Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Премногу повредени, тежок период следи за тимот, се надевам дека ќе успееме да го задржиме водството што го имаме во однос на Барселона. Марсело, Пепе, Карвахал, Модрич, Хамес, Бејл и тоа сите што кога би биле здрави би играле прв тим.
 
За Модриќ не било сериозно, би требало да се врати за 10 дена (значи со Селта лигашката), за Марсело останува 1 месец пауза.
Кога сме кај Марсело, нека се јави тој што летоска викаше дека Коентрао бил супер замена, не требало да се купува нов лев бек. Треба ова лето и лев и десен бек (Коентрао и Данило шут карта), како и стопер, со оглед на тоа што најверојатно на Пепе нема да му биде продолжен договорот. Само не знам што ќе биде со Бензема, него му истекува во 2018та.
 
Хесус Ваљехо доаѓа лепи, ради тоа не запнаа по Пепе или некој нов да доаѓа.
 
Роберто Карлос да влезе најпаметно ќе биде, и онака е дел од клубот.
 
За Модриќ не било сериозно, би требало да се врати за 10 дена (значи со Селта лигашката), за Марсело останува 1 месец пауза.
Кога сме кај Марсело, нека се јави тој што летоска викаше дека Коентрао бил супер замена, не требало да се купува нов лев бек. Треба ова лето и лев и десен бек (Коентрао и Данило шут карта), како и стопер, со оглед на тоа што најверојатно на Пепе нема да му биде продолжен договорот. Само не знам што ќе биде со Бензема, него му истекува во 2018та.
@ТетексФан :D

Иначе мислам дека ќе си идат и двајцата летово, и Коентрао и Данило. Првиот зашто нема што да бара веќе во Реал, а вториот зашто публиката воопшто не го сака, на дуелот против Малага не играл зашто Зидан сакал да го заштити од домашните навивачи.
Мислам дека летово ќе ни биде бурно во поглед на трансфери, со оглед на тоа што очекувам неколку фудбалери да си идат, а и со оглед на тоа дека во последните неколку трансфер периоди сме "тивки" на пазарот. Ќе има некој бомбастичен трансфер летово, мој тип Хазард или Дибала.
 
Единствена ѕвезда која може да си оди за да би се ослободило место за доведување на друга ѕвезда е Бензема. На сите останати веќе им е продолжен договорот. Хазард би му го зафаќал местото на Роналдо, Дибала на Бејл. Ма да ја поише би чекал да видам дали Зидан воопшто ќе остане тренер. Не дека има причина да биде отпуштен, ама сепак.
 
Па Азар место Роналдо (истрошен е), а Дибала место Бејл ( се повредува често и презаситен е од титули).
Карим... не го дирај :D
 
1455105385_dcc76d156f51421c03417d20.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom