Ќе ја живнам темата малку пошто со жена ми сме заглавени во апартманот во Грција (бебо конечно заспа и нема мрдање)
Реално и убаво ми е, конечно се одмарам на одморов.
Лично сум задоволен од досега прикажаното. Чаби Алонсо е тренериште и ми е мило што (наводно) му оставиле целосна слобода околу изборот на играчи.
Кој трча ќе игра. Кој не, клупа.
Уште се нервирам кога ќе помислам на ланското ноншалантно одење на Винисиус и Мбапе после (милион) неуспешни дриблинзи.
Имаме сезонава далеку помодерна фудбалска филозофија.
Плус, Перез се налути и го обеле тимот
Хујсен: играчиште. Не е во додавањата како факинг Тони Крос али малиот (195 цм) е доминантно присуство во шеснаесетникот, знае да додаде, и има убав преглед на играта што е многу многу ретко за централен дефанзивец.
Трент Александер-Арнолд: Конечно десен бек! Мајко мила какви снајперски долги топки пушта овој. Е тука би рекол веќе Крос/Модриќ квалитет на пасови, а тоа е највисок комплимент.
Карерас: Одличен и во напад и во одбрана. Како и останатите, допрва ќе видиме како ќе се носи со појаки противници.
Мастантуоно: Има потенцијал малиот али моментално премногу сака да се докаже. Мал е, зелен, да видиме што ќе биде. Му ја ебал на Јамал девојката, така да ете, ќе му дадеме еден плус за тоа.
Мбапе: и годинава еден од најдобрите играчи во светот.
Винисиус: најомразениот играч во светот има шанса да сврти нов лист со новиот тренер. Кога е фокусиран игра мајсторски. За жал, фокусот знае многу лесно да му забега, али годинава Родриго ќе му диши во врат за таа лева крилна позиција, па сигурно ќе допринесе на зголемување на концентрацијата.
Арда Гулер: Прероден, прекрасен.
Чуамени: Исто.
Гонзало Гарсија: демонстрација на Чаби Алонсо: малиот трча, затоа игра. И одигра супер на светското клубско. Душата си ја остава на терен.
Големи промени има во тимот, и сеуште се гради, но сега за сега ми се допаѓа тоа што го гледам.