устата и нема да бидам јас тој што ќе го направи тоа.

П: Дали нерешено ќе биде добар резултат?
JM: Не знам, зависи од натпреварот. Ако играш многу добро и имаш многу прилики за гол и изиграш нерешно тогаш е лошо. Ако дојдеш еднаш до противничкиот гол и постигнеш гол, играш лошо итн...нерешено може да биде многу добар резултат.

П: Како ја гледате Barca на Tito, со онаа на Guardiola?
ЈМ: Исто.

П: Верувате во своите играчи?
JM: Да. Верувам секогаш. Кога чувствата се позитивни се верува повеќе но во фудбалот сум веќе многу години за да знам дека секој натпревар е различен.

П: Madrid или Barca, кој доаѓа подобар на овој натпревар?
JM: И двата тима исто.

П: Дали сте загрижен за Ozil и неговата игра?
ЈМ: Секогаш кога некој ќе остане на клупата, веднаш правите историја. Мене ме плаќаат за да ја изберам најдобрата 11ка и се обидувам да го направам тоа што е можно подобро.

П: На што се должи подобрувањето во екипата?
JM: На играчите, кои сфатија дека е задолжително да се менуваат. Мораа да бидат повеќе мотивирани, повеќе концетрирани. Тоа се нивни заслуги. Го сменија чипот и на овој начин е полесно да ни се случуваат добри нешта.

П: Дали вежбавте околу нафрлените топки?
JM: Пред тоа, само да кажам дека ни вчера ни денеска не се видовме со Zidane(Marca излезе со информација дека Zidane специјално за овој натпревар отишол во соблекувалната за да им посака среќа). Немавме време ниту да работиме ниту да вежбаме околу нафрлените топки. Имаме еден ден помалку од нашиот противник. Едноставно работевме за да закрепнеме од ЛШ за да бидеме во топ форма утре.

П: Што мислите за политичките барања кои го свртеа вниманието околу El Clasico?
JM: Не мислам ништо. За мене ова е само фудбал, ништо од политиката.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
^Абе најдобар у КПР... Јес да имаше асистенција и даде убав гол на крај, ама цела утакмица не се виде :)

Не заебавај, еден од најдобрите беше. Му треба уште малце време па да почне и во ПЛ да ги прикажува своите квалитети.

Иначе за Ел Класико јас сум за да игра Бензема, подобар е моментално од Игуаин и доколку му се укажуваат шанси како што му се укажаа на Игуаин во Супер Купот има да ги демолираме циганине.
Пипита да си поработи на реализацијата.
Ајде некој нека го преведи ова доколку можи.
 
Не заебавај, еден од најдобрите беше. Му треба уште малце време па да почне и во ПЛ да ги прикажува своите квалитети.

Иначе за Ел Класико јас сум за да игра Бензема, подобар е моментално од Игуаин и доколку му се укажуваат шанси како што му се укажаа на Игуаин во Супер Купот има да ги демолираме циганине.
Пипита да си поработи на реализацијата.
Ајде некој нека го преведи ова доколку можи.
Ништо страшно. Од Патетеко изјавуваат навивачите да дојдат на стадион да ги гледаат нив, и да заборават на Ел Класико.
И нивните навивачи не идат на стадион за време на Ел Класико, се знае кој е кој :D
 
304304_277847155667452_1963761302_n.jpg


Пепе најјакио :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom