Купување на Верати или рандом друг играч од таа позиција кој по default ќе треба да е првотимец може да сјебе многу работи.
Сезонава се уверивме дека и со Крос и Модриќ уиграни можеме да бидеме добри на средина. Ни треба само резерва за еден од нив двајца во случај на потреба од тоа и за ротација. Иљара требаше да биде тоа, ама ништо од неговиот потенцијал. Затоа би сакал таму да земат некој „обичен“ средњак од типот на Кржовијак, Шнајдерлин, Кашмеиру... кој би бил употребен и доколку играме против појак противник, против кого треба да се браниш а не да наметнуваш игра.
Ова бразилчево или пак Иљараменди се доволни за четврта опција на тој дел од теренот.
Одбраната нема што да се менува. Купувањево на Данило е најнепотребниот потег од купувањето на Навас. Карвахал и така даваше 130% од себе не му е потребна конкуренција да се подобри (ко што му е потребна на Бале на пример....) Концентрао кога му се игра е еден од најбољите леви бекови у светот, ама тој е тотална енигма, сепак би го оставил во тимот. Арбелоа би сакал да остане, се имаат со Бенитез, се надевам дека ќе го остави макар и не играл.
Шиткање на Бејл ( и Иљараменди можеби) би била идеална ситуација. Фрли го на некој премиерлигаш за 70 миљони и фалачаопријатно. На негово место никој друг него Черишев. Ако брадичево игра со крила, овој е ко создаден за него, не би сакал да го изгубиме, се издвојуваше уште од Кастиља со квалитетот. Зошто да не го вратиме и Каљехон ако сака да биде резерва, каков таков беше една од најиделните алтернативи на крило што сме ги имале минативе години. Какви Хазарди, Стерлинзи и остали непотребни авантури...
Напред, не знам, пак мислам дека Бензе не е тоа исто теле и дека ако не му е уште дојден паметот барем не е толкава флегметина, затоа не би со Кун или некој првокласен шпиц.
Според мене идеално би било:
Де Геа / random втор голман
Дани/Арбелоа - Рамос/Начо - Варан/Пепе - Марсело/Коентрао
Крос/Силва - Модриќ/нов играч
Иско/Хесе ------ Џамес/Черишев
Роналдо/млад играч - Бензема/искусна измена (Бербатов)
А
реално, ова:
Касиљас/Навас
Данило/Дани - Рамос/нов непотребен стопер - Варан/Пепе - Марсело/нов непотребен бек
Крос/Иљараменди - Модриќ/нов играч
Роналдо/Хесе --- Џамес/Иско --- Бале/ново крило
Бензе/нов
Мислам дека назначувањето на Бенитез нема да е најгулиот потег (впрочем, ко шо реков според мене и не е човекот толку ужасен колку што го прават фановите) и дека ќе се направи некоја глупост и на играчки план...