Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Официјално: Мичел Салгадо се враќа во Реал Мадрид !!

Мурињо во текот на целата сезона е во потрага по квалитетен десен бек, и конечно го доби. Мичел Салгадо, по 3 сезони поминати во Блекбурн, се враќа во редовите на Реал Мадрид.

Откако Серхио Рамос беше преместен на централната стоперска позиција, местото десен бек остана ранливо во тимот на Мурињо. Арбелоа е сега единствениот класичен десен бек, а повремено на таа позиција игра и Лас Диара, Алтинтоп и Коентрао. Мурињо не е целосно задоволен од ниту еден од нив, и сакаше квалитетен специјалист за игра крај десната аут линија, кој ќе му биде конуренција на Арбелоа.

Мичел Салгадо дојде како најпогодна опција за управата на Реал Мадрид. Ако се знае дека преодниот рок е затворен, и тешко беше да се обезбеди некое големо има во овој дел од сезоната. Мичел Салгадо уште од декември не играше во дресот на Белкбурн и англиските медиуми на големо пишуваа дека ќе го раскине договорот со овој клуб. Тоа се случи доцна синоќа. Имено, Флорентино Перез, претседателот на Реал, лично му телефонирал на Салгадо да се спакува и да дојде назад во Мадрид, каде што ќе го пречекаат со раширени раце. По разговорот, Салгадо, видно возбуден, воопшто не се двоумел и под итна постапка го раскинал договорот со Блекбурн, на обострано задоволство.

На овој начин, Мурињо добива стабилен десен бек, кој одлично го познава клубот, ако се знае дека 10 сезони го носеше белиот дрес, од 1999 до 2009 година. Тој е искусен, ефтин, економичен, и многу работлив тип на играч, баш онаков каков што сака португалецот.

Уште вечерва 36-годишниот Салгадо ќе пристигне во Мадрид, а утре се очекува да го потпише договорот, кој ќе го обврзе да остане во клубот до завршувањето на оваа сезона, и во текот на следната 2012-13. Марка пишува дека е договорена плата од 2 милиони евра годишно. Поради тоа што доаѓа како слободен агент, Салгадо ќе може веднаш да заигра во дресот на Реал. А ако се знае дека нема играно во Европа оваа сезона во дресот на Блекбурн, тогаш ќе биде достапен и за настап во ЛШ. Па така, доста веројатно е дека ќе има деби настап по враќањето во својот дом веќе во среда, во дуелот против Апоел од 1/4 финалето на ЛШ. Ultras Sur подготвуваат специјална кореографија за овој меч за легендарниот Салгадо !! Добредојде назад во својот дом, шампионе !!
априлилили
Е да е вистина овааааааааааааааааааааа :place:
 
Е да е вистина овааааааааааааааааааааа :place:
Пред умирање е човекот, дај да го оставиме на раат:D

Ја сум за да се земе Тиаго Силва, а Рамос да иде како бек или па Варане да се вметне у првиот тим па пак Рамос си иде десно. Може и да се донесе некој добар десен бек, сега не ми прави никој на десната позиција многу мерак што би можел да ја закрпи таа позиција и да одигра одигра одлично.
Волкер од Тотенхем не би бил лоша опција, мислам дека би се вметнал у планот на Мурињо...ама сепак постои дали.:)
--- надополнето: 1 април 2012 во 20:11 ---
Заборавив на Махи Переира од Бенфика:D
 
Нека помине 1-ви Април па после шпекулирајте :D
 

--- надополнето: 1 април 2012 во 21:38 ---
0:30 | 1:24 | 3:40

2:35...
--- надополнето: 1 април 2012 во 22:54 ---
Real-Madrid-s-planet-008.jpg
 

Погледнете ги терористиве. И за да му се одолжат на човекот и неговите деца Реал ги поканил на Бернабе да ги следат утакмиците без да бидат мачени од никого на трошок на клубот. (y)
 
http://www.supersport.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=6123:benzema-ne-saka-da-izdvoi-1-500-evra-za-da-pomogne-na-svojata-bolna-baba&catid=40:shpanija&Itemid=81

Се чудам од кај им доаѓаат идеите за статии од ваков калибар. Сигурно интервјуто е правено со дедо му на Карим па од таму добиле информации од прва рака. Па и децава по фејсбук гледам се палат.. :facepalm:

едит: информацијата ја добиле од тетка му. Се извинувам.
 
http://www.supersport.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=6123:benzema-ne-saka-da-izdvoi-1-500-evra-za-da-pomogne-na-svojata-bolna-baba&catid=40:shpanija&Itemid=81

Се чудам од кај им доаѓаат идеите за статии од ваков калибар. Сигурно интервјуто е правено со дедо му на Карим па од таму добиле информации од прва рака. Па и децава по фејсбук гледам се палат.. :facepalm:

едит: информацијата ја добиле од тетка му. Се извинувам.
Ова све се 1 Априлски шеѓи :)
 

Погледнете ги терористиве. И за да му се одолжат на човекот и неговите деца Реал ги поканил на Бернабе да ги следат утакмиците без да бидат мачени од никого на трошок на клубот. (y)


Predavnici(n)

:icon_lol:
 
Ова све се 1 Априлски шеѓи :)

Муабетот го прочитав и вчера или некни на еден друг наш македонски експертско-екслузивно-фудбалски сајт, така да не верувам дека е објавено како 1 Априлска шега.
 
Прочитав во онлине порталот на Вечер дека Реал ќе го отстранува крстот од круната поради планираните инвестиции во ОАЕ. Арапите не дозволувале паркот на Реал да го има амблемот со кралската круна која на врвот има крст!


Спортски поздрав!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom