Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе лета друже ако не освоиме ни една титула... а куп или ЛШ ќе улета нешто
Куп може и тоа ваљда ќе му биде единствената сламка за спас.
ЛШ шанса нема. Немаме во екипа човек гол што ќе даде. Минатата сезона освоивме зашто Роналдо влезе во beast mode минатата сезона и ја носеше цела екипа на грб. Сезонава нема да го повтори тоа, а не гледам кој друг освен него би ја преземал таа одговорност. Бензема и Бејл сигурно нема да бидат тоа, а од средњаците такво нешто не можеш да очекуваш.
 
^
За ЛШ неможеме сеа да кажеме за сигурно дека нема шанса да се освои пошто најбитна ќе ни биде формата после Март месец, а дотогаш све бива. И мотивацијата е друга за ЛШ и за Џирона...

Ќе видиме ама Ла Лига со ваков пристап тешко ептен.
А Барса нели послаби без Гејмар незнам ти што, од 30 , 28 бода до сеа :eek:
 
После некупувањето на ниту еден ѕвезден играч, беше за очекување ваква сезона, но не залажаа доминантните натпревари во суперкупските финалиња против Јунајтед и Барса.

Тоа е главната причина што тимот е срање, не научивме од нашите грешки, не научивме од грешките на сите други екипи кои се усраа после јака сезона заради тоа што не го освежија тимот.

Капак беа повредите кои тотално ја размонтираа формата и сликата на екипата.

Знаеме само контри да играме сезонава, а за тоа да успее треба да имаш јака одбрана која нема да прима секакви голови. Откако ни се повредија бековите се измеша целосно концепцијата на играта. Без Карва и Марсело нема доволен пресинг, нема разноликост, нема убоитост. Тактиката е Модриќ и Крос да отидат по страни и да центрираат, а тие што треба да ги добијат центрираните топки се невидливи.

И лани имавме проблем со реализација на почетокот, но овојпат немаме проблем со реализација туку со непостоење на нападот. Буквално не постојат играчите од офанзивата на теренот, не само што не ги погодуваат шансите туку не вршат ни никаков притисок. Роналдо влезе у сезонава ненромално, го пресече тоа суспензијата, сеа го нема. Суперталентов откатко се исече бричејќи ги нозете исто го снема. Бејл и Бензема веќе ги знаеме.

Единствено средниот ред беше на ниво ама и тој од утакмица во утакмица се вклопува во мизеријата на останатите.

Во ЛаЛига ќе останеме само со добри игри против Барса (увек вака испаѓа), а во ЛШ може да се надеваме само на искуство да победуваме, ако се може.
 
Какви титули..Реал оваа сезона единствено што може купот на Шпанија да го освои..Се е политика,Каталонија се заканува со отцепување од Шпанија,па за да не се отцепат сеа Барселона пак ќе биде шампион во Шпанија и Европа..Ќе видите..

Немој да кажете дека не сум ви рекол..Постот го напишав на 23-ти септември..
 
Trojac u veznom redu Real Madrida, Modrić (14)-Casemiro (16)-Kroos (10) je jučer protiv Girone izgubio 40 lopti.

Затоа е добро ко во Англија, само со една топка се игра, а ако избега во публика, ја враќаат. ;)
 
Готово е, од утре кажаа нема тренинг, играчите по дома ќе ги праќале да седат. Багери има планирано да стигнат рано наутро да го урнат тренинг центарот и да се направи масивна хала за играње плејстејшн.

Ден подоцна Сантијаго Бернабе ќе биде преименуван во Пепси Арена и ќе служи за одржување на концерти на тин поп звезди и повремена локација за пикник.

Головите ќе бидат извадени да стоат пред Пепси Арена за малите деца 7 дена да си пуцаат пенали, али со временски лимит, за никогаш да не посакаат професионално да играат фудбал. Секое дете шо ќе пуца пенали повеќе од 10 минути ќе добие шамар и куќен притвор од 24 часа.

По тие 7 дена локалните власти планираат да формулират закон што ќе забрани употреба на зборот "фудбал", со што секој што ќе го прекрши законот добива криминално досие и казна од 500 евра првиот месец, 1000 евра вториот месец, итн.

Секој досегашен фан ќе добие бесплатна терапија на психијатар за да си најде друга занимација како пратење мото крос, крикет или пикадо.

Сите фан клубови ќе бидат затворени, така да искористите ја шансата да се поздравите со најблиските тука на форумов па здравје може ќе се видиме на некој мото собир или ќе гледаме заедно пикадо на плоштад.

Збогум. Ќе ми недостига се, но нема да смеам да кажам на глас. Али кога ќе се погледнеме со насолзени очи на улица, ќе се разбираме без да прозбориме.
 
утре 2-2 и 3+.. 5,40... ставај плата и спии до Мај...

да нема после не ни рече,ова она... :D
 
22886253_955104831295027_6759479978645065818_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom