Многу пати во текот на оваа сезона прочитав дека Реал ќе проба да ги донесе Мбапе и Халанд летово и тоа ќе биде тоа, ако е ова точно ќе може да си дозволиме уште некој трансфер. Десен бек треба да ни биде приоритет затоа што Карвахал е често повреден а добро би било и уште еден централен дефанзивец како бекап за Милитао и Алаба.
Точно е, вистински се бројкиве и важат и за летниот трансфер период кој следи.
Јавно достапни информации се ова, еве линк и од официјалната страна на La Liga од каде што првично ги извадија.
Squad spending limits LaLiga 2022/23
www.laliga.com
Во врска со трансферите, радува фактот дека конечно ќе се ослободиме од големите плати на Бејл, Марсело и Иско.
Се надевам дека ќе успеат да продадат некој од Јович, Мариано и Хазард.
Себаљос скоро сигурно иде во Бетис и ќе треба да се најде купец за Одриозола, се надевам дека нема да го остават во тимот.
После сезонава скоро сигурно е дека на Модрич ќе му го продолжат договорот за уште една сезона.
Реал летово ќе има две опции. Потпиши ги Мбапе, играч од средниот ред, еден десен бек и во зависност од ситуацијата со Челзи и газдите да се проба уште еднаш да се привлече Рудигер. Да се продолжи да се игра во нападот со Винисиус - Бензема - Мбапе во наредните 2-3 години, па тек тогаш да се бара замена за Бензема. Логиката овде е дека нема потреба да се потпише сега Халанд кога Бензема игра сеуште на елитно ниво. Има други делови од теренот кои исто треба да се зајакнат.
Или, да се потпишат Мбапе и Халанд и ниту еден друг играч и да се најде начин како ќе се имплементираат и двајцата во првиот тим заедно со Бензема и Винисиус. Овде логиката е дека не смее да се пропушти талент како Халанд. Не секој ден се наоѓа ваква супер ѕвезда на волку рана возраст.
Проблемот со Халанд е што не се прашува само Реал, како во случајот со Мбапе каде што изборот му беше Реал и само Реал. Во игра се и Сити, кои кога ќе се земе се во предвид мислам дека и подобри услови ќе му дадат на Халанд, поготово плата и статус на главна ѕвезда во екипа.
Али да, гледајќи ги бројкиве, дефинитивно Реал може да си ги приуште и Мбапе и Халанд летово.