Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Јас реков дека ви замина најдобриот играч лани и ништо повеќе, ти почнуваш со провокации за подобри клубови. Многу сте напатени изгледа сите овие години.

Види што си напишал прво и после кажувај дека не си провоцирал

Додека рачунавте колку пари од дресови имало, ви отиде најдобриот играч...
 
Абе друже, ако тоа за тебе е провокација тогаш ОК, што да ти кажам. Провокациите ги почна ти кога умеша клубови, со сила се правиш... (знаеш и сам што)
 
Искулирај, и без него ќе ве плеснемо. Што си се засекирал па и ти толку :)
 
Ди Марија ви ја донесе Децима.

Да, и СИТЕ ние го признаваме тоа, ама знаеш шо е финтата?

Финтата е што за Ди Марија до лани 3/4 од муабетите од не-фановите на Реал беа:
„Каде бе Реал со овој Ди Марија?“
„Ди Марија вреди ли вреди 25 милиони? Уште еден преплатен играч од Реал.“
„Овој ко глушец е, ванаби дриблер, само со една нога знае да игра.“
Неговиот квалитет беше омаловажуван од „неутралните“.

И сеа веднаш откако почнуваат шпекулации дека Реал ќе го продава, одма коментарите за Ди Марија се како он е најдобриот играч во тимот, како Реал нема да може без него... впрочем, муабетите се иститие од случајот со Озил лани.
 
За Љоренте имаше на Марка дека го импресионирал на Карло,и дека сакал да го земе во прв тим?
Да, ама тој Љоренте што го пишува горе игра одбрана, тој што го импресионирал Карло е Маркос Љоренте, игра средина и е меѓу резервите.
 
:icon_lol:
,,Сите"... само ти и тој ob1
Никпј не оспоруа дека беше еден од најдобрите, не сфакај провокација, против вас сам играше ? Имаше и многу други кои допринесеа за десеттата. За истата формација ќе фали многу освен да видиме james што ќе го игра а и Крос.

После одреден период ќе видиме. Да не испадне Озил муабет.
 
Ја не би го нарекол Ди Марија најдобар претходната сезона,туку исто толку клучен како Рамос,Модрич и Бејл.Џабе одличните партии на Ди Марија лани ако Бејл не беше ферари и Рамос ако не не извадеше у последен миг во финалето... Е сеа колку ќе фали оваа сезона тоа многу ќе зависи од новиве засилувања.Таму негде после првиот дел од сезоната ќе се види дали ќе жалиме по него... мада ја мислам исто беше и со Озил(и дури поише плачевме тоаш),па после супер си теравме. :D
 
Робен и Снајдер , потоа Гаго и Игуаин , Озил и Ди Марија , дали следните се Крос и Хамес? :D
 
Се накотија “браќава“ од КатаРлонија и Германија. Едвај чекаа нешто да се случи.
Ај оладите, Реал го продаде Ди Мариа, не Барса или Баерн.
 
:icon_lol:
,,Сите"... само ти и тој ob1

Ти/вие па најзапален/и.

Случај 1:
2012
: Крос е боље од Озил
2013, по продажбата на Озил од Реал: Озил го шитнаа еееееј, најдобриот!
2014: Крос е срање, ништо не ни вредеше.

Случај 2:
2014, пред трансферот на Крос
:

@DaniBMW
Алонсо = Швајне
Ди Марија > Крос
Иљараменди < Гетце

@РандомБаернФанРеплицира
Што? ДИ Марија подобар од Крос? Хахахахаха, Крос е најдобар бе братче, новиот Сколс, Мемет Шол и Балак у едно! Ди Марија појма нема!

2014, по трансферот на Крос:
Тони Крос... обичен фудбалер, секоја година искачаат такви.

2014, по евентуалниот трансфер на Ди Марија:
Ете Ди Марија го даваат за 65 милиони! Најдобриот нивни играч! Појак е од Крос нормално! Баерн никад не би дал клучен играч за 30 милиони, никад! Баерн мес ке ун клуб!


----

Ги продава Крос и Манџо за боранија пари, оди да оправа во фан клуб Реал за продажбата на Ди Марија <--- Баерн фан(с).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom