Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Се се мислам ( надевам) дека ова вчера што го игравме е само одраз на лошата тактичка поставеност на Зидан , при поволен резултат.
Истото се случи и против Јувентус. Тотално надиграни и наттрчани на свој терен. Дури едно време сакав Баерн и да поведе со 2-1 , чисто
да почнат нашиве да играат , а не да се бранат (и тоа КАТАСТРОФАЛНО) на свој терен.
Што знам, ама сепак мислам еден преполовен и остарен Барен не смее онака во шише да не стави , и при 2-1 прва текма , да стрепиме до сам крај да не примиме гол.

Вечер сите за Рома , да се надеваме на чудо , па да имаме какви-такви шанси за во финале :icon_lol:

Пошто ова "презаситениве" тешко да можат да излезат на крај со кучињата на Клоп.
 
Остај тоа остарени и перполовени. Трчаа ко здивени, неверојатен пресинг беше тоа вчера, ние бевме тие кои делуваа дека се без душа. Ја се чудам како може да трча така човек на 35 години, ко што е Рибери? И кога ќе го споредам со Варан кој е сигурно бар 10 или повеќе години помлад од него... Не знам дали се должи на тоа што лигата им е лесна, рано ја освиле титулата, па одмарале, сигурно и тоа има огромен удел, додека ти оди треси се со Бетис и Виљареал до 90 та минута, мора да има удел и тоа. Или некој допинг земаат, нема трето, да изиграш онака 4 полувремиња ко да си се нашмркал амфос, после цела сезона трчање едноставно не ми е нормално. Ми падна смешно, изведува Рамос аут, ко загари тројца му рипаат на Модрич за секунда, по што нормално овој мора да избие напред.

Друго, спомнав и претходно, вертикалното бранење кај Реал не постои, нит некој праи пресинг, нит пробува да нападне топка, со 3 паса до 16 ник стигаа Бајерн. Мора нешто да се направи по ова прашање.

Иначе Кејлор е бог, ги затна сите што го продаваа.
 
Кај Реал не постои БРАНЕЊЕ воопшто , како дел од фудбалот. Она вчера , а и со Јуве во одбрана беше лакрдија.
Како лесно , пред се од наша десна страна ствараа играч повеќе, на моменти делувавме како против Хофенфајм да играа.
Мислам ок, ајде Лукас го става бек па се губи ... ама што кој к.. па Лукас принудно бек да ти игра при здрав-прав Начо?!

Зидан со некои глупости што ги направи , и против Јуве а и против Барен вчера , не заслужи во финале да пројде ама ајде... толку беа и Јуве и Барен кадарни да не казнат! :icon_lol:
 
Не може да го стави Начо со два изработени тренинга после месец дена пауза.
 
Не може да го стави Начо со два изработени тренинга после месец дена пауза.

Да бе тој нешто повреден беше до скоро.

А што беше работата прво полувреме , нешто почна да се загрева , за кај го планираше Зидан , па се предомисли?
 
Да бе тој нешто повреден беше до скоро.

А што беше работата прво полувреме , нешто почна да се загрева , за кај го планираше Зидан , па се предомисли?
За Варан..се пожалил на болки ама стегнал заби и изигра до крај..

Иначе точно е дека немаме никакво бранење, и дека предност ќе ни биде за финалето тоа шо немаме предност од претходна утакмица, па ќе играме ваљда добро, и напаѓачки..

Пошто на сите утакмици првата ја изиграме одлично, а втората при поволен резултат, едноставно не знаеме што да правиме..

И да, Зидан кога веќе отиде да се брани..па на 2-1 резултат и 2 позитива се става Касемиро у игра и тогаш се игра дефанзивно..а он на 2-1 почна да ја игра нивната игра на бркање, и нормално резултираше со гол, кој им донесе шанса за пласман...

Очекувам победа у финале, само ради тоа шо кажав порано, дека нема да браниме резултат , и дека предност ни е шо е еден меч...
а негативна страна е шо играчите се однесуват како да играат 1/16 финале копа дел реј, а не 1/2финале и шанса да се направи нешто што најверојатно до дека сме живи нема да го видиме..3 заредом...и затоа треба(ше) да се зема нов играч кој ќе има мотивација и ќе кине..овие некако се уклопуваат сите у сивилото...

(подолг пост да активираме и форумот, не само фб групата :D )
 
31749624_1623737751066870_5668732209331175424_n.jpg

Нов договор за Бенз Дајмонд Бој..:свиркам::свиркам::свиркам:
 
Ај вака со ладна глава како прво, премногу експерименти/глупости направи Зидан вчера со стартниот состав. Лука играше крило, Васкез десен бек, Ковачич необјасливо влезе место Касемиро итн. Не можеш да стартуваш ваков меч без Касемиро, колку и да е надвор од форма и не можеш да одиш на десен бек со Лукас Васкез. Кога веќе ни се повредени првата и втората опција за таму, а третата не доаѓа во предвид подобро да го ставеше Ваљехо или евентуално да ризикуваше со Начо по секоја цена отколку пола стартен состав да игра надвор од природна позиција. Поентата ми е подобро еден играч надвор од позиција(или недоволно заздравен) отколку цел тим да е измешан како вчера.
Друга работа, на средината, каде што имаме за класа подобри играчи не уништија буквално, како во Минхен така и во Мадрид. Дури и срамно беше на моменти, една топка асално не изнесовме. Модрич во Минхен игра АМ, а во Мадрид десно крило. Кои ти се тие експерименти во полуфинале ЛШ бе. :tapp:
Све на све од 180 минути, дали 15-тина бевме во иницијатива. Баерн поштено не надигра и тоа рака на срце без пола стартен тим. Срамно издание на Зидан, со еден куп катастрофални одлуки, има точно 0% заслуги за тоа што поминавме во двомечов.
Да не испадне дека само го критикувам, Кејлор вчера беше убедливо најдобриот поединец, прав пантер. Заедно со Бенз кој беше одличен.
Рамос и Модрич исто така изиграа за чиста 10-ка со срце и за тимот. Посебно Лука, човекот на 33 години се откорна од трчање по коњот Алаба, и тоа потполно надвор од својата позиција. Легенда! :bravobe:
 
можеби најтешкото финале од овие 4 во последниве 5 години, поради напаѓачката игра на Ливерпул и катастрофалната одбрана на Реал...на Ливерпул одбраната не е ништо подобра, но доколку Роналдо не проработи во финале, тешко нас..
 
Зидан е крив. Перез исто. Оставка на сите со се Заев. 3 финалиња во 4 години. Срамови.
 
Туку ако ги тепаме сливерпул би имале скор од 7 титули во последните 20 години :shook:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom